Милица Стојанова (родена на 6 јуни 1932 во Крива Паланка) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[1]

Милица Стојанова
Родена 6 јуни 1932(1932-06-06)(91 г.)
Крива Паланка, Македонија Македонија
Националност Македонка
Позната по улогата во:
Јужна патека
Среќна Нова ‘49
Светлосиво / Птицата Урубу и девица
Деца на сонцето
Прашина
Тетовирање
Исправи се, Делфина
Заборавени
Занимање глумица

Животопис уреди

По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.[2][3]

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1970-ти
1970 Мојсие од малото место ТВ-филм
1970 Вујковиот сон ТВ-филм
1970 Жорж Данден ТВ-филм
1970 Мртва стража ТВ-филм
1971 Мува ТВ-филм
1972 Настан можеби последен ТВ-филм
1973 Недела ТВ-филм
1975 Зар и ти Сотире ТВ-филм
1975 Шути и рогати ТВ-серија
1976 Сослушување на железничарот ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм
1978 Курирот на Гоце ТВ-серија
1980-ти
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1981 Булки крај шините ТВ-серија
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Тумба, тумба дивина ТВ-филм
1982 Јужна патека ТВ-филм
1982 Едно лето ТВ-серија
1982 Илинден ТВ-серија Неда
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1983 Записник ТВ-филм Стефка
1984 Диво месо ТВ-филм Марија
1984 Јуначко колено ТВ-серија Марија Карева
1985 На наш начин ТВ-серија
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1986 Состојба пред инфаркт ТВ-филм
1986 Сонце на дланка ТВ-серија
1986 Среќна Нова ‘49 ТВ-филм Мајката
1987 Трета доба ТВ-серија
1988 Скопски сновиденија ТВ-филм
1988 Втора смена ТВ-серија Бабата на Николче
1988 Марка ТВ-филм
1990-ти
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Бабата
1990-1991 Еурека ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм Мара
1992 Време, живот ТВ-филм
1992 Сили во воздухот ТВ-филм Ната
1992 Хераклеа по втор пат ТВ-филм
1992 Последната македонска елегија ТВ-серија Мајката
1993 Светлосиво ТВ-филм
1994 Пред дождот ТВ-филм Тетка Цвета
1995 Заборавени ТВ-филм Параскева
1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм
1998 Вујко Вања ТВ-филм
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм
1999 Време, живот ТВ-филм Маца
2000-ти
2000 Погрешно време ТВ-серија Милица
2001 Прашина ТВ-филм Доста
2002 Глужд во времето ТВ-филм Елена Митрева
2002 Наше маало ТВ-серија Старицата
2002 Клевета ТВ-серија Мајката
2003 Чекор пред времето ТВ-филм
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2007 Досие-К ТВ=филм Елена Митрева
2007 Елегија за тебе ТВ-филм Марија Солева
2010-ти
2010 Мајки ТВ-филм
2014 Деца на сонцето ТВ-филм Лена
2015 Три дена во септември ТВ-филм Анка
2016 Роденден ТВ-филм
2017 Види ја ти неа ТВ-филм Трпана
2017 Дали би ја погледнала ТВ-филм Бабата

Награди уреди

  • 1973 Артист на годината според анкетата не "Екран"
  • 1981 Награда "13-ноември" за улогата во "Партија реми"
  • Награда "ЈРТ" за Радио улога
  • 1981 Награда за артист на годината според анкетата на "Екран"
  • 1982 Награда за најдобро глумечко остварување на МТФ "Војдан Чернодрински" Прилеп за улога во "Еригот" - Малина
  • 1984 Стериина награда за улогата на "Параскева" во "Дупло дно"
  • 1984 Награда "11-октомври"
  • 2009 Награда Св. "Јоаким Осоговски"
  • Награда "Ристо Шишков"
  • Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
  • Награда за животно дело "11-октомври"
  • 2015 Награда за животно дело "Петре Прличко"
  • 2018 Награда "Голема Ѕвезда"
  • 2022 Награда "Орден" на "Република Македонија"

Наводи уреди

  1. Превези лица - 55 години творештво на глумицата Милица Стојанова (прво. изд.). Скопје: Темплум. 2005.
  2. Narodna i univerzitetska biblioteka "Kliment Ohridski" (1999). Makedonska bibliografija: Statii i prilozi. Skopje: Biblioteka.
  3. „Милица Стојанова, бард на македонското глумиште: Немав право на слабост, се борам со своите внатрешни лавиринти, но имам многу љубов кон животот!“. Слободен Печат. 19.6.2021. Посетено на 12 февруари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски уреди