Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната под името климактериум што значи промена на животот. Менопауза обично настапува помеѓу 44-та и 55 година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат.

Менопауза
СинонимиКлимактериум
СпецијалностГинекологија
СимптомиОтсуство на менструација од една година
Вообичаена појавапомеѓу 48 и 52 години
ПричинителиВообичаено е природна промена.
Исто така може да биде предизвикана од хируршка интервенција при која се отстранети двата јајници и некои типови на хемотерапија.
ТретманНикаков, промена во животните навики
ЛековиМенопаузална хормонска терапија, клонидин, габапентин, селективни инхибитори на репреземањето на серотонин

Како се случуваУреди

Од двете страни на матката (утерусот) на жената се наоѓаат јајниците кои го произведуваат хормонот естроген. Овој хормон помага во регулирање и создавање јајце (овула) кај жената. За време на климактериумот јајниците почнуваат да создаваат помалку естроген при што не се произведуваат повеќе јајца и престанува менструацијата.

Климактериумот може да настапи на било која возраст ако јајниците на жената се извадени при хисторектомија операција (отстранување на матката).

СимптомиУреди

Повеќето жени или воопшто ќе немаат симптоми, или ќе имаат само благи симптоми што ќе траат само неколку месеци. Но за некои жени, симптомите можат да бидат мачни и да траат неколку години. Тие се:

ПоследициУреди

 
Густината на коските, особено кај 'рбетниците, се намалува со менопаузата

Климактериумот прави жените постепено да губат дел од калциумот во нивните коски. Кај многу жени коските стануваат крти и лесно кршливи. Овој проблем е наречен Остеопороза.

ИзворУреди