Ормуски Проток (персиски: تَنگِه هُرمُز Tangeh-ye Hormoz, арапски: مَضيق هُرمُز Maḍīq Hurmuz) — проток помеѓу Оманскиот и Персискиот Залив. Ова е единствениот излез на Персискиот Залив на отворен океан и една од најважните геостратешки точки во светот. На северниот брег се наоѓа Иран, а на јужниот се сместени Обединетите Арапски Емирати и оманската ексклава Мусандам. Во најтесниот дел, протокот е широк 39 км (21 морска милја).[1]

[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Близок Исток2" does not exist|350px|Ормуски П-к во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Близок Исток2" does not exist]]
Ормуски П-к
Ормускиот Проток и Персискиот Залив
Сателитска снимка на Ормускиот Проток

Низ протокот минува 20% од вкупното количество нафтата во светот и 35% од сите нафтоносни пловила. Поради ова, местото е од големо стратешко значење во меѓународната трговија,[1] и причина за конфликт помеѓу силите, особено САД и Иран.

Протокот за првпат се споменува во поморскиот прирачник „Перипл на Еритрејското Море“ од I век.

Сообраќај

уреди

Поради големата прометност, во Ормускиот Проток се имаат случено повеќе судири на бродови. За да се намали ризикот од вакви катастрофи, протокот е подвоен на две ленти[2] — една за дојдовен и една за појдовен сообраќај. Од нив, едната се наоѓа во омански води, а другата во ирански.

Според Управата за енергетско информирање на САД, во 2011 г. низ протокот поминувале просечно 14 танкери дневно, носејќи 17 милиони барели (2.700.000 м³) сирова нафта. Ова претставува 35% од количеството на нафта што се превезува по морски пат и 20% од целиот нафтен сообраќај во светот. Во извештајот се вели дека 85% од сировата нафта била испорачана во Азија, највеќе во Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Кина.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ормуски Проток“. Светски геостратешки точки во превозот на нафта. Управа за енергетско информирање на САД. 30 декември 2011. Посетено на 14 јануари 2012. (англиски)
  2. „Енциклопедија на Земјата“. Национален совет за наука и животна околина. (англиски)
  • Mohammed Kookherdi (1997) Kookherd, an Islamic civil at Mehran river, III изд: Dubai

Надворешни врски

уреди

26°34′N 56°15′E / 26.567° СГШ; 56.250° ИГД / 26.567; 56.250