Соја
Соја | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Бобовидни |
Семејство: | Бобови |
Потсемејство: | Глушини |
Род: | Соја |
Вид: | Соја |
Научен назив | |
Glycine max (L.) Merr. | |
Синоними[1] | |
Соја (науч. Glycine max) — една од најстарите културни растенија што му биле познати на човекот. Според податоците, сојата им била позната на Кинезите уште пред 5.000 години. Исто така културната соја е создадена во Југоисточна Азија (Кина, Кореја, Јапонија) каде што денес се сретнуваат најголем број на културни форми. Од Југоисточна Азија културната соја почнала да се шири во другите делови на Азија пред сè во источните делови на поранешниот СССР, а потоа и во другите делови Грузија, Украина и др. Според пишаните податоци сојата во Европа во XVIII век се одгледувала во ботаничките бавчи. Во Холандија се смета дека сојата е одгледувана пред 1737 година. Поради несоодветната агротехника и непознавањето на употребната вредност, сојата во XIX век во европските земји малку била застапена. Посериозно производство на сојата во Европа започнува во XX век и тоа во: Романија, Бугарија, Чехословачка, Австрија, Југославија и Унгарија. Во САД сојата се појавува во текот на XVIII век на поедини фарми, а во XIX век се испитувала на поголем број на фарми и се опишува како нова култура. Многу фармери ја прифатиле како сточна храна (сено или силажа) како чист посев или во комбинација со други култури. Во XX век се одгледува како култура.
Во Македонија во периодот помеѓу двете светски војни некои крупни понапредни стопани во Прилепско почнале да ја одгледуваат сојата, но поради ниските приноси набрзо била напуштена. Позначајни испитувања направени се во Овче Поле во 1960 и 1961 г. за проширување на сојата на поголеми површини. По подолг период на отсуство, сојата продолжила да се одгледува во земјата, но во поскромни количини. Така, во 2012 г. во Македонија се произведени 717 тони соја.[2]
Морфологија на сојата
уредиКорен
уредиСојата има добро развиен коренов систем. Главниот корен се развива на 10-15 см. во ораничниот слој. На таа длабина коренот се расклонува и се формираат цврсти жили, а главниот корен расте бавно и е тенок, така што тешко се разликува од страничните жили. неки случаи достигнуваат до 2 метри длабочина. Важен дел од кореновиот систем кај сојата се грутковите бактерии (кореновите грутки). Овие бактерии живеат во симбиоза со коренот на сојата, вршат снабдување со неоргански азот од атмосферата и го претвораат во амонијачна форма достапен за растението. За сојата карактеристична врста на бактерии е Bradyrhizobium japonicum. На едно растение може да има и неколку стотини грутки кои воглавно се формираат најмногу во ораничниот слој до 20 см длабочина.
Стебло
уредиКултурните сорти на соја имаат исправено стебло, чија висина зависи од сортата и условите на одгледување и се движи од 30-130 см. Стеблото е зелено, обраснато со влакненца и воглавно разгранато. Дивите видови на соја имаат полегливо стебло и може да достигне должина од 2 метри. На секоја нодија на стеблото се развива лист, кој во својата пазува носи папка која може да се развие како гранка, цвет или да остане неразвиена (заспана папка). Сојата повеќе или помалку грана, во зависнос од сортата и условите на надворешната средина, при што вообичаени се примарните гранки а секундарни многу ретко се формираат.
Лист
уредиПостојат три различни типови на листови кај сојата; првиот чивт се котиледони, вториот чивт се прости и прави тројно сложени листови. Котиледоните се дел од 'ркулецот, по облик валчести или копјести а по боја се жолти или зелени. Простите или примарни листови се развиваат од папките кои се најдуваат во пазувите на котиледоните и секој прост лист има нодија. Сите останати нодии носат тројно сложени листови типични за сојата и се распоредени наизменично. Се состојат од дршка и три лиски. По некогаш може да се случи првите листови да имаат четири, па и седум лиски. За листот на сојата карактеристични се влакненцата. Растенијата со густи влакненца имаат физиолошки и агрономски предности: помалку се изложени на напад од штетни инсекти, поотпорни се на суша.
Цвет
уредиЦветот на сојата се формира во пазувите на лисјето на стеблото и гранките, од основата спрема врвот. Цветовите можат да имаат бела или различни нијанси на љубичеста боја. Сојата цвета сукцесивно што значи на исто растение може да се најдат цветни папки, отворени цветови и мешунки кои се во фаза на наливање. Времето на цветање кај нас зависи од сортата, времето на сеидба и условите на надворешната средина и трае од крајот на месец мај до половината на август. Карактеристично за сојата е што има голем процент на абортивност (опаѓање) на цветовите, односно формира повеќе цветови од мешунки и таа појава до денес не е доволно објаснета.
Мешунки
уредиПлодот на сојата е мешунка, чии број се движи од 2 до повеќе од 20 во едно соцветие, па до 400 на зрело растение. Овој број е обично многу помал поради високиот процент на абортивни цветови. Формата и големината на мешунката варира помеѓу сортата, а во зависност од надворешните услови овие особини се разликуваат и помеѓу мешунките на исто растение. Може да бидат прави, благо свиткани или српесто закривени, долги од 2 см. кај дивата, до 7 см. кај некои културни сорти. Бојата на мешунките може да биде светложолта, темна и црна а должината зависи од бројот на зрната а најчесто се движи од 4 до 6 см. Денешните комерцијални сорти, создадени со селекција, имаат цврсти мешунки и пукаат само во стресни услови, а за дивата соја карактеристично е да мешунките во зрелост пукаат и го расфрлуваат семето.
Зрно
уредиЗрното кај поголем број на комерционални сорти има овална форма а може да ги има сите преодни помеѓу овална па до издолжена форма. Зрното на сојата може да биде; жолта, зелена, темна или црна, вклучувајќи ги сите нијанси меѓу овие бои, а може да биде и двобојно.
Употреба во исхраната
уредиСпоред многу истражувања сојата е комплетен производ и природен лек во спречување на многубројни болестис, на пример, тие што се врзани за холестеролот. Дејствува дури и подобро од лек: некои нејзини белковини ги активираат рецепторите на „лошиот“ холестерол и го подобруваат неговото отстранување. Но, најинтересните ефекти се однесуваат на жените. Во сојата се откриени состојки што се добри во менопаузата: ги намалуваат и ублажуваат типичните тегоби, од бранови на топлина до промена на расположението и несоницата. Билните хормони од сојата ја надополнуваат намалената активност на јајчниците, а со тоа го намалуваат губењето на коскената маса. За тоа е доволно само 50г соја на ден. Сојата е максимално искористена во вегетаријанската исхрана како замена на месо, месни производи, млеко и млечни производи.
ПРЕХРАНБЕНА КУЛТУРА: | Пченка[А] | Ориз[Б] | Пченица[В] | Компир[Г] | Маниока[Д] | Соја[Ѓ] | Сладок компир[Е] | Сирак[Ж] | Јам[Џ] | Готварска банана[Ш] |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Состојка (на 100 г) | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина | Количина |
Вода (гр) | 76 | 12 | 11 | 79 | 60 | 68 | 77 | 9 | 70 | 65 |
Енергија (кЏ) | 360 | 1528 | 1419 | 322 | 670 | 615 | 360 | 1419 | 494 | 511 |
Белковини (г) | 3,2 | 7,1 | 13,7 | 2,0 | 1,4 | 13,0 | 1,6 | 11,3 | 1,5 | 1,3 |
Маст (г) | 1,18 | 0,66 | 2,47 | 0,09 | 0,28 | 6,8 | 0,05 | 3,3 | 0,17 | 0,37 |
Јаглехидрати (г) | 19 | 80 | 71 | 17 | 38 | 11 | 20 | 75 | 28 | 32 |
Влакна (г) | 2,7 | 1,3 | 10,7 | 2,2 | 1,8 | 4,2 | 3 | 6,3 | 4,1 | 2,3 |
Шеќер (г) | 3,22 | 0,12 | 0 | 0,78 | 1,7 | 0 | 4,18 | 0 | 0,5 | 15 |
Калциум (мг) | 2 | 28 | 34 | 12 | 16 | 197 | 30 | 28 | 17 | 3 |
Железо (мг) | 0,52 | 4,31 | 3,52 | 0,78 | 0,27 | 3,55 | 0,61 | 4,4 | 0,54 | 0,6 |
Магнезиум (мг) | 37 | 25 | 144 | 23 | 21 | 65 | 25 | 0 | 21 | 37 |
Фосфор (мг) | 89 | 115 | 508 | 57 | 27 | 194 | 47 | 287 | 55 | 34 |
Калиум (мг) | 270 | 115 | 431 | 421 | 271 | 620 | 337 | 350 | 816 | 499 |
Натриум (мг) | 15 | 5 | 2 | 6 | 14 | 15 | 55 | 6 | 9 | 4 |
Цинк (мг) | 0,45 | 1,09 | 4,16 | 0,29 | 0,34 | 0,99 | 0,3 | 0 | 0,24 | 0,14 |
Бакар (мг) | 0,05 | 0,22 | 0,55 | 0,11 | 0,10 | 0,13 | 0,15 | - | 0,18 | 0,08 |
Манган (мг) | 0,16 | 1,09 | 3,01 | 0,15 | 0,38 | 0,55 | 0,26 | - | 0,40 | - |
Селен (µг) | 0,6 | 15,1 | 89,4 | 0,3 | 0,7 | 1,5 | 0,6 | 0 | 0,7 | 1,5 |
Витамин Ц (мг) | 6,8 | 0 | 0 | 19,7 | 20,6 | 29 | 2,4 | 0 | 17,1 | 18,4 |
Тиамин (мг) | 0,20 | 0,58 | 0,42 | 0,08 | 0,09 | 0,44 | 0,08 | 0,24 | 0,11 | 0,05 |
Рибофлавин (мг) | 0,06 | 0,05 | 0,12 | 0,03 | 0,05 | 0,18 | 0,06 | 0,14 | 0,03 | 0,05 |
Ниацин (мг) | 1,70 | 4,19 | 6,74 | 1,05 | 0,85 | 1,65 | 0,56 | 2,93 | 0,55 | 0,69 |
Пантотенска киселина (мг) | 0,76 | 1,01 | 0,94 | 0,30 | 0,11 | 0,15 | 0,80 | - | 0,31 | 0,26 |
Витамин Б6 (мг) | 0,06 | 0,16 | 0,42 | 0,30 | 0,09 | 0,07 | 0,21 | - | 0,29 | 0,30 |
Фолат - вкуп. (µг) | 46 | 231 | 43 | 16 | 27 | 165 | 11 | 0 | 23 | 22 |
Витамин А (МЕ) | 208 | 0 | 0 | 2 | 13 | 180 | 14187 | 0 | 138 | 1127 |
Витамин Е, α-токоферол (мг) | 0,07 | 0,11 | 0 | 0,01 | 0,19 | 0 | 0,26 | 0 | 0,39 | 0,14 |
Витамин К (µг) | 0,3 | 0,1 | 0 | 1,9 | 1,9 | 0 | 1,8 | 0 | 2,6 | 0,7 |
β-каротин (µг) | 52 | 0 | 0 | 1 | 8 | 0 | 8509 | 0 | 83 | 457 |
Лутеин+зеаксантин (µг) | 764 | 0 | 0 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 30 |
Заситени масни киселини (г) | 0,18 | 0,18 | 0,45 | 0,03 | 0,07 | 0,79 | 0,02 | 0,46 | 0,04 | 0,14 |
Мононезаситени масни киселини (г) | 0,35 | 0,21 | 0,34 | 0,00 | 0,08 | 1,28 | 0,00 | 0,99 | 0,01 | 0,03 |
Полинезаситени масни киселини (г) | 0,56 | 0,18 | 0,98 | 0,04 | 0,05 | 3,20 | 0,01 | 1,37 | 0,08 | 0,07 |
А пченка, слатка, жолта, сирова | Б ориз, бел, долгнавест, обичен, сиров | ||||||||
В пченица, тврда | Г компир, со лупка, сиров | ||||||||
Д маниока, сирова | Ѓ соини зрна, зелени, сирови | ||||||||
Е сладок компир, сиров | Ж сирак, сиров | ||||||||
Џ јам, сиров | Ш готварска банана, сирова |
Наводи
уреди- ↑ „Glycine max“. Енциклопедија на живиот свет. Посетено на 16 февруари 2012.
- ↑ „Производство на соја во Република Македонија“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на 11 март 2015.
- ↑ „Nutrient data laboratory“. United States Department of Agriculture. Посетено на August 10, 2016.