Чали

село во Лагадинско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Чили Махала)

Чали или Чали Маало (грчки: Νυμφόπετρα, до 1926 Τσαλή Μαχαλά, Цали Махала[2]) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Чали
Νυμφόπετρα
Чали is located in Грција
Чали
Чали
Местоположба во областа
Чали во рамките на Бешик
Чали
Местоположба на Чали во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 23°19′E / 40.683° СГШ; 23.317° ИГД / 40.683; 23.317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгнатија
Надм. вис.&10000000000000119000000119 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно534
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.572 00
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 34 километри западно од Ставрос и 43 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 119 метри.

Сколари опфаќа површина од 29 квадратни километри.[3].

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Во XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Турци и 75 цигани[4][5].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 286 жители[6]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било преименувано во Сколари.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 78 жители бегалци и со население од 315 луѓе[7], додека во 1940 година селото броело 352 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 572 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 889 жители, во 1971 година имало 753 жители, во 1981 година имало 790 жители, додека во 1991 година имало 832 жители[8] а во 2001 имало 779 жители[9]. Денеска, населението на селото е 609 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 352 572 889 753 790 832 779 609 534
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαλή Μαχαλά -- Νυμφόπετρα
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  6. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  9. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-06.

Надворешни врски

уреди