Кобила
Кобила[1][2] — возрасна женка на коњ. Во повеќето случаи, кобила е женски коњ на возраст над три години, а ждребица е женка од три години и помалку. Кај чистокрвните коњски трки, кобилата се определува како женски коњ стар повеќе од четири години. Расплодна кобила е кобила што се користи за размножување.
Репродуктивен циклус
уредиКобилите ги носат своите млади (наречени ждребиња) приближно 11 месеци од зачнувањето до ождребувањето (320–370 дена).[3] Обично се ождребува само едно младенче, ретко близнаци. Кога припитомената кобила се ождребува, таа го дои ждребето најмалку четири до шест месеци пред да го одлачи, иако кобилите во дивината може да му дозволат на ждребето да се дои до една година.
Половиот циклус, познат и како „топлина“ на кобилата се јавува приближно на секои 19-22 дена и се јавува од рана пролет до есен. Како што се скратуваат деновите, повеќето кобили влегуваат во анеструсен период во текот на зимата и затоа немаат циклус во овој период. Репродуктивниот циклус кај кобилата е управува од фотопериодот (должина на денот), циклусот првпат се активира кога деновите почнуваат да се продолжуваат. Како што се скратуваат деновите, кобилата се враќа во периодот на анеструс кога таа не е полово приемчива. Анеструсот ја спречува кобилата да остане ждребна во зимските месеци, бидејќи тоа би резултирало со нејзино ождребување во најтешкиот дел од годината, време кога ждребето најтешко би преживеало.[4]
Меѓутоа, за конкурентни цели, на ждребињата им се доделува официјален „роденден“ на 1 јануари (1 август на Јужната Полутопка), а многу одгледувачи сакаат ждребињата да се ождребат што е можно порано во годината. Затоа, многу ергелиња за расплод почнуваат да ги ставаат кобилите „под светла“ кон крајот на зимата со цел да ги извадат рано од анеструсот и да дозволат зачнувањето да се случи во февруари или март. Еден исклучок од ова општо правило се трките на издржливост, кое бара коњите да бидат стари 60 вистински календарски месеци (5 години) пред да се натпреваруваат на подолги растојанија.
Ждребиците се полово зрели на две години и понекогаш се расплодуваат на таа возраст, но општо не треба да се расплодуваат додека не престанат да растат, обично на четири или пет години.[5]
Здрава, добро одгледувана кобила може да се ждреби секоја година до нејзините дваесетти, иако не сите одгледувачи ги парат кобилите секоја година. Дополнително, многу кобили се чуваат за јавање и затоа не се парат годишно, бидејќи кобилата во доцната гравидност или во текот доењето ждребе ги нема истите атлетски стандардни одлики како кобила што не е ниту ждребна ниту дои. Покрај тоа, некои кобили стануваат вознемирени кога се одвојуваат од своите ждребиња, дури и привремено, и затоа е тешко да се управуваат под седло додека нивните ждребиња не се одлачат.
Создавањето на врската помеѓу кобилата и нејзиното ждребе „се случува во првите неколку часа по ождребувањето, но врската на ждребето со кобилата се одвива во период од неколку дена“.[6]
Однесување
уредиКобилите се сметаат за полесни за повелање од пастувите. Некои коњаници сметаат дека кобилите се потешки за повелање. Резултатите од студијата на Факултетот за ветеринарна наука во Сиднеј сугерирале дека жените јавачи имаат родови претпоставки за соодветноста на кобилите, кастрираните коњи и пастувите за различни дисциплини и за различни јавачи и избрале различни и понегативни описи за однесувањето на кобилите и покрај отсуството на научни податоци кои ги потврдуваат претпоставките. Ова може да биде значајно за одгледувањето и благосостојбата на кобилите.[7]
Во дивите стада, „главната кобила“ или „кобилата водач“ го води стадото на пасење, на вода и далеку од опасност. Прво таа јаде и пие, одлучува кога и каде ќе се пресели стадото. Пастувот на стадото обично е во задниот дел и делува како бранител на стадото од грабливци и други пастуви.
Користење
уредиКобилите се користат во сите коњички спортови и обично се натпреваруваат заедно со пастуви на повеќето настани, иако на некои натпревари може да се издвоени. Во коњските трки, кобилите и ждребиците имаат свои трки и само мал процент се натпреваруваат со машки коњи. Како и да е, неколку ждребици и кобили победиле на класични коњски трки.
Во некои култури, кобилите се користат за добивање млеко, особено од номадите и поранешните номадски народи од Средна Азија. Ферментираното кобилешко млеко, познато како кумис, е национален пијалак на Киргистан. Некои кобили, обично од соеви на влечни коњи, во Северна Америка се чуваат за производство на нивната урина. Урината на ждребните кобили е извор на активната состојка во хормоналниот лек Премарин (изведен од Pregnant mares' urine).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „кобила“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кобила“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Ensminger, M. E. Horses and Horsemanship: Animal Agriculture Series. Sixth Edition. Interstate Publishers, 1990. ISBN 0-8134-2883-1 p. 156
- ↑ Ensminger, M. E. Horses and Horsemanship: Animal Agriculture Series. Sixth Edition. Interstate Publishers, 1990. ISBN 0-8134-2883-1 p. 150
- ↑ Ensminger, M. E. Horses and Horsemanship: Animal Agriculture Series. Sixth Edition. Interstate Publishers, 1990. ISBN 0-8134-2883-1 p. 149-150
- ↑ Houpt, Katherine Albro (2002). „Formation and dissolution of the mare–foal bond“. Applied Animal Behaviour Science. 78 (2–4): 319–328. doi:10.1016/S0168-1591(02)00111-9.
- ↑ Fenner, Kate; Caspar, Georgina; Hyde, Michelle; Henshall, Cathrynne; Dhand, Navneet; Probyn-Rapsey, Fiona; Dashper, Katherine; McLean, Andrew; McGreevy, Paul (2019-05-14). „It's all about the sex, or is it? Humans, horses and temperament“. PLOS ONE (англиски). 14 (5): e0216699. doi:10.1371/journal.pone.0216699. ISSN 1932-6203. PMC 6516668. PMID 31086385.