Сергеј Андреевски

Сергеј Андреевски (Скопје, 1960) — македонски сликар.

Сергеј Андреевски
Роден 1960
Скопје
Националност македонска
Занимање сликар
Татко Петре М. Андреевски
Мајка Светлана Христова-Јоциќ
Деца Воскресија Андреевска

Животопис

уреди

Сергеј Андреевски е син на познатиот македонски писател Петре М. Андреевски и поетесата Светлана Христова-Јоциќ. Андреевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај тоа, тој бил на повеќе студиски престои во странство: Рим, Нирнберг, Орхус, Париз, Њујорк, Северна Каролина, Имадате, Истанбул, итн.

Творештво

уреди

Андреевски е претставник на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок врз гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање. Реализирал 400 групни изложби и 53 самостојни изложби во Европа, САД и Азија. Тој е добитник на повеќе национални награди и признанија.[1].

Наводи

уреди
  1. С. Андреевски, Сергеј АНДРЕЕВСКИ: 20 години творештво, Скопје: Национална галерија на Македонија, 2006, стр. 84.

Надворешни врски

уреди