Трстјански Залив

залив во Јадранското Море

Трстјански Залив (италијански: Golfo di Trieste, словенечки: Tržaški zaliv, хрватски: Tršćanski zaljev, германски: Golf von Triest) — мошне плиток залив во Јадранското Море и дел од поголемиот Венецијански Залив на територијата на Италија, Словенија и Хрватска. Од јужната страна се граничи со полуостровот Истра, поделен помеѓу Хрватска и Словенија. Во заливот е сместено целото словенско приморје.

Трстјански Залив
Golfo di Trieste / Tržaški zaliv / Tršćanski zaljev
Трстјанскиот Залив и приморјето
ПодрачјеЕвропа
Сливни земјиИталија, Словенија, Хрватска
Површина&10000000000000550000000550 км2
Прос. длабочина18.7 м
Најг. длабочина37.25 м
Зафатнина9500 км3
Соленост35-38
Населени местаТрст, Копер

Преглед

уреди

Заливот е ограничен со замислена линија imaginary од ’ртот Талјаменто на италијанска до местото Савудрија од хрватска страна. Зафаќа површина од околу 550 км2, со просечна длабочина од 18,7 м, а максимална од 37 м. Нема острови, со исклучок на малите рамни островчиња што ја штитат Градишката Лагуна. На источниот брег се наоѓаат Трст и областа Приморска, чие подрачје се одликува со понерамен терен.

Морската стрија се движи лева насока, при просечна брзна од 0,8 јазли. Плимата и осеката во заливот се меѓу најголемите на Јадранот, но сепак обично не надминуваат 60 см. Просечната соленоста на водата изнесува 37-38, но лете паѓа и под 35‰.

Помали заливи во Трстјанскиот Залив се Панцанскиот, Милјскиот (Муџански), Коперскиот и Пиранскиот.

Во заливот е сместено сето словенечко приморје, чија должина изнесува 46,6 км.[1] Крајбрежни градови (од исток кон запад) на словенечкото приморје се Копер, Изола и Пиран.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Словенија Архивирано на 24 април 2020 г.Светска книга на факти на ЦИА (англиски) посет. 12 февруари 2008 г

Надворешни врски

уреди

45°40′N 13°35′E / 45.667° СГШ; 13.583° ИГД / 45.667; 13.583