Севил Роу
Севил Роу (англ. Savile Row) е улица во реонот Вестминстер во Централен Лондон, паралелна на Риџент Стрит помеѓу Кондуи Стрит на северниот крај и Виго Стрит на јужниот. Улици кои ја поврзуваат се Бурлингтон Плејс и Бурлингтон Гарденс.
Севил Роу Savile Row | |
Севил Роу | |
Место | Вестминстер, Лондон, Британија |
Насока | север-југ |
Почеток | Кондуит Стрит |
Крај | Риџент Стрит |
Знаменитости | Гивс и Хокс, Харди Ејмис |
Позната по | Малопродажба |
Поминува низ | Централен Лондон |
Улицата е главен центар на традиционално кројаштво по мера. Меѓу славните клиенти можат да се наведат Кралското семејство, Винстон Черчил, Хорацио Нелсон и многу други. Голем број од кројачите се иматели на Кралски Повластици.
Кројачи
уредиКројачки работилници на Севил Роу:
- Гивс & Хокс (бр.1)
- Килгур (бр.8)
- Џаспер Литман (бр.9)
- Деџ Скинер (бр.10)
- Х. Хантсман осн. 1849 (бр.11)
- Озвалд Боатенг (бр.12а)
- CAD и Dandy (бр.13)
- Ричард Андерсон (бр.13)
- Хенри Пул и Др. осн. 1806 (бр.15)
- Нортон & Синови осн. 1821 (бр.16)
- Морис Седвел осн. 1938 (бр.19)
- Велш и Џефрис (бр.20)
- Дејвис и Син осн. 1803 (бр.38)
- Џејмс и Џејмс (бр.38)
- Александар од Лондон (бр.39)
- Комели (бр.13)
Заради големата побарувачка на деловен простор на самиот Севил Роу, низа фирми се сместени веднаш до улицата, во кои спаѓаат Андерсон & Шепард (порано на бр.30, на 32 Олд Бурлингтон Стрит од март 2005), кошуларот „The Savile Row Shirt Company“ и Ид и Рејвенскрофт осн. 1689 (8 Бурлингтон Гарденс).
Севил Роу се протега точно помеѓу две метро станици, Оксфорд Циркус на север и Пикадили Циркус на исток.
Историја
уредиУлицата Севил Роу била создадена со изградбата на Бурлингтоновиот Посед во 1695. Како и Корк Стрит, улиците тука биле именувани од самиот Лорд Бурлингтон - во овој случај, по неговата сопруга Леди Дороти Савил.
Во прво време Севил Роу бил населен од офицери и нивните семејства; меѓу првите кои живееле таму бил и Вилијам Пит Помладиот. За време на 1800-тите, благородништвото почнало да се интересира за педантна облека, по примерот на Бо Брамел (1778–1840). Тој бил клиент на кројачите на Бурлингтоновиот Посед, особено оние околу Корк Стрит, и веќе во 1803 некои кројачки работилници биле сместени на Севил Роу.
Занимливости
уреди- На Севил Роу бр.7 живеел Филеас Фог, јунакот на класикот Пат околу светот за 80 дена од Жил Верн.
Наворешни врски
уреди- Официјалното мрежно место на Здружението на кројачи на Севил Роу (англиски)
- Севил Роу (англиски)
- Расположеност на продавниците Архивирано на 29 март 2007 г. (англиски)