Штипско архијерејско намесништво
(Пренасочено од Штипско архиерејско намесништво)
Штипското архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во Македонската православна црква - Охридска Архиепископија најголемото од четирите намесништва во Брегалничката епархија. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Штип, Пробиштип, Свети Николе и реонот на Злетово со околните села. На чело на Штипското архијерејско намесништво се наоѓа Николче Георгиев (сост. 2016).[1][2]
Парохии
уреди- Прва штипска парохија - седиште во Црквата „Св. Никола“. Кон оваа парохија прооаѓа и Црквата „Св. Архангел Михаил Фитијата;
- Втора штипска парохија - седиште во црквата „Св. Илија“;
- Трета штипска парохија - моментално се наоѓа во мирување (сос. 2016);
- Четврта штипска парохија - седиште во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село. Кон оваа парохија спаѓаат црквите од Ново Село, како и градската гробјанска црква „Св. Троица“;
- Петта штипска парохија - се наоѓа во црквата „Св. Климент Охридски“ во познатата населба Сењак;
- Шеста штипска парохија - се наоѓа во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во населбата Баби;
- Седма штипска парохија - моментално се наоѓа во мирување (сос. 2016);
- Осма штипска парохија - моментално се наоѓа во мирување (сос. 2016);
- Штипска приградска парохија - се наоѓа во селото Долани со „Св. Илија“ и „Св. Симеон-Столпник“. Потоа „Св. Јован Крстител“ и „Св. Петка“ во село Љуботен; црквата „Св. Атанасиј“ и манастирот „Св. Пантелејмон“ во село Брест; црквата „Св.Ѓорѓи“ во село Лесковица; црквата „Св. Теодор Стратилат“ и манастирот „Св. Богородица“ во селото Пиперево. Во оваа парохија спаѓаат и селата: Чифлик, Драгоево, Пухче, Софилари, Суво Грло, Горачино, Танатарци, Шопур и Населје, кои немаат свои цркви.
- Горнобалванска парохија - се наоѓа во црквата „Св. Никола“ во село Крупиште. Други храмови во парохијата се: црквата „Св. Јован Крстител“ во село Горен Балван, црквата „Св. Илија“ во село Три Чешми, црквата „Св. Петка“ во село Сарчиево, црквата „Св. Никола“ во село Горно Трогерци и храмовите: „Св. Петка“, параклисот „Св. Илија“, параклисот „Св. Димитриј“, црквата „Св. Кирил и Методиј“, сите во село Судик. Во парохијата гравитираат селата: Криви Дол, Батајне, Сушево и Добрешани кои немаат храмови.
- Карбинска парохија - седиштето се наоѓа во црквата „Вознесение Христово“ во село Карбинци. Други храмови во парохијата се: црквата „Св. Димитриј“ во село Таринци, манастирот „Св. Петка“ во село Калаузлија, црквата „Св. Петка“ во село Кошево, манастирот „Св. Ѓорѓи“ во село Козјак, црквата „Св. Кирил и Методиј“ во село Радање и црквата „Св. Илија“ во село Аргулица.
- Прва пробиштипска парохија - седиште во градската црква „Успение на Пресвета Богородица“. Кон оваа парохија гравитира населбата Калниште и селото Плешенци;
- Втора пробиштипска парохија - седиште во Црквата „Св. Петка“ во село Долни Стубол. Во оваа парохија припаѓаат и селата: Горно Барбарево, Дренак и Стрисовци со цркви и селата Стрмош, Горни Стубол и Долно Барбарево, кои немаат свои храмови.
- Трета пробиштипска парохија - седиште во Црквата „Св. Илија“ во село Добрево. Во оваа парохија припаѓаат и селата: Марчино, Гајранци, Трооло, Лезово и Кундино кои имаат цркви и селата Неокази, Бучиште, Пестришино и Пишица кои сè уште немаат храмови.
- Четврта пробиштипска парохија - седиште во црквата „Св. Пророк Илија“ во село Пуздерци. Во оваа парохија спаѓаат и селата: Куково и Зарепинци, кои немаат храмови.
- Злетовска парохија - се наоѓа во Злетово. Други позначајни храмови во парохијата се: параклисот „Св. Илија“ во Злетово, црквата „Св. Јован Крстител“ во село Древено, црквата „Св. Никола“ во село Шталковица и црквата „Св. Илија“ во село Бунеш. Злетовската парохија ги опфаќа и селата: Рудари, Ратавица и Трипатанци. Селото Лесново со сите негови цркви и манастирот се дел од оваа парохија;
- Прва светиниколска парохија - со седиште во црквата „Св. Никола“ во градот Свети Николе. Старешина на парохијата е протојерејот Јордан Тасев. Други храмови во парохијата се црквата „Св. Стефан“ во Свети Николе, црквата „Св. Никола“ во село Ѓуѓанци, истоимената црква во село Кнежје, црквата „Св. Спас“ во село Гузумелци, манастирот „Св. Недела“ и црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Ранченци, црквата „Св. Спас“ во село Строиманци, црквата „Св. Атанасиј“ во село Патетино и црквата „Св. Богородица“ во село Неманица.
- Втора светиниколска парохија - старешина на парохијата е свештеникот Зоран Мицев. Тука позначајни храмови се: црквата „Св. Спас“ во село Горобинци, црквата „Св. Никола“ во село Сопот, црквата „Св. Димитриј“ во село Преод, параклисот „Св. Спас“ во село Крушица, параклисот „Св. Никола“ во село Малино, манастирот „Св. Богородица“ во село Крушица, западно од Свети Николе, црквата „Св. Спас“ во село Мустафино, црквата „Св. Јован Крстител“ во село Кадрифаково, црквата „Св. Никола“ во село Стањевци, црквата „Св. Никола“ во село Борилово, црквата „Св. Димитриј“ во село Стануловци, црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Амзабегово, параклисот „Св. Богородица“ во село Сарамзалино, параклисот „Св. Ѓорѓи“ во село Орел, параклисот „Св. Петка“ и црквата „Св. Никола“ во село Мечкувци, црквата „Св. Јован Богослов“ во село Богословец и црквата „Св. Богородица“ во село Ерџелија. Во оваа парохија спаѓаат и селата: Коселери, Аџиматово и Црнилиште кои немаат храмови.