Такла Макан
Такла Макан или Такламакан (кинески: 塔克拉玛干沙漠, ујгурски: تەكلىماكان قۇملۇقى или Тәклимакан тоғрақлин < заемка такла од арап. ترك тарк „остава, напушта“ и ујг. макан „живеалиште“, т.е. „напуштено место“)[1] — пустина во југозападниот дел на автономната област Синѓанг во северна Кина. Се граничи со венецот Кунлун на југ, пасивот Памир и планината Тјеншан на запад и север и пустината Гоби на исток. Истата претставува и екорегион, наречен „Такламакански пустински екирегион“.
Географија
уредиПустината зафаќа површина од 337.000 км2,[2] и ја опфаќа познатата Таримска Котлина, која е долга 1.000 км и широка 400 км. Низ северниот и јужниот крај минуваат два огранока на Патот на свилата, држејќи се по крајот, за да се избегнат суровите пустински услови.[3] Такла Макан е втора подвижна пустина по површина во светот, сочинета 85% од песоци и дини кои се придвижуваат од едно место на друго[4] Сметајќи ги сите неполарни пустини во светот, таа го зазема 18-тото место по големина.[5]
Некои географија и еколози го сметаат Такла Макан како посебна еколошка област од пустината Гоби на исток.
Во поново време преку пустината се минува и преку новоизградениот автопат што го поврзува градот Хотан на јужниот раб на пустината со Лунтај на северниот. Во исто време, утврдено е извесно проширување на пустината во процес на опустинување, каде песоците почнуваат да зафаќаат земјоделски површини и селски населби.
Клима
уредиТакла Макан е познат по својата студена пустинска клима. Поради релативната близина до струдените воздушни маси на Сибир, зиме температурата паѓа многу ниско, напати и под -20 °C. Во 2008 г. е забележано дека целата пустина била преприена со снег до висина од 4 см и температура од -26,1 °C.[6]
Деловите од пустината што се протегаат во средиштето на Азија се оддалечени илјадници километри од најблиската водна површина body, па затоа ноќите се студени дури и во текот на летото.
Оази
уредиПустината е опасна за преминување бидејќи има многу малку вода. Во минатото, трговските каравани по Патот на свилата запирале да се одморат во градови-оази долж патот. Ваквите градови добивале вода преку врнежи од планините и уживале голем степен на развој и просперитет.[7] Меѓу нив се вбројуваат Кашгар, Марин, Нија, Јарканд и Хотан (Хетјен) на југ, Куча и Турпан на север и Лоулан и Дунхуанг на исток.[3] Денес, многу места како Марин и Гаочанг се изрушени и запустени градови во ретко населени подрачја на областа Синѓанг.[8] За патниците кои некогаш патувале по древниот Пат на свилата на Кина до Левант ( источно Средоземје ), оазите во Тулуфан или Туреан и Кашгар или Каши, сигурно биле како мевлен за очите. Тулуфан се наоѓа на источниот раб на пустината Такла Макан и не изгледа како предел каде што би можеле да очекуваме оаза. Се наоѓа во ванатрешноста на големото плато Тулуфан што всушност е гола карпеста површина. Има височина од 154 m под ниво на морето и е едно од најниските и најтоплите места во светот. Таму многу ретко врне дожд, а температурите со недели можат бидат околу 40 °C. Дињите и грозјето што таму се одгледуваат со векови ги освежувале патниците, а водата за наводнување доаѓа од Рајските Планини ( Tien Shan), низ посебно осмислен систем од бунари и подземни канали, познати под името карез што го измислиле древните Персијци.
Во рушевините прекриени со песоци се најдени голем број на археолошки богатства. Тие укажуваат на разновидни влијанија во подрачјето од разни култури, како што е тохарсксата, македонската, индиската и будистичката. Сите тие се живописно опишани во делата на археолозите Аурел Штајн, Свен Хедин, Алберт фон Ле Кок и Пол Пелио.[3] Во подрачјето се пронајдени мумии, некои стари по 4000 години, кои сведочат за тоа дека тука во дамнината минувале најразлични народи.
Подоцна Такла Макан го населуваат туркиски народи. Почнувајќи од времето на династијата Танг, Кина повремено ја наметнувала нејзината власт во оазните градови, со цел да ја контролира важната трговија со свила низ средна Азија. Во меѓупериодите со подрачјето владееле турските, монголските и тибетските народи. Денешното население е сочинето претежно од Ујгури, кои се туркиски народ.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Поспелов Е. М. Географические названия мира: Топонимический словарь. -М., 1998
- ↑ "The Age of the Taklimakan Desert." Jimin Sun and Tungsten Lou. Science, Vol. 312, 16 јуни 2006, стр. 1621.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Ban, Paul G. (2001). The Atlas of World Archeology. New York: Check mark Books. стр. 134–135. ISBN 0-8160-4051-6. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „atlas“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Taklamakan Desert“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 11 август 2007.
- ↑ „The World's Largest Desert“. geology.com. Посетено на 22 август 2007.
- ↑ „China's biggest desert Taklamakan experiences record snow“. Xinhuanet.com. 1 февруари 2008.
- ↑ Spies Along the Silk Road. Посетено на 7 август 2007.
- ↑ The Silk Road: Trade, Travel, War and Faith. Посетено на 25 август 2007.
- Истражувач пешки ја премина пустината Такла Макан (англиски)
- Jarring, Gunnar (1997). "The toponym Takla-makan", Turkic Languages, Vol. 1, стр. 227–240.
- Hopkirk, Peter (1980). Foreign Devils on the Silk Road: The Search for the Lost Cities and Treasures of Chinese Central Asia. Amherst: The University of Massachusetts Press. ISBN 0-87023-435-8.
- Warner, Thomas T. (2004). Desert Meteorology. Cambridge University Press. ISBN 0-521-81798-6.
Надворешни врски
уреди„Такла Макан“ на Ризницата ? |
- Лични доживувања на авантуристи во Такла Макан Архивирано на 8 април 2007 г. (англиски)
- Такла Макан во Туристички водич низ Кина (англиски)