Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 2011 година

Финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2011 година било фудбалски натпревар изигран на 28 мај 2011 на Вембли во Лондон кој го одлучил победникот во сезоната 2010–2011 во УЕФА Лигата на шампионите. Победникот го дови Европскиот Шампионски Клупски Куп (Европски Куп). 2011 беше кулминација од 56тата сезона на турнирот, и 19та во ерата на Лигата на Шампиони.

2011 УЕФА Лига на Шампиони Финале
ПрвенствоЛига на Шампиони 2010/11
Датум28 мај 2011
СтадионВембли, Лондон
УЕФА Играч на
натпреварот
Лионел Меси (Барселона)[1]
Навивачите Играч на
натпреварот
Лионел Меси (Барселона)[2]
СудијаВиктор Кашаи (Унгарија)[3]
Гледачи87,695[4]
Временски приликиОблачно
15 °C (59 °F
76% влажност[5]
2010
2012

Финалето беше изиграно помеѓу шпанскиот тим Барселона и Манчестед Јунајтед од Англија, реприза од финалето во 2009 одиграно во Рим, во кое Барселона победи со 2–0. Мечот започна во 19 и 45 БЛТ. Судија на натпреварот беше Виктор Кашаи од Унгарија.[3] Стадионот, новиот Вембли, беше домаќин на првото финале на Европски Куп од неговото отворање во 2007. Стариот Вембли Стадион беше домаќин на финалињата во 1963, 1968, 1971, 1978 и 1992.[6]

Двата тима влегоа во финалето, со 3 освоени титули. Манчестер Јунајтед во 1968, 1999 и 2008; Барселона во 1992, 2006 и 2009. За да стигнат до финалчето, во нокаут фазата Барселоан ги победи Арсенал, Шахтјор Донецк и последно Реал Мадрид во 212тото Ел Класико дерби, додека Манчестер Јунајтед ги победи Марсеј, Челзи и Шалке. Манчестер Јунајтед и Барселона блегоа во финалето така што беа шампиони во нивните домашни лиги (Премиер Лига и Ла Лига, соодветно), но никој не беше шампион во домашниот куп.

Барселона доминираше во натпреварот, победувајќи со 3-1 со головите на Педро Родригес, Лионел Меси и Давид Виља, со што ја обезбдија нивната четврта титула во Лигата на Шампионите.[7] Вејн Руни поентираше за Манчестер Јунајтед за да го иедначи резултатот и да се замине на полувреме со резултат од 1-1.[8]

Понатаму Барселона ќе игра против Порто, победниците од 2011 УЕФА Европа Лига, во 2011 УЕФА Супер Куп во Монако на 26 август 2011,[9][10] и исто така ќе влезе во полуфиналето на 2011 ФИФА Светско Клупско Првенство во декември 2011.

Заднина

уреди

Оригиналниот Стадион Вембли беше домаќин на пет финалеиња од Европскиот Куп пред 2011. Финалињата во 1968 и 1978 беа освоени од англиски тимови: Манчестер Јунајтед ја победи Бенфика со 4–1 во 1968 и Ливерпул го победи Клуб Брухе со 1–0 во 1978. Бенфика исто така изгуби во 1963 final, беше победена со 2–1 од Милан, додека Ајакс ја освои својата прва од трите последователни титули во Европскиот Куп на Вембли во 1971, победувајќи го Панатинајкос со 2–0. Во финалето во 1992, шпанскиот клуб Барселона ја победи Сампдорија со 1–0 во последниот натпревар во Европскиот Куп, затоа што наредната сезона беше претставен моменталниот формат на Лигата на Шампиони.

Првпат отворен во 1923, стадионот беше познат како Империјален Стадион. Истата година, тој беше домаќин на Финалето во ФА Купот, кога скоро 200 000 гледачи присуствуваа на натпреварт помеѓу Болтон Вандерерс и Вест Хем Јунајтед. Вембли беше домаќин на сите натпревари на Англија на Светскотп првенство во фудбал 1966, вклучувајќи ја и победата од 4–2 против Западна Германија во финалето, и на УЕФА Евро 1996. Оригиналниот стадион беше затворен во 2000 и уништен три години подоцна, за да биде заменет со арена со капацитет од 90 000, кој беше отворена во 2007.[6]

Натпрварот беше реприза од финалето кое беше изиграно пред 2 години, кое Барселона го победи со 2-0 во Рим. Јунајтед и Барселона ја имаа освоена Лигата на Шампиони трипати, пред ова финале. Јунајтед тоа го направи пред 3 години против Челзи, Баерн Минхен во 1999, и Бенфика во 1968. Барселона ја освои нивната титула, против Сампдорија на Вембли. Тие ја освоија нивната втора титула во 2006, победувајќи го Арсенал со 2–1 во Париз. Последната титула за Барселона беше против Јунајтед во 2009, што воедно беше и последно финале за двата тима. Барселона се појавуа во финалето трипати во шест години, додека Јунајтед се појавуаат третпат во четири години.

Патот до Лондон

уреди
Барселона Рунда Мачестер Јунајтед
Тим Нат П Н З ГД ГП ГР Бод
  Барселона 6 4 2 0 14 3 +11 14
  Копенхаген 6 3 1 2 7 5 +2 10
  Рубин Казан 6 1 3 2 2 4 −2 6
  Панатинајкос 6 0 2 4 2 13 −11 2
Групна фаза
Тим Нат П Н З ГД ГП ГР Бод
  Манчестер Јунајтед 6 4 2 0 7 1 +6 14
  Валенсија 6 3 2 1 15 4 +11 11
  Ренџерс 6 1 3 2 3 6 -3 6
  Бурсаспор 6 0 1 5 2 16 −14 1
Противник Резултат Натпревари Нокаут фаза Противник Резултат Натпревари
  Арсенал 4–3 1–2 гости; 3–1 дома Прва нокаут рунда   Марсеј 2–1 0–0 гости; 2–1 дома
  Шахтјор Донецк 6–1 5–1 дома; 1–0 гости Четвртфинале   Челзи 3–1 1–0 гости; 2–1 дома
  Реал Мадрид 3–1 2–0 гости; 1–1 дома Полуфинале   Шалке 04 6–1 2–0 гости; 4–1 дома

Пред-натперевар

уреди

Стадион

уреди
 
Ентериерот на Стадионто Вембли

Стадионот Вембли беше селектиран за стадион за 2011 УЕФА Лига на Шампиони Финалето на митингот на Извшрниот Комитет на УЕФА во Нион, Швајцарија, на 29 јануари 2009.[11] Други стадиони кои беа во игра беа Алијанц Арена во Минхен и берлинскиот Олимпиастадион.[12] Алијац Арената ќе биде домаќин на финалето во 2012.[11] Викендот одлучен од УЕФА за финалето на 2011 Лигата на Шампиони беше оригинално резервиран од Фудбалската Лига како датум за плејофот за Фубалската Лиа, кој традицинално се одржува на Британскиот Бенк празник во мај; но како и да е поради барањата на УЕФА, тие добија ексклузивна употреба на стадионот за финалето, додека плејофот беше прелоциран. Поради обврските во нивниот договор со Фудбалската Асоцијација, Фудбалската Лига бараше компензација.[13] На 21 јануари 2011, како делод заеднички договор плејофите од Лига Еден и Лига Два беа преместени на Олд Трафорд, Манчестер, за да бидат изиграни на 29 мај и 28 мај 2011, соодветно; плејофот од Чемпионшиш не беше презакажан.[14][15] Плејофот од Северната Конференција беше исто така преместен во Манчестер, за да биде изигран на Градскиот Стадион на Манчестер на 21 мај 2011.[16]

Амбасадорот на УЕФА за финалето на 2011 Лига на Шампиони е поранениот напаѓач на Тотенхем Хотспур, Гери Линекер. Во неговата прва должност како амбасадор, на 26 август 2010, Линекер помогна во влечењето на жрепката за групната фаза од натпреварувањето.[17] Линекер подоцна беше вклучен и во претставувањето на дизајнот на финалето во 2011, кое се одржа на Стадионот Вембли на 25 ноември 2010. Домаќин на настанот беше презентерот од Скај Спортс, Ричард Кис, на настанот присуствуваше Директорот за наптреварувања од УЕФА, Џорџо Маркети, поранешниот британски Министер за Спорт и претставник од Градот Лондон Кејт Хоеј, Генералниот секретар од Фудбалската Асоцијација Алекс Хорн, и интернационалката од женската репрезентација на Англија Фае Вајт. Логотоза финалето е во стил на хералдискиот знак и го претставува пехарот на УЕА Лига на шампиони во центарот, опкружен со два лава. Според дизајнерите на логото, Радиант Студиос,засновани во Лондон, лавовите ги претставуаат двата тима кои се натпреваруваат во финалето и ќе се борат за трофејот. Употребата на традиционални елементи во современ стил во дизајнот беше речено дека била инспирирана од модерните британски дизајнери како Вивиен Вествуд и кројачи од Севил Роу.[18][19]

Билети

уреди

Иако Вембли може да собере 90 000 гледачи, капацитетот за Финалето на 2011 Лига на Пампиони беше предивден околу 86 000. Двата тима коишто ќе стигнат до финалето ќе добијат по 25 000 билети секој, додека додатни 11 000 беа пуштени на генерална продажба. Периодот за барање траеше од 24 февруари 2011 до 17:00 ГСВ, 18 март, со тоа што добитниците ќе бидат одбрани случајно пред 6 април.[20][21]

Започнувањето на продажбата на билетите за почна во Лондонската Градска Хала на 17 февруари 2011, на кое се објасни погорниот процес за билети. Настанот исто така се искористи за промовирање на продажбата на билетите, а на нејзе присуствуаа генералниот амбасадор Гери Линекер, неговата партнерка од женското финале, Хоуп Пауел, амбасадорот за УЕФА Фестивали Грем Ле Сокс, Четвртиот вице-претседател на УЕФА, Мариос Н. Лефкаритис, а вице-директорот од Фудбалската Асоцијација, Бери Брајт. Ле Сокс и Пауел ги презентираја првите симболични билети за финалето, доделуваќи му на четири локални ученици.[22]

Топка

уреди

Како во претходните десет финалиња од лигата на Шампиони, почнувајќи од финалето во 2001, топката за натпреварот беше произведена од германската компанија за спортска опрема Адидас. Претставена на 3 март 2011 на Стадионот Вембли, Адидас Финале Лондон, кој беше во дизајн на "Топка со ѕвезди" за да биде соодветен со оној на Лигата на Шампиони. За да биде соодветно со крстот на Св. Џорџ кој го има на знамето на Англија, топката беше бела со црвени ѕвезди, кои во средната се спојуваа во светла портокалова ѕвезда. Технички, топката беше иста со Адидас Финале Мадрид, која беше користена во финалето во 2010.[23]

Отворачка церемонија

уреди

Финалето на 2011 Лига на Шампиони беше официјално отворено на 21 мај 2011, со отворањето на 2011 Лига на Шампиони Фестивал на Спикерс Корнер во Хајд Парк, Лондон. Фестивалот траеше цела недела, којшто водеше до главниот спектакл на Вембли, неколку часови пред започнувањето на натпреварот. Помеѓу атракциите на фестивалот беа и покажувањата на детална историја од Европскито Куп, минијатурни фубалски терени за користење на јавноста и прикажувањето на трофејот.[24]

Пренесување

уреди

Мечот беше прикажан на ИТВ 1 и Скај Спортс во Обединетото Кралство. Во САД, Фокс го прикажуваше финалето вотра година по ред. Услужник за пренос надвор од Обединетото Кралство беше Неп Вижнс.

Во Јужна Америка, Реде Глобо и Реде Бандеирантес го пренесуваа натпреварот за Бразил.

Натпревар

уреди

Резиме

уреди

Прво полувреме

уреди

Барселона го надигра Манчестер Јунајтед, имајќи 68% посед од топката и 22 удари на голот наспроти 4 на Манчестер Јунајтед [25] Планот за игра на Јунајтед беше да постават тела пред нападот на Барселона и да ја држат топката понастрана од нивниот гол кога ти ќе ја имаат топката.[се бара извор] Затоа пак Јунајтед ќе ги користи долгите топки како главен метод на напад. Манчестер започна како подобар противник, со поголем посед на топката и повеќе шанси за гол вопочетните минути. Хавиер Ернандес имаше еден блокиран шут кон голот и еден кој помина над пречката (но во секој случај тој беше во офсајд). Барселона се врати во игра после бавниот старт и создаде неколку шанси. Давид Виља имаше шут од далечина кој помина покрај голот во 19тата минута и уште еден во 21вата, кој беше одбранет од Ван Дер Сар. Барселона поведе во 27мата минута кога Чави го проигра Педро, кој погоди од шеснаесетникот. Се чинеше дека ако Барселона го задржи поседот над топката, таа веќе го доби оцој натпревар со голот. Но како и да е, Јунајтед изедначи седум минути подоцна. После притисокот над Барса, кои се повлекоја длабоко во нивната половина, Вејн Руни доби топка, изигра дупли пас со Рајан Гигс, и ја пласираше топката во аголот од 15 метри. Снимките покажуваа дека Гигс можеби бил во офсајд при моментот н подавање. На крајот од полувремето, Меси упати топка кон Виља, кој не успеа да ја смести во голот од неколку метри. Веднаш по тоа свирчето го означи крајот на полувремето.[25]

Второ полувреме

уреди

Доминацијата на Барселона продолжи во второто полувреме, Меси за малку не ја доведе до водство во 52рата минута која упати удар после одбиената топка од одбраната на Ван Дер Сар на шутот од Дани Алвеш, но Ратрис Евра спаси од линијата со глава. Барселона го презеде водството во 54тата минута кога Меси прими топка и упати во голот од 20 метри. Барселона доминираше и во наредните 15 минути. Меси го помина Рио Фердинанд и упати шут од околу 8 метри, кој беше одбранет од Ван Дер Сар. Во 66тата минута Ван Дер Сар одбрани еден шут од далечина од Чави, а подоцна и еден од Инјеста. Третиот гол беше постигнат во 69тата минута. Давид Виља ја прими топката и од 20 метри пласираше во горниот агол за да го запечати резулатот.[25][26] Јунајтед се обиде да возврати ведан со напад, со тоа што Руни пласираше но топката помина над пречката. Нани во 85тата минута помина низ шеснаесетникот на Барселона и упати шут кој помина покрај голот. Но сепак немаше враќање назад за Јунајтед и Барса комфорно го заврши натпреварот и ја освои нејзината четврта Европска титула и трета во шест години.

Детали

уреди
28 мај 2011
20:45 СЕВ
(19:45 БЛВ)
Барселона   3 – 1   Манчестер Јунајтед Вембли, Лондон
Гледачи: 87,695[4]
Судија: Виктор Кашаи (Унгарија) [3]
Педро   27'
Меси   54'
Виља   69'
Извештај Руни   34'
 
 
 
 
 
 
 
 
Барселона
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Манчестер Јунајтед
Барселона:[4][5]
GK 1   Виктор Валдез   85'
RB 2   Даниел Алвеш   60'   88'
CB 14   Хавиер Маскерано
CB 3   Жерар Пике
LB 22   Ерик Абидал
DM 16   Серхи Бускетс
CM 6   Чави  
CM 8   Андрес Инјеста
RF 7   Дави Виља   86'
CF 10   Лионел Меси
LF 17   Педро   90+2'
Замени:
GK 38   Оиер Олазабал
DF 5   Карлес Пујол   88'
DF 21   Адријано
MF 15   Сејду Кеита   86'
MF 20   Ибрахим Афелај   90+2'
MF 30   Тиаго Алкнтара
FW 9   Бојан Кркиќ
Менаџер:
  Јозеп Гвардиола
 
Манчестер Јунајтед:[4][5]
GK 1   Едвин Ван Дер Сар
RB 20   Фабио   69'
CB 5   Рио Фердинанд
CB 15   Немања Видиќ  
LB 3   Патрис Евра
RM 25   Антонио Валенсија   79'
CM 16   Мајкл Карик   61'   77'
CM 11   Рајан Гигс
LM 13   Парк Жи-Сунг
SS 10   Вејн Руни
CF 14   Хавиер Ернандес
Замени:
GK 29   Томаш Кушчак
DF 12   Крис Смолинг
MF 8   Андерсон
MF 17   Нани   69'
MF 18   Пол Сколс   77'
MF 24   Дарен Флечер
FW 7   Мајкл Овен
Менаџер:
  Алекс Фергусон

УЕФА Играч на натпреварот:
  Лионел Меси (Барселона)[1]
Играч на натпреварот од Навивачите:
  Лионел Меси (Барселона)[2]

Асистенти Судии:
Габор Ерош(линиски) (Унгарија)[3]
Гјорји Ринг (линиски) (Унгарија)[3]
Михали Фабијан (пенал) (Унгарија)[3]
Тамаш Богнар (пенал) (Унгарија)[3]
Четврт судија:
Иштван Вад (Унгарија)[3]
Резервен судија:
Роберт Кишпал (Унгарија)[3]

Статистика

уреди

Прво полувреме[27]
Барселона Манчестер Јуанјтед
Постигнати голови 1 1
Вкупни шутови 8 2
Шутови на голот 3 1
Посед на топка 67% 33%
Корнери 1 0
Направени фаули 2 5
Офсајди 0 4
Жолти картони 0 0
Црвени картони 0 0

Второ полувреме[27]
Барселона Манчестер Јунајтед
Постигнати голови 2 0
Вкупни шутови 11 2
Шутови на голот 9 0
Посед на топка 62% 38%
Корнери 5 0
Направени фаули 3 11
Офсајди 1 1
Жолти картони 2 2
Црвени картони 0 0

Вкупно[27]
Барселона Манчестер Јунајтед
Псотигнати голови 3 1
Вкупни шутови 19 4
Шутови на голот 12 1
Посед на топката 63% 37%
Корнери 6 0
Направени фаули 5 16
Офасајди 1 5
Жолти картони 2 2
Црвени картони 0 0

После натпреварот

уреди

Презентација на трофејот и прослава

уреди

Во добар гест кон нивниот соиграч, Ерик Абидал, кој беше на поткожна операција два месеци порано за да му биде изваден туморот на црниот дроб, му беше дадена честа да ја носи капитенската лента за време на презентацијата на трофејот. Тој беше првиот играч што го крена трофејот. Зборјувајќи потоа, Абидал, кој беше со солзи на лицето, изјави дека многу го цени гестот и зборуваше колку е “специјален“ неговиот тим.[28]

Тренерот на Барселона Јозеп Гвардиола го истакна Меси после натпреварот, велејќи дека Аргентинецот е “најдобар играч кој некогаш го видел“ и дека Меси “ја направил разликата“ на натпреварот.[29] Во меѓу време, тренерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон призна дека Барселона е најдобриот тим со кој тој се соочил некогаш.[30] Неговата изјава ја потврдија и капитенот на Јунајтед Немања Видиќ и одбранбениот играч Рио Фердинанд.[31]

Жерар Пике ја исече мрежата од голот пред навивачите на Барселона на кој Барселона ги постигна двата победнички гола, и го однесе во клупскиот музеј во Камп Ноу. Играчите на Барселона, тренерите и нивните фамилии потота формираа круг на центарот од стадионот и танцуваа. Конфетите на Вембли започнаа тогаш и играчите и тренерите танцуваа под нив.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Хамрт, Сајмон; Мако, Алваро (29 мај 2011). „Ѕвездата Меси ја крена Барселона“. UEFA.com. УЕФА. Посетено на 29 мај 2011.
  2. 2,0 2,1 „Оценина Игачите - Најдобар Играч - Лионел Меси“. UEFA.com. УЕФА. Посетено на 29 мај 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 „Кашаи ќе го суди финалето во Лига на Шампиони“. UEFA.com. УЕФА. 27 мај 2011. Посетено на 28 мај 2011.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Извештај“ (PDF). UEFA.com. УЕФА. 28 мај 2011. Посетено на 28 мај 2011.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Постави“ (PDF). UEFA.com. УЕФА. 28 мај 2011. Посетено на 28 мај 2011.
  6. 6,0 6,1 „Вембли се враќа на сцената“. UEFA.com. УЕФА. 30 јануари 2009. Посетено на 24 март 2010.
  7. „Барселона 3 Манчестер Јунајтед 1“. BBC Спорт. 28 мај 2011. Посетено на 30 мај 2011.
  8. „Барселона 3 Манчестер Јунајтед 1“. Дејли Телеграф. 28 мај 2011. Посетено на 30 мај 2011.
  9. „Календар 2011/2012“. DFB.de (германски). Фермански Фудбалски Сојуз. 24 ноември 2010. Архивирано од изворникот на 2012-06-27. Посетено на 17 април 2011.
  10. „Календар на поважните натпреварувања 2011/2012“ (PDF). LFP.fr (француски). Француски Фудбалски Сојуз. 31 март 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-25. Посетено на 17 април 2011.
  11. 11,0 11,1 „УЕФА ги претстави стадионите за финалињата во 2011 и 2012“. UEFA.com. УЕФА. 29 јануари 2009. Посетено на 23 март 2010.
  12. „Вембли ќе биде домажин на финалето во 2011“. BBC Спорт. Британска Информартиван Агенција. 29 јануари 2009. Посетено на 29 јануари 2009.
  13. „Фудбалската Лига бара компензација бидејќи Вембли е двојно-резервиран“. Тајмс Онлајн. Тајмс Весник. 24 февруари 2009. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 12 септември 2009.
  14. „Олд Трафорд ќе биде домаќин на плејофите од Лига Еден и Лига Два“. BBC Спорт. Британска Информативна Агенција. 21 јануари 2011. Посетено на 21 јануари 2011.
  15. „Плејофите се селат на север“. football-league.co.uk. Фудбалската Лига. 21 јануари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-01-24. Посетено на 21 јануари 2012.
  16. „Плејофот од Блу Сквер преместен во Манчестер“. BBC Спорт. Британска Информативна Агенција. 21 јануари 2011. Посетено на 21 јануари 2011.
  17. „Линекер започна со амбасадорската улога“. UEFA.com. УЕФА. 26 август 2010. Посетено на 25 февруари 2011.
  18. Адамс, Сем (25 ноември 2010). „Претставувањето на дизајнот сè повеќе се фокусира на Вембли“. UEFA.com. УЕФА. Посетено на 25 февруари 2011.
  19. „ВИДЕО: Претставувањето на логото за финалето во 2011“. TheFA.com. Фудбалската Асоцијација. 25 ноември 2010. Посетено на 25 февруари 2011.
  20. „Билетите за фианлето на Вембли се на продажба“. UEFA.com. УЕФА. 17 февруари 2011. Посетено на 26 февруари 2011.
  21. „Заврши продажбата за билетите за финалето на Лигата на Шампиони“. UEFA.com. УЕФА. 18 март 2011. Посетено на 20 март 2011.
  22. Ешби, Кевин (17 февруари 2011). „Започнувањето на продажбаат на тикетите го носи финалето поблиску“. UEFA.com. УЕФА. Посетено на 26 февруари 2011.
  23. Хаслем, Ендрју (3 март 2011). „Финале Лондон претставена на Вембли“. UEFA.com. УЕФА. Посетено на 20 март 2011.
  24. „Хајд Парк ќе биде домажин на Шапионскито Фестивал“. UEFA.com. УЕФА. 25 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-06-07. Посетено на 26 февруари 2011.
  25. 25,0 25,1 25,2 „Врвната класа на Барса им ја донесе титулата“. [ЕСПНсокернет. 28 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 29 мај 2011.
  26. „Без одговор на генијалноста на Барса“. Скај Спортс. БСкајБ. 28 мај 2011. Посетено на 29 мај 2011.
  27. 27,0 27,1 27,2 „Тимска статистика“ (PDF). UEFA.com. УЕФА. 28 мај 2011. Посетено на 29 мај 2011.
  28. Роџерс, мартин (28 мај 2011). „Гест за трогнување после победата на Барса“. Јаху! Спортс. Посетено на 29 мај 2011.
  29. „Гвардиола задоволен од перформансот“. ЕСПНсокернет. 28 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 29 мај 2011.
  30. „Ферги: Барселоан е најдобар тим“. ЕСПНсокернет. 28 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-31. Посетено на 29 мај 2011.
  31. „Видиќ: Барса ја заслужија победата“. ЕСПНсокернет. 28 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 29 мај 2011.

Надворешни врски

уреди