Антонио Вивалди

(Пренасочено од Вивалди)

Антонио Лучо Вивалди (италијански: Antonio Lucio Vivaldi; 4 март 1678, Венеција27 јули 1741, Виена) — познат венецијански свештеник и композитор од времето на барокот, како и познат виолинист. И покрај богатото творештво, останува најзапаметен по низата виолински концерти наречени „Четири годишни времиња“.

Антонио Лучо Вивалди (1678 - 1741

Животопис

уреди
 
Црквата Св. Јован Браговски во која е покрстен Вивалди

Младост

уреди

Вивалди е роден во Венеција, главниот град на Венецијанската Република на 4 март, а истиот ден е и крстен. Не се знае зошто животот на бебенцето бил во опасност, но раното крстување е најверојатно поради неговото слабо здравје, или пак поради земјотресот што го потресол градот тој ден. Вивалдиевото официјално црковно крстување се случило два месеца подоцна. Неговиот татко Џовани Батиста, го научил малиот Антонио да свири на виолина, а подоцна правел турнеи низ Венеција, свирејќи виолина со својот млад син. Џовани Батиста бил еден од основачите на Sovvegno dei musicisti di Santa Cecilia, еден вид на друштво на музичари и композитори. Претседател на друштвото бил Џовани Легрензи. Многу е веројатно првите лекции за компонирање младиот Антонио да ги добил токму од него. Вивалди имал здравствен проблем, наречен стеснување во градите (најверојатно некоја форма на астма). Неговиот здравствен проблем не го спречил да научи да свири виолина, ниту пак да компонира. На возраст од 15 години (1693) започнал да учи да стане свештеник, а во 1703, на возраст од 25 години бил одликуван како свештеник, и набрзо станал познат под името Црвениот Свештеник (Il Prete Rosso, "The Red Priest"), најверојатно поради неговата црвена коса.

Во „Пиета“

уреди
 
Сиропиталиштето „Пиета“

На 1 декември 1703, Антонио Вивалди станал мајстор на виолина (maestro di violino), во сиропиталиштето наречено „Болница на искрена милост“ во Венеција. Во градот имало четири такви установи и нивната цел била да им дадат засолниште и образование на напуштените деца, сирачиња, или деца чии родители не можеле да ги издржуваат. Момчињата учеле занает, и морале да си заминат на возраст од 15 години. Девојчињата, пак, добивале музичко образование, а најталентираните останувале и станувале членови на прочуениот оркестар и хор на сиропиталиштето.

Вивалди за нив ги напишал поголемиот дел од своите концерти, кантати, и црковна музика. До 1716 Вивалди го напишал повеќето од својот музички опус, вклучувачи многу опери и концерти. Во 1705 била објавена првата колекција на негови дела (Raccolta). Во февруари 1711, Вивалди и неговиот татко заминале во Бреша каде неговата композиција за страдањата на Марија, мајката на Исус Христос, била дел од религиозен фестивал. Композицијата звучи како да е напишана во брзање, деловите се едноставни, гледаме повторување на првите три движења во наредните, и целиот текст не е поставен. Како и да е, композицијата ја открива музичката и емоционална длабочина, и е едно од неговите први ремек-дела. Во 1718 година, Вивалди започнал да патува. И покрај неговите чести патувања, болницата му плаќала да пишува по два концерти, месечно, за оркестарот, и да вежба со нив најмалку пет пати кога е во Венеција. На овој начин бил платен за 140 концерти во периодот помеѓу 1723 и 1729 година.

Опери

уреди

Во раниот XVIII век во Венеција операта била најпопуларната музичка форма, и исто така и најпрофитабилна за композиторот. Имало повеќе театри кои се натпреварувале за вниманието на јавноста. Вивалди неславно ја започнал својата кариера како оперски композитор. Неговата прва опера Ottone in villa не била изведена во Венеција, туку во Виченца во 1713. Следната година, станал менаџер на театарот Sant'Angelo во Венеција, каде била изведувана неговата опера Orlando finto pazzo. Сепак, операта не им се допаднала на луѓето, и Вивалди морал да ја затвори после неколку недели прикажување и да ја замени со веќе играна претстава од минатата година. Во 1715 ја претставил Nerone fatto Cesare, со музика од седум различни композитори, од кои тој имал најмногу арии. Овој пат операта била успех и подоцна истата година Вивалди планирал да претстави комплетно своја опера Arsilda regina di Ponto. Операта не ја поминала цензурата, главниот лик Арсилда се вљубува во друга жена, Лисеа, која се претставува како маж. Вивалди успеал да ја помине цензурата следната година, и била изведувана со величествен успех. Во 1716 Вивалди напишал и продуцирал две опери L'incoronazione di Dario и La costanza trionfante degli amori e degli odi. Втората била толку популарна, што била преуредена и повторно прикажувана две години подоцна под името Artabano re dei Parti и била изведена дури и во Прага во 1732. Во следните години Вивалди напишал неколку опери кои биле изведувани низ цела Италија.

Зрелост

уреди
 
Карикатура на Вивалди како „Црвенокосиот свештеник“ од Пјер Леоне Геци, 1723 г.

Во 1717 или 1718, на Вивалди му била понудена престижна позиција во дворот на принцот Филип од Мантова. Вивалди се преселил таму и за време од три години продуцирал повеќе опери, меѓу кои и Tito Manlio. Во 1721 Вивалди заминал во Милано, а следен голем чекор бил Рим. Во Рим неговите опери претставиле нов стил, а новиот папа Бенедикт XIII го поканил да свири за него. Во 1725 се вратил во Венеција, каде во една година напишал четири опери

Старост и смрт

уреди

На врвот на својата кариера Вивалди добивал порачки од европски благородници и царски претставници. Венчалната кантата Gloria e Imeneo била напишана за свадбата на Луј XV. Опус 9, La Cetra, била посветена на царот Карло VI. Вивалди ја имал можноста да се запознае со царот во 1728, кога пристигнал во Трст да ја надгледува изградбата на ново пристаниште. На Карло премногу му се допаднала музиката на Вивалди, и е кажано дека повеќе зборувал со композиторот тогаш отколку со сите негови советници за две години. Му ја дал титулата витез, златен медал, и покана да дојде во Виена. Од друга страна, Вивалди му ја поклонил La Cetra во оригинален ракопис, којшто претставува серија концерти што се скоро комплетно различни од оние објавени под името Опус 9. Во 1730, придружуван од неговиот татко, Вивалди патувал во Виена и Прага, каде била претставувана операта Farnace. Животот на Вивалди, како и животот на многу композитори од тоа време, завршил со финансиски проблеми. Неговите опери во Венеција не привлекувале онолку публика како порано, и не гледајќи излез, Вивалди почнал да продава свои оригинални ракописи на опери, за да собере пари за премин во Виена. Причините за неговото заминување од Венеција се непознати, не се чини дека сакал да го види царот Карло VI, и работи како композитор во неговиот дворец. Набрзо по неговото пристигнување во Виена, Чарлс умира. Така, Вивалди останал без царска заштита и приходи, па морал да продава уште свои ракописи. Умрел на 27 или 28 јули, од внатрешен оган (кој најверојтано бил предизвикан од астмата од која боледувал). Погребан е на 28 Јјули.

Стил и влијание

уреди

Многу од Вивалдиевите композиции одразуваат весела, скоро разиграна бујност, што е во директен контраст со достоинствената сериозност на музиката во барокот. Поголемиот дел од делата на Вивалди се откриени во првата половина на XX век, во Торино и Џенова, а се објавени во втората половина. Музиката на Вивалди е иновативна, им пркоси на традиционалните шеми; тој внел светлина во формалната ритмичка структура на концертот, постојано барајќи хармонични контрасти и измислил нови мелодии и теми. Згора на тоа, Вивалди компонирал музика која ќе биде почитувана од широката јавност, а не само интелектуалното малцинство. Неговата популарност се проширила и до Франција, која била многу независна кога се во прашање музички стилови. Се смета дека Вивалди е еден од композиторите кој ја еволуирал барокната музика во класичен стил. На Јохан Себастијан Бах (Johann Sebastian Bach), длабоко влијаеле делата на Вивалди. Тој превел и обработил многу негови дела, меѓу кои и познатиот „Concerto for Four Violins and Violoncello, Strings and Continuo“.

Посмртен углед

уреди

Делата на Вивалди останаа непознати, дури и неговото најпознато дело, „Четирите годишни времиња“, било непознато во своето оригинално издание. Во раниот XX век, повеќе луѓе се заинтересирале за оживување на делата на овој композитор. Ќе го издвоиме Алфредо Касела (Alfredo Casella), кој во 1939 ја организирал, сега легендарната, Недела на Вивалди, во која некои негови опери биле слушнати за првпат. После Втората светска војна, делата на Вивалди уживаат светска слава. Неговото музичко дело опфаќа:

  • Преку 500 концерти; околу 350 од нив се за соло инструменти, од кои 230 за виолина; другите се за виолончело, обоа, флејта, виола, мандолина, итн. Околу 40 концерти се за два инс== Надворешни врски ==трументи, а околу 30 за три и повеќе интрументи.
  • 46 опери
  • симфонии
  • 73 сонати
  • камерна музика
  • духовна музика
  • Неговото најпознато дело - „Четири годишни времиња“ (Le Quattro Stagioni) од 1723 г.

Надворешни врски

уреди