Оман
Оман (арапски: عمان ‘Umān) или официјално Султанат Оман (арапски: سلطنة عُمان Salṭanat ‘Umān) — држава во Југозападна Азија. Оваа држава се наоѓа во југоисточниот дел од Арапскиот Полуостров и граничи со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на северозапад, Саудиска Арабија на запад и со Јемен на југозапад.
Султанат Оман سلطنة عُمان Salṭanat ‘Umān
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: нема | ||||||
Химна: Поздрав до Султанот |
||||||
Главен град (и најголем) | Мускат 23°36′N 58°33′E / 23.600° СГШ; 58.550° ИГД | |||||
Службен јазик | арапски | |||||
Демоним | Оманец | |||||
Уредување | исламска апсолутна монархија | |||||
• | Султан | Хајтем бин Тарик ел-Саид | ||||
• | Канцелар | Фахад бин Махмуд | ||||
Основање | ||||||
• | Основан имамат[1] | 751 | ||||
• | Независност од Португалија | 1651 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 309,550 км2 (70.) | ||||
• | Вода (%) | н/п | ||||
Население | ||||||
• | проценка за mid 2006 г. | 2,577,000[2] (139-та) | ||||
• | Попис 2003 | 2,341,000 | ||||
• | Густина | 8.3 жит/км2 (219th) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $66.889 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $24,153[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $52.584 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $18,987[3] | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.783[4] висок · 56та |
|||||
Валута | ријал (OMR ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+4) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+4) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .om | |||||
Повик. бр. | 968 |
Оман излегува на два големи водени басени. На југ и на исток се наоѓа Арапското Море додека на североисток се наоѓа Оманскиот Залив. Како дел од територијата на Оман се и ексклавите Мусандам и Мада, одвоени од територијата на Оман со ОАЕ.
Главен град на Оман е Мускат и мнозинското население на државата е со арапско, односно семитско потекло. Службен јазик е арапскиот, официјална религија е исламот и државата е апсолутна монархија.
Историја
уредиОман со векови бил важен трговски центар. Во 1508 година Португалците го заземаат главното пеистаниште, Мускат, и го држат до доаѓањето на Османлиите во 1659 година. Тие се протерани во 1741 година, кога Ахмед ибн Саид ја основа сегашната владејачка династија. На почетокот од 19-от век Оман станува важна регионална сила со поседи во Балуџистан и Занзибар. Од 1891 до 1971 година Оман е британски протекторат.
Географија и клима
уредиОгромна пустина покрива поголем дел од централен Оман, со планински масиви, вклучувајќи ги и северниот и југоисточниот делови од брегот, каде што поголемите градови на земјата се наоѓаат, меѓу кои и Мускат- главниот град.
Климата на Оман е топла и сува во внатрешноста и влажна по должината на брегот. Во текот на изминатите епохи Оман била покриена со океан. Фосилизирани школки постојат во голем број во делови на пустината, подалеку од денешното крајбрежје.
Полуостровот Мусандам, кој има стратешка местоположба во Ормускиот Проток, го дели Оман на два дела, односно ексклавата Мусандам е поделена со територијата на ОАЕ.
Оман има уште една друга ексклава, во внатрешноста на територијата на ОАЕ, позната како Мада. Се наоѓа на половина пат помеѓу полуостров Мусандам и остатокот од Оман. Оваа ексклава покрива околу 75 км2. Границата е решена во 1969 година.
Политички систем
уредиШефот на државата и владата е султанот, кој поставува кабинет наречен „диванс“ кој помага во работата на султанот. Во почетокот на 1990-тите години, султанот воспоставил изборен советодавен совет, за кој малкумина Оманци имале право да гласаат. Правото на глас е за оние над 21 година и било усвоено на 4 октомври 2003 година. Над 190.000 луѓе (74% од оние кои биле регистрирани) гласале за изборот на 84 места во советот.
Две жени биле избрани за пратеничките места. Земјата денес има три жени министри Равија бинт Сауд ал Бусаидија - министер за високо образование, Шарифа бинт Халфан ал Јахјаеја - министер за социјален развој и Раџиха бинт Абдуламир бин Али ал Лавати- министер за туризам. Во Оман нема легални политички партии, ниту пак опозициско движење. Младите Оманци кои се враќаат назад во својата држава од студирањето во странство, реагираат на ваквиот систем во државата и сакаат промени во политичкиот систем заснован на племенските заедници.
Административна поделба
уредиОман е поделен на 11 области („мухафази“) со последната реформа од 2011 г.[5][6][7] Секоја област потоа се дели на вилаети.
Стопанство
уредиНаселение, јазик и религија
уредиОколу 75% од населението се ибади (облик на ислам различен од сунизмот и шиизмот), 17% се шии, а 8% се зикри.
Култура
уредиНаводи
уреди- ↑ http://encarta.msn.com/encyclopedia_761561099_7/Oman.html#s28 Архивирано на 28 октомври 2009 г. Fourth line down from the top of the history section: "In 751 Ibadi Muslims, a moderate branch of the Kharijites, established an imamate in Oman. Despite interruptions, the Ibadi imamate survived until the mid-20th century."
- ↑ „Statistical Year Book“ (PDF). Ministry of National Economy. October 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-03-14. Посетено на 2009-05-18.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Oman“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Области во Султанатот Оман (англиски)
- ↑ Во Оман создадени седум нови административни единици Архивирано на 24 мај 2013 г. (англиски)
- ↑ Создадени седум области, управниците назначени Архивирано на 9 март 2012 г. (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди