Тајмир

полуостров во Русија

Тајмир (руски: Таймыр или Таймырский полуостров) — полуостров на далечниот север на Сибир и најсеверен копнен предел на Евроазија. Сместен е меѓу Енисејскиот Залив во Карското Море и Хатаншкиот Залив во Лаптевското Море во состав на Краснојарскиот крај, Русија.

Тајмир
Таймыр
Kara sea2TY.PNG
Местоположба на полуостровот
Географија
Местодалечен север
Координати74°00′N 98°00′E / 74.000° СГШ; 98.000° ИГД / 74.000; 98.000Координати: 74°00′N 98°00′E / 74.000° СГШ; 98.000° ИГД / 74.000; 98.000
Соседни водни површини
Површина400.000 км2
Највисоко издигнување1.125 м
Највисока котаБиранга
Управување
Фед. субјектКраснојарски крај

На овој простран полуостров се наоѓаат езерото Тајмир и планинскиот венец Биранга. На неговиот крај е сместен ’ртот Чељускин — најсеверната точка на копнена Евроазија.

НаселениеУреди

 
Ненци на Тајмир

Домородни народи на полуостровот се Ненците и Нгасаните. Првите живеат претежно на далечниот север, а другите низ среден Сибир, вклучувајќи го и Тајмир. Нгасаните Живеат претежно во Уст-Авам, Волачанка и Новаја во Тајмирскиот долгано-ненецки реон на Краснојарскиот крај, а помалубројни се во градовите Дудинка и Норилск.[1] Поради нивната оддалеченост, кај Нгасаните сè уште е зачуван шаманизмот како верско и културно обележје.[2]

СтопанствоУреди

На подрачјето на Тајмир е застапено рударството, особено со претпријатија како „Норилски никел“ кое топи руда кај Норилск. Полупреработената никелова руда и другите производи се превезуваат по кратка железница до пристаништниот град Дудинка на реката Енисеј, а оттаму се испорачуваат во Мурманск и други места по бродски пат.

ЕкологијаУреди

Тајмир е последното изворно живеалиште на мошусното говедо вон Северна Америка. Сегашното население е повратено во 1975 г., цели 2.000 години по неговото изумирање во Русија.[3][4] Во 2002 г. се забележани 2.500 единки, кои веќе во 2010 г. нараснале на 6.500[5]

КлимаУреди

Брегот на Тајмир е замрзнат најголем дел од годината, обично меѓу септември и јуни. Летото е кратко, особено на бреговите на Лаптевското Море на североисток. Климата во внатрешноста на полуостровот е континентална. Зимите се сурови, со чести веавици и крајно ниски температури. Временските прилики на северот на полуостровот можат да се согледаат по следниве податоци за ’ртот Чељускин.

Климатски податоци за ’ртот Чељускин
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) −26
(−15)
−26
(−15)
−24
(−11)
−16
(3)
−8
(18)
1
(34)
5
(41)
4
(39)
0
(32)
−10
(14)
−19
(−2)
−22
(−8)
−11.7
(10.8)
Прос. ниска °C (°F) −33
(−27)
−33
(−27)
−33
(−27)
−26
(−15)
−15
(5)
−5
(23)
−3
(27)
−3
(27)
−5
(23)
−16
(3)
−26
(−15)
−30
(−22)
−19
(−2.1)
Прос. врнежи мм (ин) 8
(0.31)
9
(0.35)
9
(0.35)
8
(0.31)
9
(0.35)
18
(0.71)
21
(0.83)
22
(0.87)
22
(0.87)
15
(0.59)
9
(0.35)
11
(0.43)
201
(7.91)
Прос. бр. врнежливи денови 15 15 14 12 11 12 11 12 15 16 13 16 162
Сред. бр. сончеви часови месечно 0 0 124 270 217 150 186 124 62 0 0 0 1.133
Извор: World Climate Guide[6]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Ziker
  2. Hoppál 2005
  3. Science Daily
  4. „Safari Club Foundation Recordbook entry on Bovids“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2016-11-20.
  5. „Large Herbivore Network Article: Reintroduction of Musk Ox in the Northern Russia by Dr. Taras Sipko“. Архивирано од изворникот на 2015-09-05. Посетено на 2016-11-20.
  6. „Climate Data for Mys Chelyuskin“. World climate Guide. Посетено на April 1, 2012.

ЛитератураУреди

Надворешни врскиУреди