Италијански концерт

Италијански концерт (правилно: Концерт во италијански стил), BWV 971, е концерт за соло чембало во три става од Јохан Себастијан Бах, компониран во 1735. Делото е издадено како дел од Вежби за клавијатура II, along with the Француската увертира. Италијанскиот концерт е меѓу популарните Бахови дела, нашироко сниман за чембало и пијано.

Трите става се:

  1. Без означено темпо, обично свирен во алегро
  2. Анданте
  3. Престо

Двата живи крајни става во Ф дур во риторнело стил, седат од обете страни на средишниот став во ариозо стил во Д мол.

Иако концертот (кончерто) по дефиниција зависи од спротивставување на улогите на различни групи инструменти во ансамблот, Бах постигнува сличен ефект со употребата на два мануела за форте и пијано наизменично на чембалото. (Бах исто така има транскрибирано вистински италијански кочерти од Вивалди и други (BWV 972-987) за соло чембало (и други за соло органа или педално чембало.)

Партитура од Италијанскиот концерт
Партитура од Италијанскиот концерт