Грб на Сиера Леоне
Грбот на Сиера Леоне е државниот грб на оваа африканска држава. Овој грб бил изработен во 1960 година. Грбот е составен од два златни исправени лава кои држат две палми е еден штит. На штитот има приказ на три факела кои се поставени на врвот на штитот, под нив има приказ на Лавовските Планини во зелена боја на која има приказ на хоризонтално поставен златен лав. Под планините има приказ на море. Лавовите, штитот и палмите се поставени на зелена подлога и лента на која има натпис „Единство, Слобода, Правда“ на англиски јазик.
Планините ја симболизираат државата, бидејќи по нив е добиено името. Факелите симболизираат мир и достоинство. Зелената боја го симболизира земјоделството и природните богатства, сината морето и белата единство и правда.