Бешичко Езеро
Бешичкото Езеро (во постари извори наречено „Бешикско Езеро“; грчки: Λίμνη Βόλβη, Лимни Волви) — езеро во Егејска Македонија (денес во Грција), дел од групата на егејските езера. Се наоѓа на 40 км североисточно од Солун. Водниот слив опфаќа површина од приближно 1.247 км2.Нивото на водата се менува во зависност од сезоната и врнежите. Водата се користи главно за наводнување и риболов. Езерото е сврзано преку реката Дервент со Лагадинското Езеро соседно на запад, со кое образуваат заеднички екосистем.
Бешичко Езеро Λίμνη Βόλβη | |
---|---|
Карта на Бешичко Езеро | |
Подрачје | Солунски округ, Егејска Македонија |
Координати | 40°40′54″N 23°28′02″E / 40.68167° СГШ; 23.46722° ИГД |
Слив | 1,247 км2 км2 |
Сливни земји | Егејска Македонија (Грција) |
Најг. должина | 21,50 км км |
Најг. ширина | 6 км км |
Површина | 70 км2 км2 |
Најг. длабочина | 22,3 м |
Зафатнина | 0,94 км2 км3 |
Надм. височина | 37 м м |
Езерото е наречено по околните населени места: Голем Бешик (Мегали Волви) и Мал Бешик (Микра Волви). По нив е наречена и околната Бешичка Планина.
Општината околу езерото се нарекува Бешик (Βόλβη).
Флора
уредиЕзерото е богато со различни водови фитопланктон. Шумите околу него се дабови, има и повеќе градини со овошја.
Фауна
уредиВо езерото живеат 29 видиви риби,една од нив ендемска. Водоземните се барем 5 видови, а во и околу езерото се среќаваат 34 видови цицачи.Богатството на птици е презентирано со повеќе од 200 видови.Поважни што гнездат се:
- мал воден бик (Ixobrychus minutus; 30 двојки)
- ноќна чапја (Nycticorax nycticorax)
- мала бела чапја (Egretta garzetta)
- пепелава чапја (Ardea cinerea; 90 двојки)
- црвена чапја (Ardea purpurea)
- бел штрк (Ciconia ciconia; 50 двојки)
- лисеста гусковидна патка (Tadorna ferruginea)
- краткопрст јастреб (Accipiter brevipes)
- лисест глувчар (Buteo rufinus)
- мал орел кликач (Aquila pomarina; 1 двојка)
- блатна еја (Circus aeruginosus; 3 двојки)
- џуџест (мал) орел (Hieraaetus pennatus)
- мала барска кокошка (Porzana parva)
- модроврана (Coracias garrulus)
- пепелаво (мало) свраче (Lanius minor)
Исто така езерото е важно место за прехрана на: розов (обичен) пеликан (Pelecanus onocrotalus; макс. 550 двојки) во летото, како и кадрав пеликан (Pelecanus crispus; 50+ двојки) за време на преселба. Зимно време можат да се видат цуцулест нуркач (Podiceps cristatus; 11.000 единки), големо штипче (Podiceps nigricollis; 100+ единки), црвеноглав кожувар (Aythya ferina; 30.000 единки), лиска Fulica atra; 20.000 единки) и понекогаш белоглава патка (Oxyura leucocephala)[1]
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Бешичко Езеро“ на Ризницата ? |
- Страница за езерото
- Водостопанство Архивирано на 4 март 2016 г.
- Сателитска слика на езерото[мртва врска]