Јежи Дудек

(Пренасочено од Јержи Дудек)

Јежи Хенрик Дудек (полски: Jerzy Henryk Dudek; роден на 23 март 1973, во Рибник) — поранешен полски фудбалер, на позицијата голман.

Полска Јежи Дудек
Лични податоци
Роден на 23 март 1973(1973-03-23)(51 г.)
Роден во Рибник, Полска
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција голман
Повлекување 2011
Младинска кариера
Конкордија Кнуров Конкордија Кнуров
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991–1995 Конкордија Кнуров Конкордија Кнуров 191 (0)
1995-1996 Сокол Тихи Сокол Тихи 15 (0)
1996–2001 Фејенорд Фејенорд 139 (0)
2001-2007 Ливерпул Ливерпул 127 (0)
2007-2011 Реал Мадрид Реал Мадрид 2 (0)
Репрезентација
1998-2009 Полска Полска 60 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Клупска кариера

уреди

Дудек започнал да игра фудбал во екипата на Конкордија Кнуров со 12 година. Шест години подоцна дебитирал за првиот тим на Конкордија во третата лиги, каде поставил рекорд од 416 минути без примен гола.[1]

Во Полска играл уште и за екипата на Сокол Тихи една сезона, пред да ја напушти својата земја во 1996 године и да потпише договор со холандскиот Фејенорд. Со Фејенорд успеал да ги освои Холандското првенство и Суперкупот на Холандије победувајќи го Ајакс со 3-2.

Во летото 2001, Дудек се преселил во Ливерпул, каде набргу станал прв голман на тимот заменувајќи го Сандер Вестервелд. Неговата прва сезона во Ливерпул била одлична, во која со својата одлична форма и одбрани дал голем придонес за второто место на Ливерпул во Премиер лигата, зад Арсенал кој таа сезона ја освоил двојната круна. Исто така Дудек бил номиниран за најдобар голман на Европа заедно со Џанлујџи Буфон и Оливер Кан.[2] Следната сезона, Дудек се опоравил од низата големи грешки во првенствените натпревари, така што и помогнал на екипата да го освои Лига купот со победата над Манчестер Јунајтед со 2-0 во финалето, каде бил избран за играч на натпреварот.

Дудек бил еден од најважните играчи во 2005 година, кога Ливерпул ја освоил Лигата на шампионите. Во финалето против Милан, тој одбранил две големи шанси на Андриј Шевченко во продолженијата, за кој Ливепул се изборил израмнувајќи го резултатот на 3-3 откако губеле со 3-0 на полувремето. По 120 минути игра резултатот останал 3-3, а во пенал серијата Дудек бил јунакот на Ливерпул бранејќи ги пеналите на Шевченко и Пирло, за на крајот Ливерпул да победи со 3-2 по изведувањето на пеналите. Во пенал серијата Дудек ја користел тактиката на Брус Гробелар (поранешен голман на Ливерпул) од 1984 година кога Ливерпул ја победил Рома во финалето на Купот на шампионите 1983-1984, за да ги збуни играчите на Милан при изведувањето на пеналите. Тој станал третиот полски фудбалер кој станал првак на Европа после Збигњев Боњек и Јожеф Млинарчик.

Меѓутоа веќе во следната сезона (2005-2006), Дудек го загубил своето место во почетната постава заради повреда на раката, а неговото место го зазел Пепе Реина. Во следните две сезони во клубот одиграл вкупно само 12 натпревари. Интересно е дека двете одбрани на Дудек против Шевченко се изгласани како најзначаен момент во Лигата на шампионите на сите времиња, пред голот на Зидан во финалето 2002 против Бајер Леверкузен и голот на Солшер во финалето 1999 против Бајерн Минхен.[3]

Пред почетокот на сезоната 2007-2008, 34-годишниот Дудек му се приклучил на Реал Мадрид, но одиграл само 2 првенствени натпревари, заради тоа што прв голман на тимот бил Икер Касиљас.

Репрезентативна кариера

уреди

Дудек го добил својот прв повик за настап во полската репрзентација за пријателскиот натпревар против Русија, но останал неискористена замена. Своето деби го имал во пријателскиот натпревар против Израел во 1998 година. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 2002 година каде Полска била елиминирана во групната фаза. Во квалификациите за Светското првенство 2006 одиграл седум од десет натпревари, но не бил повикан за самиот турнир на кој Полска изборила учество заради слабата минутажа во Ливерпул, а на неговото место дошол Артур Боруч. Навивачите биле шокирани од одлуката на полскиот селектор, а во подготвителниот натпревар против Колумбија, Томаш Кушчак бил директен виновник за еден од примените погодоци во поразот со 2-1, примајќи гол од противничкиот голман после дегажирање на топката.

Титули

уреди

  Фејенорд

уреди

  Ливерпул

уреди

  Реал Мадрид

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди