Отвори го главното мени

Церово (Гостиварско)

(Пренасочено од Церово (Ростушко))

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на 10 километри од Гостивар, недалеку од патот Гостивар - Кичево. Североисточно селото допира до падините на Бистра, а југоисточно се издига Буковиќ. Има водовод изграден со самопридонес и асфалтиран пат кој води до селото.

ИсториjaУреди

За време на Втората светска војна сите села во околијата беа запалани од страна на балистот Џемо освен Церово, бидејќи тој како дете таму бил говедарче. Во селото постои и училиште кое сега не работи бидејќи во селото нема речиси постојани жители.

ЕкономијаУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Церово живееле 240 жители, сите Македонци.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 19 жители, сите Македонци.[2]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[3]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 240 225 255 186 107 43 13 17 19

РодовиУреди

Церово е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Тримовци (1 к.), староседелци. Старото име им е Печеновци.
  • Новевци (2 к.), староседелци. И на нив старото име им е Печеновци. Со Тримовци порано чинеле еден род. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство).
  • Софевци (2 к.), староседелци.
  • Богдановци (5 к.), староседелци. од родот Богдановци потекнувал познатиот Богдан, за кој се збори дека бил голем јунак и од ништо не се плашел, исто така бил и прв во стрелаштво, тој исто така бил современик и на познатиот Пепо од Ново Село. Во Богдановци ја знаат следната генеологија Спиро (жив на 67 год. во 1946 година) Богдан-Маџо, за понатамошните предци не знаат. Имаат иселеници во Вруток и Сретково.
  • Трпевци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Сретково и во Сомбор (едно семејство).
  • Влкановци (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Ваљево (едно семејство) и во Истанбул (едно семејство).
  • Столевци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тајмиште.
  • Бибовци (3 к.), староседелци. Од нив најпрво се иселиле во Тетово, па од таму во Алексинац (едно семејство).
  • Симјановци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Белград (две семејства).
  • Ивановци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници од Церово во Долна Баница, па од таму во Војводина (едно семејство).
  • Иљовци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Смедерево (едно семејство).
  • Божиновци (1 к.) доселени се од селото Горна Ѓоновица;
  • Спировци (1 к.) стари доселени, доселени се од некое место во Албанија;
  • Десовци (1 к.) доселени се од селото Горно Јеловце, се доселил предокот како домазет.[4]

Општествени институцииУреди

Администрација и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви

Познати личностиУреди

Јове Апостолоски

Редовни настаниУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Повеќето жители се иселени во Гостивар, дел во Скопје и во Србија.

НаводиУреди

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 213.
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 216-217-218-219. 
  5. „Осветена возбоновенета црква „Св. Никола“ во гостиварско Церово“ (македонски). МИА. 16 мај 2009. конс. 2010-04-30. 
  6. светување на новиот храм „Св. Петка“ с. Церово-Гостиварско

Надворешни врскиУреди