Добиток
Добиток или стока — припитомени животни кои се одгледуваат поради нивната работна сила или добиените производи како месо, јајца, млеко, крзно, кожа и волна. Во Македонија, покрај четириножните животни, под „добиток“ официјално се водат и пчелите и живината,[1] иако се сметаат за одделни во секојдневната употреба.
Одгледувањето, одгојот и исползувањето на животните се нарекува сточарство и се практикува во секое општество кое го направило преодот од ловот и собирањето кон земјоделството. Иако може да се разликува зависно од културата и историскиот период, сточарството и денес игра важна улога во стопанскиот и културниот живот на многу народи.
Во понови времиња сточарството добило масовен (фабрички) карактер за да ги задоволи потребите на многубројното население во денешниот свет, но затоа неповолно се одразува врз благосостојбата на животните, животната средина и јавното здравје.[2]
Историја
уредиЧувањето на животни во денешна смисла започнало со појавувањето на трајни населби меѓу првобитните заедници. Иако номандските народи се познати по терање стока заедно со нив, вистинското одгледување започнало дури откако човекот почнал да ја чува стоката во контролирани услови. Овие услови на живот и намерното одбирање на единки извршило темелно влијание врз животниот циклус, физиологијата и поведението на животните. Така, највеќето домашни животни денес не се способни да живеат во дивина.
Едно од првите припитомени животни е кучето, кое станало домашно животно во Европа и Далечниот Исток уште пред 15.000 години.[3] Иако самото не се смета за стока, тоа одиграло битна улога како помагач во понатамошниот развој на сточарството. Козите и овците за првпат се прититомени во Југозападна Азија некаде пред 11.000 до 5.000 години.[4] Свињата е одомаќинета околу 8.500 години п.н.е. на Блискиот Исток[5] и околу 6000 п.н.е. во Кина.[6] Коњот е припитомен 4.000 години п.н.е.[7] Говедата се домашни животни веќе 10.500 години,[8] додека пак кокошката и другата живина станала дел од домаќинствата во 7.000 години п.н.е.[9]
Видови добиток
уредиДобитокот или стоката во поширока смисла се однесува на секој вид или сорта на животно ко човекот го чува за своја издршка, продажба или добивање на производи. Тука се опфатени не само домашните животни, туку и полудомашни или оние кои се диви (неприпитомени), но се одгледуваат во заробеништво за стопански потреби. Некои од полудомашните (полуприпитомените) животни се во тек на припитомување. Следува список на животни кои се чуваат како добиток во разни краишта на светот, заедно со нивните диви предци и нивната корисносност за човекот.
Животно | Припитоменост | Див предок | Одгледувано од | Место на прво одгледување | Корисност | Слика |
---|---|---|---|---|---|---|
адакс | питом | адакс | 2500 п.н.е. | Египет | месо, кожув | |
алпака | питома | викуња | 5000 - 4000 п.н.е. | Анди | влакно, месо | |
балиско говедо | питомо | бантенг | непознато | Југоисточна Азија, Бели | месо, млеко, влеча | |
беломуцест елен | див | беломуцест елен | непознато | Кина | месо, рогови | |
белоопашест елен | див | белоопашест елен | непознато | Западна Вирџинија, Флорида, Колумбија | месо, рогови, кожув, миленик | |
бивол | питом | индиски бивол | 4000 п.н.е. | Јужна Азија | јавање, влеча, месо, млеко | |
бизон | див | — | крај на XIX век | Северна Америка | месо, кожа | |
вапити | диво | лос | 1990-ти | Северна Америка | месо, рогови, кожа, кожув | |
гајал | питом | гаур | непознато | Југоисточна Азија | месо, влеча | |
говедо | питомо | тур | 6000 п.н.е. | Југозападна Азија, Јужна Азија, Северна Африка | месо, млеко, кожа, влеча | |
голем стаорец-трскар | див | голем стаорец-трскар | непознато | Западна Африка | месо | |
големо куду | диво | големо куду | непознато | Јужна Африка | месо, кожув, рогови, кожа, миленик | |
дамчест елен | питом | дамчест елен | непознато | Јапонија, Кина | месо, рогови, кожув, кожа, миленик, туризам | |
ѓерданесто пекари | диво | ѓерданесто пекари | непознато | Бразил | месо, кожа, миленик | |
еланд | питом | обичен еланд, џиновски еланд | непознато | Јужна Африка, Кенија, Зимбабве, Западна Африка | месо, млеко, кожа, кожув, рогови | |
елен | див | — | I век | Велика Британија | месо, кожа, рогови, кадифе | |
елен лопатар | полупитом | елен лопатар | IX век п.н.е. | Средоземје | месо, рогови, кожув, украс | |
зајак | питом | див кунич | 400 - 900 | Франција | месо, крзно, кожа, миленик, истражување | |
зебу | питомо | тур | 8000 п.н.е. | Индија | месо, млеко, влеча, кожув | |
ирвас | полупитом | ирвас | 3000 п.н.е. | северна Русија | месо, кожа, рогови, млеко, влеча | |
јак | питом | див јак | 2500 п.н.е. | Тибет, Непал | месо, млеко, влакно, јавање, самарење, влеча | |
камила | пирома | дива камила | 4000 - 1400 п.н.е. | Азија | јавање, самарење, месо, млеко, влакно | |
капибара | дива | капибара | непознато | Јужна Америка | месо, кожа, миленик | |
коза | питома | дива коза | 8000 п.н.е. | Југозападна Азија | млеко, месо, волна, кожа, лесна влеча, миленик | |
коњ | питом | див коњ | 4000 п.н.е. | Европазиска Степа | јавање, влеча, млеко, месо, миленик, самарење | |
лама | питома | гванако | 3500 п.н.е. | Анди | самарење, влеча, месо, влакна | |
лос | питом | лос | 1940-ти | Русија, Шведска, Финска, Алјаска | месо, млеко, рогови, истражување, влеча | |
магаре | питомо | африканско диво магаре | 4000 п.н.е. | Египет | јавање, самарење, влеча, месо, млеко | |
морско прасе | питомо | планинско морско прасе | 5000 п.н.е. | Јужна Америка | месо, миленик | |
мошусно говедо | питомо | мошусно говедо | 1960-ти | Алјаска | месо, волна, млеко | |
муле | питомо | неплоден мелез од магаре и кобила | јавање, самарење, влеча | |||
овца | питома | ерменски муфлон | 11000 - 9000 п.н.е. | Југозападна Азија | волна, млеко, кожа, месо | |
сахарски орикс | питом | сахарски орикс | 2320 - 2150 п.н.е. | Египет | месо, рогови, кожув, кожа | |
свиња | питома | дива свиња | 7000 п.н.е. | Источна Анадолија | месо, кожа, миленик, истражување |
Сточарство
уредиТрадиционално, чувањето на стока имало за цел да ги задоволи сопствените потреби на поединечните домаќинства: прехрана, гориво, ѓубриво, облека, превоз и влеча. Одгледувањето за месо не било на прво место, бидејќи стопанот гледал да извлече што повеќе додека животното е уште живо — често во облик на волна, јајца, млеко и млечни производи.[10] Добитокот се терал на сезонска испаша, со одредени места со летни на зимски пасишта; во планинските предели, летното пасиште е горе на планините, каде сточарот имал и бачило; зимското пак, е во ниските предели како котлините.[11]
Во денешно време сточарството може да се одвива збиено (интензивно) и разбиено. Разбиеното сточарство се практикува на широки предели каде стоката може да се движи слободно, под надзор на сточарот, кој ја штити од грабливци. Ваков пример се познатите ранчови на Западот на САД,[12] во Јужна Америка, Австралија и други краишта со широки пространства и малку врнежи. Ваквиот систем се користи и во одгледувањето на овци, елени, ноеви, емуа, лами и алпаки.[13] Во другите краишта, животните се тераат на повисоки места кога е потопло, а се внесуваат во штали и кледови преку зимата, каде се потхрануваат со подговтена крма.[14]
Во мошне диви услови во Африка, домашните животни како свињите и живината се пуштаат да се храни сосема самостојно.[10] Во друга крајност, во развиениот свет постојат индустриски капацитети каде стоката се чува на затворено во голема бројност, а фуражата се принесува во хранилишта.[15] Свињите во ваквите места се чуваат во пространи кочини со регулирана температура и не излегуваат надвор;[16] живината се држи во кафези од многу кокошки со вештачко осветлување. Поединечните фарми на ситните и средните стопанственици се занимаваат со полуинтензивно сточарство, каде добитокот е надвор голем дел од годината, а силажата се принесува само за време на студ и суша.[17]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Сточарство“. Државен завод за статистика.
- ↑ Anomaly, Jonathan (2015-11-01). „What's Wrong With Factory Farming?“. Public Health Ethics (англиски). 8 (3): 246–254. doi:10.1093/phe/phu001. ISSN 1754-9973.
- ↑ Larson, G.; Bradley, D. G. (2014). „How Much Is That in Dog Years? The Advent of Canine Population Genomics“. PLOS Genetics. 10 (1): e1004093. doi:10.1371/journal.pgen.1004093. PMC 3894154. PMID 24453989.
- ↑ Chessa, B.; Pereira, F.; Arnaud, F.; Amorim, A.; Goyache, F.; Mainland, I.; Kao, R. R.; Pemberton, J. M.; Beraldi, D.; Stear, M. J.; Alberti, A.; Pittau, M.; Iannuzzi, L.; Banabazi, M. H.; Kazwala, R. R.; Zhang, Y.-p.; Arranz, J. J.; Ali, B. A.; Wang, Z.; Uzun, M.; Dione, M. M.; Olsaker, I.; Holm, L.-E.; Saarma, U.; Ahmad, S.; Marzanov, N.; Eythorsdottir, E.; Holland, M. J.; Ajmone-Marsan, P.; Bruford, M. W.; Kantanen, J.; Spencer, T. E.; Palmarini, M. (2009-04-24). „Revealing the History of Sheep Domestication Using Retrovirus Integrations“. Science. 324 (5926): 532–536. Bibcode:2009Sci...324..532C. doi:10.1126/science.1170587. PMC 3145132. PMID 19390051.
- ↑ Vigne, J. D.; Zazzo, A.; Saliège, J. F.; Poplin, F.; Guilaine, J.; Simmons, A. (2009). „Pre-Neolithic wild boar management and introduction to Cyprus more than 11,400 years ago“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 106 (38): 16135–8. Bibcode:2009PNAS..10616135V. doi:10.1073/pnas.0905015106. PMC 2752532. PMID 19706455.
- ↑ Larson, Greger; Liu, Ranran; Zhao, Xingbo; Yuan, Jing; Fuller, Dorian; Barton, Loukas; Dobney, Keith; Fan, Qipeng; Gu, Zhiliang; Liu, Xiao-Hui; Luo, Yunbing; Lv, Peng; Andersson, Leif; Li, Ning (2010-04-19). „Patterns of East Asian pig domestication, migration, and turnover revealed by modern and ancient DNA“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 107 (17): 7686–7691. Bibcode:2010PNAS..107.7686L. doi:10.1073/pnas.0912264107. PMC 2867865. PMID 20404179.
- ↑ „Breeds of Livestock - Oklahoma State University“. Ansi.okstate.edu. Посетено на 2011-12-10.
- ↑ McTavish, E.J.; Decker, J. E.; Schnabel, R. D.; Taylor, J. F.; Hillis, D. M. (2013). „New World cattle show ancestry from multiple independent domestication events“. Proc. Natl. Acad. Sci. U.S.A. 110 (15): E1398–406. Bibcode:2013PNAS..110E1398M. doi:10.1073/pnas.1303367110. PMC 3625352. PMID 23530234.
- ↑ „History of chickens – India and China“. 2017-06-12.
- ↑ 10,0 10,1 Webster, John (2013). Animal Husbandry Regained: The Place of Farm Animals in Sustainable Agriculture. Routledge. стр. 4–10. ISBN 978-1-84971-420-4.
- ↑ Blench, Roger (17 мај 2001). 'You can't go home again' – Pastoralism in the new millennium (PDF). Overseas Development Institute. стр. 12. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-01. Посетено на 2019-08-10.
- ↑ Starrs, Paul F. (2000). Let the Cowboy Ride: Cattle Ranching in the American West. JHU Press. стр. 1–2. ISBN 978-0-8018-6351-6.
- ↑ Levinson, David; Christensen, Karen (2003). Encyclopedia of Community: From the Village to the Virtual World. Sage. стр. 1139. ISBN 978-0-7619-2598-9.
- ↑ Rebanks, James (2015). The Shepherd's Life. Penguin: Random House. стр. 286. ISBN 978-0141-97936-6.
- ↑ Silbergeld, Ellen K; Graham, Jay; Price, Lance B (2008). „Industrial food animal production, antimicrobial resistance, and human health“. Annual Review of Public Health. 29: 151–69. doi:10.1146/annurev.publhealth.29.020907.090904. PMID 18348709.
- ↑ Meyer, Vernon M.; Driggers, L. Bynum; Ernest, Kenneth; Ernest, Debra. „Swine Growing-Finishing Units“ (PDF). Pork Industry handbook. Purdue University Cooperative Extension Service. Посетено на 17 мај 2017.
- ↑ Blount, W.P. (2013). Intensive Livestock Farming. Elsevier. стр. 360–62. ISBN 978-1-4831-9565-0.
Надворешни врски
уреди„Добиток“ на Ризницата ? |
- Сточарство — портал „Агри“ (македонски)
- Манев, Трајче (2010). Сточарско производство: Учебник за IV година (PDF). Скопје: МОН. ISBN 978-608-226-046-4.[мртва врска]
- Вкупен број на добиток, живина и пчелни семејства, во Македонија, по години — Државен завод за статистика[мртва врска]