Владо Поповски (политичар)

За правникот и политичарот со истото име и презиме видете Владо Поповски

Владо Поповски - Ладе (роден во 1955 - Скопје, 19 јули 2014) — долгогодишен политички работник.

Владо Поповски
Роден 1955
Починал 19 јули 2014
Скопје, Македонија Македонија
Занимање политичар

Животопис

уреди

Во својата плодна политичка и професионална кариера тој бил министер без ресор во Владата на Македонија во периодот 2002-2006 година, во два мандати Секретар на Град Скопје и директор на ЈП „Водовод и канализација“. Во последен период од својата истакната професионална кариера во два мандати, од февруари 2010 година, бил секретар на Општина Карпош. Во последниот период од својата богата политичка кариера бил член на Извршниот одбор и претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ. На 19 јули 2014 година по кратко боледување, на 59 годишна возраст починал во Скопје.[1]

Наводи

уреди