Карското Море било создадено за време на топењето на ледот во последниот леден период. Најголемиот дел на морето се наоѓа над континентален подводен гребен со длабочина под 200 м. Морското дно има многу широки тераси што се спуштаат од југоисток (каде морето е многу плитко) кон север и запад. Две длабоки корита го сечат подводниот гребен. Многу риби доааѓаат за време на летниот период на Карското Море од рекитe по должината на сибирскиот брег. Површинската соленост во голема мера варира, од околу 34 единици во целото море во текот на зимата, сè до 10-12 единици во близина на утоките на реките Об и Енисеј во почетокот на летото. Од декември до јуни најголемиот дел од морето е замрзнато. Наспроти тоа, меѓу јули и октомври над 90% е без лед, иако површинската температура никогаш не е над 4-5 степени. За време на летото, Карското Море е важна сообраќајница за превоз на стока во и од Западен Сибир, како нафта и природен гас, бидејќи во областите крај Об и Енисеј се пронајдени големи лежишта на овие енергетски суровини. Морето е, исто така, важно место за одгледување риби, но во последно време постои загриженост поради загрозеноста на некои видови поради складирањето јадрен отпад.

Карта којашто ја покажува местоположбата на Карското Море
На лебдилка Хивус-10 на брегот на морето Кара