Историја на Сиера Леоне
Според археолошките ископувања и истражувања, територијата на денешната држава Сиера Леоне била населена уште пред 2.500 години,[1] главно од различни номадски племиња по потекло од Централна Африка.[2] Постојат и податоци според кои на овие територии во околу 9 век п.н.е. на овие простори бил обработуван металот како суровина.[3] Во 1462 година португалскиот морепловец Педро де Синтра престигнал на бреговите на Сиера Леоне. Многу бргу биле основани поголем број на европски трговски бази односно станици. Во 1787 година од страна на британците бил основан Фритаун. Во текот на XVIII век, територијата била широко реколонизирана со афроамерикански калвинисти од Нова Шкотска, кои учествувале на страна на Велика Британија за време на војната за американската независност. Во 1790-тите се одржале избори, на кои право на глас имале и црнците, како и жените.[4] Во 1808 година земјата станала британска колонија. Својата независност земјата ја добила на 27 април 1961 година. Во 1991 година започнал вооружен конфликт помеѓу владата на Револуционерниот обединет фронт кој пак се борил, со поддршка на Либија, за праведна распределба на приходите добиени од продажбата на дијаманти.
Наводи
уреди- ↑ Countries and Their Cultures. „"Culture of Sierra Leone"“. Посетено на 2008-02-22.
- ↑ Encyclopaedia Britannica. „"Sierra Leone History"“. Посетено на 2008-02-19.
- ↑ Encyclopedia of the Nations. „"Sierra Leone - History"“. Посетено на 2008-02-22.
- ↑ Sierra Leone’s struggle for progress