Вегетаријанството е начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови[1]). Тоа подразбира воздржување од консумацијата на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Тоа исто така може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните.

Разни вегетаријански намирници

Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните. Ваквите етички образложенија се кодифицирани под различни верски убедувања, заедно со концептот за правата на животните. Други образложенија за вегетаријанството се поврзани со здравјето, политиката, околината, културата, есететиката или економијата. Со својот познат слоган „месото е убиство” (англиски „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните.

Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Така, ововегетаријанската исхрана вклучува јајца но не млечни производи, алактовегетаријанската исхрана вклучува млечни производи, но не и јајца, а оволактовегетаријанската исхрана вклучува и јајца и млечни производи. Веганската или строгата вегетаријанска исхрана го отфрла конзумирањето на сите животински производи, вклучувајќи ги јајцата, млечните производи, пчелиниот восок и медот. Исто така, веганите избегнуваат производи од животинско потекло како што се кожена облека и маст од гуски која се користи како боја за чевли.

Полувегетаријанската исхрана главно се состои од вегетаријанска храна, но може да вклучува и риба и пилешко месо, а понекогаш и друг вид на месо. Онаа исхрана која содржи риба или пилешко месо, го дефинира месото како месо од цицачи и може да се поистовети со вегетаријанството. Пескотаријанската исхрана се опишува како „риба, но никаков друг вид месо“. Често користената асоцијација помеѓу ваквите видови исхрана и вегетаријанството ги наведе вегетаријанските групи, како што е Здружението на вегетаријанци, да тврдат дека исхраната која содржи вакви состојки не е вегетаријанска, поради фактот што рибите и птиците се животни. Некои поединци можат да се наречат „вегетаријанци” иако практикуваат полувегетаријански начин на исхрана, бидејќи во некои од дефинициите кои постојат во речниците, вегетаријанството се опишува како исхрана која вклучува риба, или вклучува само месо од цицачи како дел од дефиницијата за месо, додека според други дефиниции не се конзумира риба и каков било друг вид на животинско месо. Во други случаи, некои поединци можат да се опишаат како „флекситаријанци”. Овој вид на исхрана може да го практикуваат оние кои го намалуваат конзумирањето на животинско месо како начин за преминување кон вегетаријански начин на живот поради здравствени, етички, еколошки или друг вид на причини.

Макробиотска исхрана е исхраната која главно се состои од зрнеста храна. Во рамките на "ово"-групите постојат многумина кои одбиваат да конзумираат оплодени јајца (јајцата балут анг. balut се екстремен пример). Меѓутоа, ваквата поделеност не е доволно изразена. Исто така, некои вегетаријанци избегнуваат производи кои можат да содржат животински состојки кои не се назначени на нивните етикети. На пример, шеќер кој е избелен со постапка на јагленисување на коски, сирења за кои е употребено животинско сириште (ензими од желудочната мембрана на животните), желатин (добиен од колагенот во внатрешноста на кожата на животното, од коските и од сврзните ткива), некој вид на шеќер од шеќерна трска (но не шеќер од шеќерна репка) и сок од јаболко кој е прочистен од алкохол со желатин или мелени школки и есетра, додека пак други вегетаријанци не се свесни за присуството на вакви состојки или пак не им пречи ваквото присуство.

Различни видови спакувана или обработена храна како што се торти, колачиња, бонбони, чоколади, јогурти и маршмало често содржат непознати животински состојки и можат да претставуваат особен проблем за вегетаријанците поради веројатноста од постоењето на вакви додатоци. Честопати, пред да купат или да конзумираат некој производ вегетаријанците проверуваат дали во него има животински состојки. Меѓутоа, вегетаријанците се разликуваат во односот кон овие состојки. Додека некои вегетаријанци не знаат за улогата на сириштето од животинско потекло во секојдневното производство на сирење, па оттаму и без да знаат го конзумираат производот, други вегетаријанци едноставно немаат ваков проблем.

Термин

уреди

Здружението на вегетаријанци (анг. Vegetarian Society), основано во 1847 година во Манчестер, Велика Британија, вели дека зборот вегетаријанец е изведен од латинскиот збор vegetus што значи жив или енергичен. Спротивно на тоа, англискиот речник на Оксфорд (АРО) и други стандардни речници тврдат дека зборот е создаден од терминот vegetable и наставката –arian. Англискиот речник на Оксфорд пишува дека зборот влезе во општа употреба по создавањето на Здружението на вегетаријанци во Рамсгејт во 1847 година, иако тој нуди два примери на употреба од 1839 година и од 1842 година. Објаснувањето од 1839 година сè уште е предмет на дискусија, но Интернационалната историска група на Здружението на вегетаријанци даде 8 други пишани објаснувања уште пред формирањето на Здружението на вегетаријанци во 1847 година.

Историја

уреди

Според тврдењето на некои научници, нашите човеколики предци цели 24 милиони години живееле како вегетаријанци, сè до леденото доба, кога човекот за да преживее почнал да јаде и животни. Според Библијата, Адам и Ева во Рајот јаделе само овошје.

Веродостојните извори велат дека вегетаријанството како начин на исхрана датира од пред неколку илјади години во Индија, каде и останало вообичаен начин на исхрана, најнапред како спиритуална пракса, позната како ахимса (ненасилство). Во Европа, грчкиот филозоф Питагора, кој живеел кон крајот на 6 век п.н.е. бил поборник на вегетаријанството. Во Питагорејските школи не се јадело месо од убиени животни, а целта била да се создадат универзални закони според кои не би смееле да се убиваат живи суштества, ниту да се јаде нивното месо.

Во средниот век во Европа честото и секојдневно јадење на месо било симбол за богатство и моќ. Сепак, постоеле многу христијански редови кои не практикувале јадење на месо, меѓу кои спаѓаат и Богомилите.

Во 17 и XVIII век, посебно во Велика Британија, за вегетаријанството почнува да се зборува како за исхрана која нуди „здраво тело и здрав дух“. Во 1847 година, овој начин на исхрана го добива своето име „вегетаријанство“ од латинскиот збор vegetus што значи - жив. Таа година, на состанок во англискиот приморски град Рамсгејт е основано Вегетаријанското друштво (Vegetarian Society), кое постои и денес. Во 1880-те години, во Англија постоеле 52 вегетаријански ресторани.

Најраните записи за (лакто)вегетаријанството доаѓаат од древна Индија и од Стара Грција од 5 век п.н.е. На пример, во Азија исхраната била тесно поврзана со идејата за ненасилство врз животните (во Индија наречена ahimsa) и била поддржувана од религиозни групи и филозофи. За Хелените, Египќаните и другите народи, исхраната била наменета за медицински или за ритаулни цели за прочистување.

Индискиот император Ашока барал заштита на фауната:

„Дваесет и шест години по моето крунисување, различни животни беа прогласени за заштитени: папагали, птиците маинас (анг. mainas), аруна (анг. aruna), црвеноглавите гуски, диви пајки, нандимукхас (анг. nandimukhas), гелатас (анг. gelatas), лилјаци, кралски мравки, мали водени желки (анг. terrapins), обезкостената риба, ведарејака (анг.vedareyaka), гангапупутака (анг. gangapuputaka), рибата санкија (анг.sankiya), желки, бодливи прасиња, верверички, елени, бикови, окапинда(анг.okapinda), диви магариња, диви гулаби, домашни гулаби и сите суштества на четири нозе кои не се ниту корисни ниту се за јадење. Оние кози, овци и маторици кои имаат млади или давааат млеко на нивните млади се заштитени, а истото се однесува и за младите кои имаат помалку од шест месеци. Петлите не треба да се скопуваат, лушпите под кои се кријат живи суштества не треба да се горат и шумите не треба да се опожаруваат без причина или со цел да ги убијат суштествата. Животните не треба да се хранат едни со други." - Натписите на Ашока, петти столб

По христијанизацијата на Римското Царство кон крајот на античкиот период, вегетаријанство речиси исчезна од Европа и од другите континенти, освен од Индија. Неколку наредби на монасите во средновековна Европа го ограничија или го забранија конзумирањето на месо од аскетски причини, но никој од нив не го избегнуваше конзумирањето на риба. (Средновековната дефиниција за „риба" вклучуваше животни како што се фоки, морски прасиња, делфини, арктички гуски, морски птици (анг. puffins) и дабари.

Вегетаријанството повторно се појави за време на ренесансата, станувајќи се' пораспространето во XIX и XX век. Првото Здружение на вегетаријанци беше основано во 1847 година во Обединетото Кралство а потоа следеа и Германија, Холандија и други земји. Во 1908 година е основан Меѓународниот вегетаријански сојуз, кој претставува здружение на национални општества.

Популарноста на вегетаријанството порасна во 20 век во западните земји, како резултат на проблеми поврзани со исхраната, етички проблеми, а од неодамна и еколошки и економски проблеми. За популарноста помагаат и продавниците за здрава храна кои се отвораат ширум светот.

Исхрана

уреди

Вегетаријанската исхрана која се практикува во западните земји е особено богата со каротиноиди, но релативно сиромашна со омега-3 масни киселини и витамин Б12. Веганите можат да имаат релативно мало количество на витамин Б и калциум во организамот доколку не јадат доволно производи од типот на штавел, лиснат зеленчук, темпе и тофу(соја). Се смета дека високите нивоа на хранливи влакна, фолна киселина, витамин Ц, витамин Е и магнезиум, како и малото внесување на заситени масти се добрите страни на вегетаријанската исхрана.

Белковини

уреди

Внесувањето на белковини во вегетаријанската исхрана е само малку помало од она во исхраната која вклучува и месо, и може да ги задоволи дневните барања на секој човек, вклучувајќи ги и на спортистите и на телоградителите. Проучувањата направени од Универзитетот Харвард како и други проучувања спроведени во Обединетите Држави, во Обединетото Кралство, во Канада, во Австралија, во Нов Зеланд и во многу европски држави, потврдија дека доколу се достапни и се конзумираат различни растенија, вегетаријанската исхрана обезбедува доволно количество на белковини. Белковините се состојат од аминокиселини и она што често предизвикува загриженост во врска со белковините кои се добиваат од зеленчукот е дали тие имаат доволно количество од неопходните аминокиселини, кои човечкото тело не може да ги синтетизира. Додека млечните производи и јајцата претставуваат доволен извор на белковини за оволактовегетаријанците, неколку зеленчуци имаат значителни количини од сите осум видови на неопходни аминокиселини. Во овие зеленчуци спаѓаат: грав, соја, семе од коноп, семе од кија, штир, хелда, семки од тиква, спирулина, ф’стаци и киноја. Сепак, неопходните аминокиселини можат да се внесат и со јадење на различни комплементарни извори на растенија, кои доколку се во комбинација, можат да ги обезбедат сите осум неопходни аминокиселини. На пример, не е потребна комбинација од кафеав ориз и грав или хумус и цела пита од пченица. Во 1994 година, едно истражување покажа дека разновидна доза од вакви извори може да биде доволна.

Железо

уреди

Вегетаријанската исхрана обично содржи слични нивоа железо како и невегетаријанската исхрана, но ова железо е биолошки понедостапно од она кое се содржи во различните видови месо, и неговата апсорпција понекогаш може да ја попречат другите составни делови на исхраната. Според Вегетаријанската група за ресурси, конзумирањето на храна која содржи витимин Ц, како што е цитрусот , цедените соковите, домати, брокула, е добар начин да се зголеми количеството на железо кое се апсорбира од оброкот. Вегетаријанска храна која е богата со железо влкучува кафеав грав, индиски орев, семе од коноп, темноцрвен грав, брокула, леѓа, овес, суво грозје, спанаќ, зелка, марула, грашок, соја, многу житарки, семки од сончоглед, наут, сок од домати, темпе, меласа, мајчина душица и леб од пченица. Веганската исхрана честопати може да биде побогата со железо од вегетаријанската исхрана, бидејќи млечните производи немаат големо количество на железо. Резервите на железо често се помали кај вегетаријанците отколку кај невегетаријанците, и само мал број на истражувања покажуваат висок процент на недостаток од железо (до 40% и 58% за вегетаријанските и за веганските групи).

Меѓутоа, Американското здружение на диететичари тврди дека недостатокот од железо повеќе не е својствен само за вегетаријанците (возрасните мажи ретко имаат недостаток од железо) и анемијата предизвикана од недостаток на железо е ретка без оглед на исхраната.

Витамин Б12

уреди

Според Националните институти за здравство на Обединетите Држави, витаминот Б12 обично не е присутен во растенијата и природно може да се најде во храната од животинско потекло. Лактоововегетаријанците можат да го добијат витаминот Б12 од млечни производи и од јајца, а веганите од збогатена храна (вклучувајќи некои производи од соја и житарици) и диететски додатоци. Исто така, витамин Б12 може да се добие од производи збогатени со екстракт од квасец. Препорачаната дневна доза на витамин Б12 во САД е 0,4 микрограми (0-6 месеци), 1.8 микрограми (9-13 години), 2,4 микрограми (повеќе од 14 години), и 2.8 микрограми (за доилки). Иако секојдневните потреби на телото за витамин Б12 се многу мали, недостаток на витамин Б12 е многу сериозен и може да доведе до анемија и до трајно оштетување на нервите.

Масни киселини

уреди

Без разлика дали се од растително потекло или пак вегетаријански, изворите на омега 3 масни киселини вклучуваат соја, ореви, семки од тиква, репкино масло, киви, семе од коноп, алги, семе од чиа, ленено семе,семе од ечиум (анг.echium) и лиснат зеленчук како што се зелената салата, спанаќот, зелката и толчницата. Толчницата содржи најмногу омега 3 од која било друга салата. Маслинките (и маслиновото масло) се уште еден важен извор на незаситени масни киселини. Растителна храна може да обезбеди алфа- линоленска киселина која човечкото тело ја користи за да синтетизира долг синџир n-3 масни киселини ЕПА и ДХА. ЕПА и ДХА можат да се добијат директно во огромни количини од мрсна риба или од рибини масла. Вегетаријанците, а особено веганите, имаат пониски нивоа на ЕПА и ДХА од луѓето кои јадат месо. Додека ефектите врз здравјето од ниското ниво на ЕПА и ДХА се непознати, веројатноста дека додатоците кои содржат алфа-линоленска киселина значително ќе ги зголемат нивоата на алфа-линоленска киселина, е мала. Некои компании од неодамна започнаа да рекламираат вегетаријански додатоци ДХА кои содржат екстракти од алги. Почнаа да се појавуваат и слични додатоци кои нудат и ЕПА и ДХА. Сите алги не се погодни како додатоци во исхраната бидејќи нивното високо количество на јод е до дозволената граница. Меѓутоа, некои алги како што е спирулината, се добри извори на гама-линол киселини ГЛА(анг.GLA), алфа-линоленска киселина АЛК (анг.ALA), линоволна киселина ЛК (анг.LA), стеридонска киселина СK (анг.SDA), еикозапентаеочна киселина ЕК (анг.EPA), докозахексаеноична киселина ДК (анг.DHA) и арахидонска киселина АК (анг.АА).

Калциум

уреди

Вегетаријанците и невегетаријанците внесуваат слично количество на калциум. Кај некои вегани кои не конзумираат доволно лиснат зелнчук, кој е извор на изобилство од калциум, беше забележана нарушена минерализација на коските. Меѓутоа, кај лактоововегетаријанците не е забележано вакво нешто. Значајни извори на калциум се: брокулата, гравот, грашокот, леќата, зелката, марулата, штавелот, бок чој (кинеско зелје), кељот и репата. Спанаќот, блитвата и репата се богати со калциум, но калциумот преминува во оксалат и затоа слабо се апсорбира.

Витамин Д

уреди

Потребите од витамин Д можат да се задоволат со доволна и разумна изложеност на човечкото тело на ултравиолетови зраци (УВ) од сончевата светлина. Производите кои вклучуваат млеко, сојино млеко и житарици можат да се зајакнат за да обезбедат витамин Д. Оние кое не се доволно изложени на сонце и/или не внесуваат доволно витамин Д преку храната, можеби ќе имаат потреба од додатоци на витамин Д.

Витамин Д2

уреди

Растенија луцерка (Medicago sativa subsp. sativa: 4.8 μg (192 IU) витамин Д2, 0.1 μg (4 IU) витамин Д3

Габи од базата на податоци за храна УСДА

  • Печурки, портабела, изложени на ултравиолетова светлина, сирови: витаминД2: 11.2 μg (446 IU)
  • Печурки, портабела, изложени на ултравиолетова светлина , печени: витамин Д2: 13.1 μg (524 IU)
  • Печурки, shiitake, сушени: витамин Д2: 3.9 μg (154 IU)
  • Печурки, shiitake, сирови: витамин Д2: 0.4 μg (18 IU)
  • Печурки, portabella, сирови: витамин Д2: 0.3 μg (10 IU)
  • Печурки во прав, каков било вид, изложени на сончева светлина или на вештачки извор на ултравиолетова светлина.

Витаминот Д2 или ергокалциферол е застапен во печурките (со исклучок на луцерката која е растение) и се создава од виостерол, кој се создава кога ултравиолетовата светлина го активира ергостеролот (кој се наоѓа кај печурките и е наречен стерол од ергот). Сите габи, вклучувајќи го и квасецот, произведуваат витамин Б2 кога се изложени на ултравиолетово зрачење. Според едно проучување, биолошката застапеност на витамин Д2 кај човекот од шампињоните со зголемено количество на витамин Д2 преку УВБ зрачење е ефикасна за подобрување на статусот на витаминот Д и таа биолошка достапност не е различна од онаа на додатокот на витамин Д2. На пример, витаминот Д2 од квасецот кој е изложен на ултравиолетово зрачење и кој се користи за правење леб е биолошки достапен. Со визуелно испитување или со хронометар, според степеност на „белост“ не се забележија значителни промени во бојата на печурките кои беа изложени на ултравиолетова светлина, па затоа беше тешко да се открие дали тие беа испитувани без да бидат означени. Се докажа дека една нормална порција (приближно 3 мл, 1/2 чаша, или 60 грама) печурки изложени на ултравиолетова светлина го зголемуваат количеството на витамин Д за околу 80 микрограми, или за 2700 МЕ доколку се изложи на УВ светлина по само 5 минути откако ќе се набере.

Видови вегетаријанство

уреди
  • веганство - строго растителна исхрана (житарици, мешунки, овошје и зеленчук). Целосно ги исфрлаат производите од животинско потекло, па дури и медот.
  • лактовегетаријанство - покрај растителните производи, јадат и млеко и млечни производи.
  • ововегетаријанство - покрај растителните производи, јадат и јајца.
  • оволактовегетаријанство - покрај растителните производи, јадат и јајца, млеко и млечни производи.
  • полувегетаријанство - покрај вегетаријанската исхрана јадат и бело пилешко месо, како и риба, но не јадат црвено месо.
  • песковегетаријанство - покрај растителните производи, јадат и риба. Кај нас овој начин на исхрана е познат како посна исхрана.
  • вегетаријанство со пресна храна - јадат само сирови производи, најчесто од растително потекло (овошје, зеленчук, ореви, семки, студено цедено масло за јадење, мед и житарки) Сметаат дека со готвењето на производите се губи големо количество од витамините, а се создаваат штетни канцерогени материи. Подготвуваат леб кој се „пече“ на сонце.
  • вегетаријанство со здрава храна - макробиотичарите спаѓаат овде, кои јадат храна заснована на цели зрна од житариците. Јадат само органски произведени производи, без пестициди и без вештачко ѓубриво. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано масло и бело пченично брашно.
  • фрутаријанство - јадат само овошје.
  • радикално фрутаријанство - јадат само овошни плодови кои сами паднале на земја.
  • сатвичко вегетаријанство (анг. sattvic diet), позната и како јога-исхрана - исхрана која се заснова на растенија и која може да вклучува млечни производи (но не јајца) и мед, и која го исклучува конзумирањето на какви било зеленчуци од семејството на кромид и праз, црвена леќа, плодовите од големото азиско дрво Duriо, печурки, сини сирења, ферментирани видови храна или сосови, алкохолни пијалаци и честопати го исклучува и конзумирањето на кафе, црн или зелен чај, чоколада, мушкатов орев или каков било друг вид на стимулативни средства, како што се прекумерно острите зачини.
  • будистичко вегетаријанство (анг. Buddhist vegetarianism). Различните будистички традиции имааат различни учења за исхраната, коишто можат и да варираат од едни ракоположени монаси и монахињи до други. Многумина, но не сите, го објаснуваат правилото ,,да не се убива” за да побараат воздржување од јадење на месо. Во Тајван, су вегетаријанството (анг.su vegetarianism) не само што го исклучува конзумирањето на сите животински производи, туку и на зеленчуците од семејството лук( кои имаат карактеристична арома на кромид и лук): кромид, лук, млад кромид, праз, сибирски кромид (анг.chives) или мечкин кромид (анг.shallos).
  • џаинско вегетаријанство (анг. јаin vegetarianism) го вклучува конзумирањето на млечни производи, но не и јајца, мед и коренести зеленчуци.

Здравствени аспекти

уреди

Во едни проучувања направени од возрасните, вегетариајнскиот начин на исхрана, во споредба со невегетаријанскиот начин на исхрана, нуди напредни здравствени придобивки, намалено ниско ниво на дебелина, намален ризик од кардиоваскуларни болести и пониска стапка на смртност. Неколку клинички испитувања потврдија дека различните видови на вегетаријанство го намалуваат крвниот притисок.

Во просек, вегетаријанците за разлика од невегетаријанците, конзумираат помалку калории и масти (особено заситени масни киселини), помалку калории, повеќе влакна, калиум и витамин Ц. Општо земано, вегетаријанците имаат понизок индекс на телесна маса. Овие особености, како и други начини на живот поврзани со вегетаријанската исхрана, можат да придонесат за подобра здравствена состојба, која што и беше забележана меѓу вегетаријанците.

Напорите на научниците од областа на вегетаријанството кои се однесуваат на грижата за адекватноста на исхраната, преминаа во проучување на здравствените придобивки и заштита од болести. Академијата за исхрана и диететика заедно со диететичарите од Канада истакнаа дека во сите фази на животот, соодветно испланираната вегетаријанската исхрана е ,,здрава, доволно хранлива и обезбедува здравствени придобивки при превенција и лекување на одредени болести.’’ Деталните проучувања покажаа дека процентот на смртноста од исхаемични срцеви заболувања кај мажите-вегетаријанци е 30% понизок за разлика од мажите кои не се вегетаријанци, и 20% понизок за разлика од жените кои не се вегетаријанци.

Вегетаријанската исхрана нуди помали количини на заситени масти, холестерол и животински белковини, а поголеми количини на јаглехидрати, влакна, магнезиум, калиум, фолна киселина и антиоксиданси, како што се витамиот Ц, витаминот Е и фитохемикалии.

Вегетаријанците имаат понизок индекс на телесна маса, пониско ниво на холестерол, понизок крвен притисок, помала веројатност од срцеви заболувања, хипертензија, дијабетес тип 2, болести на бубрезите, метаболичен синдром, деменција како Алцхајмерова болест и други нарушувања. Откриено е дека посното црвено месо е дирекно поврзано со зголемениот ризик од рак на хранопроводот, црниот дроб, дебелото црево и белите дробови. Други проучувања покажаа дека не постојат особени разлики помеѓу вегетаријанците и невегетаријанците кога станува збор за смрт од цереброваскуларни заболувања, рак на стомакот, рак на дебелото црево , рак на дојка или рак на простата. Едно проучување во 2010 година направи споредба меѓу група вегетаријанци и невегетаријанци од Адвентистите од седмиот ден, во која вегетаријанците постигнаа пониски резултати на тестовите за депресија и имаа подобри профили на расположение. Односите помеѓу вегетаријанската исхрана и здравјето на коските сè уште остануваат неразјаснети. Според некои проучувања, вегетаријанскиот начин на исхрана може да се поврзе со недостаток на витамин Б12 и со ниска густина на минерали во коските. Меѓутоа, со проучувањето на неколку возрасни вегетаријанци и невегетаријанци во Тајван се докажа дека непостојат особени разлики во густината на минерали во коските на членовите од двете групи. Други проучувања кои ги истражуваа негативните ефекти на животинските белковини врз здравјето на коските велат дека вегетаријанците се помалку склони кон остеопороза од оние луѓе кои внесуваат секаква храна, поради фактот што вегетаријанците имаат повеќе минерали во коските и подобра коскена структура. Проектот Кина-Корнел-Оксфорд, кој претставува дваесетгодишно поучување кое го извршуваше Универзитетот од Корнел, Универзитетот од Оксфорд и владата на Кина, покажа дека постои поврзаност помеѓу конзумирањето на производи од животинско потекло и различни хронични заболувања, како што се коронарна срцева болест, дијабетес, рак на дојката, рак на простатата и рак на дебелото црево.

Долговечност

уреди

Една метастудија од 1999 година ги поврза податоците од пет различни проучувања направени од западните земји. Метастудијата го покажа соодносот на смртост, каде што помалиот број означуваше помалку смртни случаи и изгледаше вака: 0.82 за конзуматорите на риба, 0.84 за вегетаријанците и 0.84 за повремените конзуматори на месо (оние кои јадат месо помалку од двапати неделно). Оние кои често конзумираат месо имаа ниска стапка на смртност од 1.0, додека поради големиот број на податоци, бројот на вегани беше многу тежок за одредување (некаде помеѓу 0.7 и 1.44). Истражувањето ги даде броевите на смртни случаи за секоја од категориите, очекуваните грешки кои можат да постојат за секој сооднос и направените измени во податоците. Меѓутоа, ниската стапка на смртност беше најмногу поради фактот што пушењето е релативно слабо распространето кај овие вегетаријански приврзаници. Од сите главни причини за смрт кои беа проучени, само една од нив се однесуваше на разликите во исхраната, а тоа беше наведено и во заклучокот: вегетаријанците имаа 24% пониска стапка на смртност предизвикана од исхемични срцеви заболувања за разлика од невегетаријанците, но вегетаријанскиот начин на исхрана не се поврзува со никакви други причини за смрт.

Во истражувањето за смрноста кај британските вегетаријанци беше донесен сличен заклучок: „Британските вегетаријанци имаат пониска стапка на смртност во споредба со останатиот дел од населението. Тие имаат слична стапка на смртност со невегетаријанците, што е показател дека поголемиот дел од овие добри страни можат да им се препишаат на факторите кои не се однесуваат на начинот на исхрана, како што е слабата распространетост на пушење, високиот општествено-економски статус и различните начини на исхрана кои не се поврзани со неконзумирање на месо и риба.

Во тек е проучување за здравјето на Адвентистите коешто го документира животниот век на Адвентистите на седмиот ден. Од сите истражувања со слична методологија, ова е единственото истажување кое укажуваше на добрите страни на вегетаријанството. Истражувачите открија дека со комбинација на повеќе стилови на живеење можеме да го зголемиме животниот век за околу 10 години. Меѓу различните стилови на живот кои беа проучувани, се процени дека вегетаријанскиот начин на исхрана го зголемува живонтиот век за 1- ½ до 2 години. Истражувачите заклучија дека ,,Адвентистите од Калифорнија имаат подолг животен век за разлика од кое било друго население, со што животниот век за мажи е 78.5 години а за жени 82.3 години. Животниот век на Адвентистите од Калифорнија кои ќе ја преживеат 30та година изнесува 83.3 години за мажи и 85.7 години за жени.

Во една метастудија со наслов „Дали внесувањето на мало количесвто на месо го зголемува животниот век?” која беше објавена во Американскиот весник за медицинска исхрана (анг. American Journal of Clinical Nutrition) се наоѓаше уште едно истражување за здравјето на Адвентистите. Истражувањето покажа дека внесувањето на мало количество на месо (помалку од еднаш неделно) и некои други начини на живот значително го зголемуваат животниот век, за разлика од оние кои внесуваат големи количества на месо. Со истражувањето се заклучи дека ,, податоците од приврзаниците на здрава исхрана велат дека практикувањето на вегетаријанскиот начин на исхрана подолго време (околу 20 години) може да го зголеми животниот век за 3.6 години. Меѓутоа, истражувањето кажа дека и некои од предностите за надживување на вегетаријанците можеби се должеле на забележените разлики меѓу истражувањата за да се прилагодат на збунетите, на дефиницијата за вегетаријанство, на грешката при мерењето,на различните возрасти, на здравствениот волонтирачки ефект и на внесувањето на специфична храна од растенија од страна на вегетаријанците. Во истражувањето стоеше и дека ,,тој факт ја зголемува можноста дека намаленото внесување на месо и зголеменото внесување на овошје и зеленчук може да се главните заштитни фактори, а не исфрлањето на месото од исхраната.” Во едни неодамнешни истражувања во врска со модели на исрхрана кои вклучуваат мала количина на месо и причините за смрт, Сингх кажа дека ,,5 од 5 проучувања покажаа дека возрасните луѓе кои го применуваат начинот на исхрана кој влучува внесување на мала колична месо а голма количина овошје и зеленчук, во споредба со оние кои применуваат друг начин на исхрана, имаат помал ризик од смрт.

Статистичките проучувања, како што е проучувањето за споредување на животниот век кај луѓето од различни региони и нивните локални начини на исхрана во Европа, открија дека животниот век е значително поголем во јужна Франција каде што луѓето конзумираат помалку месо и практикуваат средоземна диета со големо количество на овошје и зелнчук, за разлика од северна Франција каде што се внесуваат поголеми количини на месо.

Институтот за превентивна и клиничка медицина и Институтот за физиолошка хемија направија проучување во кое испитуваа група од 19 оволактовегетаријанци и група од 19 сештојади од истата област. Истражувањето покажа дека групата на оволактовегетаријанците има повисоки новоа на карбоксилметилизин во крвната плазма и зголемени нивоа на крајните производи од гликатин (анг.AGE) за разлика од групата на невегетаријанци. Карбоксилметилизинот е гликациски производ кој претставува „главен показател за кислородно оптоварување и долгорочно оштетување на белковините во процесот на стареење, артеросклероза и дијабетес”, а зголемениот број на крајни производи од глакацијата (анг.AGE) можат лошо да влијаат врз процесот на атеросклероза, дијабетес, процесот на стареење и врз откажувањето на бубрезите.

Медицинска примена

уреди

Во медицината на западните земји, на пациентите понекогаш им се советува да се придржуваат до вегетаријански начин на исхрана. Вегетаријанската исхрана е користена за лекување на ревматоиден артритис, но не се знае дали е доволно ефикасна. Некои видови на алтернативна медицина, како што се Ајурведа и Сидха, предлагаат уптреба на вегетаријанската исхрана во секојдневната исхрана. Маја Тивари истакнува дека Ајурведа препорачува внесување на месо во мали количини за одредени луѓе,, додека правилата за домородното население кое ги ловеше и убиваше животните беа доста јасни и детални.” Иако ваквите методи на ловење и убивање сè уште постојат, таа не ја препорачува употребата на какво било месо од животни во исхраната, дури ни за вата-типовите на луѓе (анг.vata-types); (луѓе кои не можат лесно да се здебелат, слаби луѓе).

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди