Новосибирски Острови

Новосибирските Острови (руски: Новосиби́рские острова; јакутски: Саҥа Сибиир арыылара) е островска група во Северноледениот Океан, североисточна Русија, северно од источен Сибир. Островите го делат Лаптевското Море од Источносибирското Море. Тие се одделени од сибирскиот брег со протокот Дмитриј Лаптев. Со површина од околу 38.000 км², тие се под снежната покривка повеќе од девет месеци во годината. Поларната лисица, северниот елен, лемингот и многу видови птици ги населуваат овие острови.[1]

Местоположбата на Новосибирските Острови
Карта на Новосибирските Острови

Острови во архипелагот

уреди

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 36

Надворешни врски

уреди