39°N 72°E / 39° СГШ; 72° ИГД / 39; 72

Памир
Планински венец
Поглед на Памир од птичја перспектива
Земји Таџикистан, Киргистан, Авганистан, Пакистан, Кина
Региони Горнобадахшанска АО, Вахан, Хајбер Пахтунхва, Гилгит–Балтистан, Синѓанг
Највисока точка Конгур
 - височина 7.495 м
 - координати 38°55′N 72°01′E / 38.917° СГШ; 72.017° ИГД / 38.917; 72.017
Масивот Памир во рамките на Авганистан, Гилгит-Балтистан, Кина, Киргистан и Таџикистан
Масивот Памир во рамките на Авганистан, Гилгит-Балтистан, Кина, Киргистан и Таџикистан
Масивот Памир во рамките на Авганистан, Гилгит-Балтистан, Кина, Киргистан и Таџикистан

Памирпланински венец во средна Азија што го образува вкрстувањето на Хималаите, Тјеншан, Каракорум, Кунлун и Хиндукуш. Се вбројува меѓу највисоките планини на светот и го носи прекарот „Покривот на светот“ (веројатно превод од персиски).[1]

На други јазици, венецот се нарекува: киргиски: Памир тоолору; персиски: رشته کوه های پامیر Реште Кух-хаје Памир; таџички: Кӯҳҳои Помир; паштунски: د پامير غرونه‎; ујгурски: پامىر ئېگىزلىكى‎; урду: پامیر کوهستان; хинди: पामीर पर्वतमाला; кинески: 葱岭 (мктр: „Цунглинг“),[2] но денес почесто 帕米尔 („Памиар“).

Кои сè планини влегуваат во венецот зависи од тоа како се сметаат оние што се надоврзуваат на други масиви.[3] Планините се протегаат претежно во Горнобадахшанската автономна област на Таџикистан и покраината Бадахшан во Авганистан. На север тие продолжуваат во масивот Тјеншан долж Алајската Долина во Киргистан. На југ се спојуваат со Хиндукуш по должината на Ваханскиот Коридор во Авганистан и Гилгит–Балтистан во Пакистан. На исток завршуваат на границата со Кина, но може да се смета и дека навлегуваат во венецот на Конгур, кој понекогаш се смета за составен дел на Кунлун.

Geography

уреди

Трите највисоки планини на Памир се Исмаил Самани („Сталинов Врв“ од 1932 до 1962 и „Врв на Комунизмот“ до 1998), со висина од 7.495 м; Ибн Сина (и денес неофицијално познат како „Ленинов Врв“), со висина од 7.134 м; и Корженевскаја, висок 7.105 м.[4]

На планините има доста ледници како што е Федченковиот Ледник долг 77 км, најдолг во некогашниот СССР и најдолг во светот вон поларните региони.[5]

Клима

уреди
 
Ливада на Памир на пролет

Планините се прекриени со снег во текот на целата година и се одликуваат со долги и многу студени зими и кратки, свежи лета. Годишното количество на атмосферски врнежи изнесува околу 130 мм, што значи дека вегетација е степска и има мошне малку дрва.

Стопанско значење

уреди

Главна стопанска во подрачјето е овчарството, кое се одвива по планинските пасишта. Покрај ова, во западниот дел се експлоатира и јаглен.

Стратешка положба

уреди
 
Поглед на врвот Исмаил Самани

Памир во историјата играл значајна улога во караванскиот сообраќај меѓу Кашгар и Коканд по Северниот пат на свилата и затоа бил повод за чести борби за превласт над регионот. Северниот пат на свилата (долг 2.600 км) ја поврзувал древната кинеска престолнина Сиан со западните краишта преку Памир, и водел до Кашгар, а потоа сè до Партија.[6] XX век бележи разни поважни настани во регионот. Тука се одвивала Таџикистанската граѓанска војна и се водел граничниот спор помеѓу Кина и СССР (1991). Подоцна во подрачјето се воспоставени воени бази на САД, Русија и Индија,[7] а во поново време постои поголем интерес за развој на трговијата и искористувањето на природните ресурси.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. PAMIRS Архивирано на 23 април 2016 г. - Енциклопедија Британика, XI изд. (1911) (англиски)
  2. 水經注 (цитирајќи од 西河舊事: ”蔥嶺在敦煌西八千里,其山高大,上生蔥,故曰蔥嶺也。“
  3. Памир - Голема советска енциклопедија (руски)
  4. „Таџикистан: 15 години независност“, Душанбе, 2006, стр. 8 (руски)
  5. Orographic Sketch Map: Karakoram: Sheets 1 and 2, Swiss Foundation for Alpine Research, Zurich, 1990
  6. „Пат на свилата, северна Кина“. megalithic.co.uk. Посетено на 10 август 2009.
  7. „„Памирскиот јазол" на Индија“. The Hindu. Архивирано од изворникот на 2007-12-10. Посетено на 3 август 2007. (англиски)
  8. „Западот е црвен“. Time. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 16 август 2007. (англиски)

Надворешни врски

уреди