Нова Земја

руски архипелаг во Северноледениот Океан

Нова Земја (руски: Новая Земля) — архипелаг во Северноледениот Океан во северна Русија, чиј ’рт Флисингски е најисточната точка во Европа. Архипелагот претставува реон во состав на Архангелската област[1] и урбан округ на општинско ниво.[2] Населението брои 2.429 жители (2010), од кои 1.972 живеат во административниот центар Белушја Губа.[3]

Нова Земја
руски: Но́вая Земля́
Карта на Нова Земја
Географија
МестоСеверноледен Океан
Координати74°N 56°E / 74° СГШ; 56° ИГД / 74; 56
Поголеми острови2
Површина90.650 км2
Највисоко место1.547 м
Држава
Федерален субјектАрхангелска област
Најголема населбаБелушја Губа (pop. 1,972)
Демографија
Население2,429 (2010)


Нова Земја во рамките на Русија
Местоположба на Нова Земја во рамките на Русија
Грбот на Нова Земја

Домородното население се состоело од 50–300 Ненци,[4] што се занимавале претежно со риболов, лов со стапици, чување ирваси и лов на бели мечки и фоки. Живееле на островите од 1872[5][6] до 1950-тите, по што биле преселени на копното поради атомските проби.[7][8]

Архипелагот се состои од два главни острова (Северен и Јужен) одделени со тесниот Маточкинов Проток и повеќе мали островчиња. Зафаќа вкупна површина од 90.650 км2 и ги двои Баренцовото и Карското Море.

За време на Студената војна, на овие острови се изведувале разни значајни воени вежби и проби, командувани од базата во Рогачево. Војската е присутна и денес. На 30 октомври 1961 г. тука е фрлена познатата „Цар-бомба“ — најсилната пукната атомска бомба во историјата.

Природна околина

уреди

Нова Земја е продолжеток на северниот дел на Урал,[9] па затоа внатрешноста на островите е сосем планинска.[10] Меѓу Јужниот Остров и копното се протега протокот Карска Врата.[10] Планините достигнуваат надморска височина од 1.547 м.[11] На Северниот Остров има поголем број на ледници, додека пак јужниот се одликува со тундра.[7] Природните ресурси се застапени со бакар, олово и цинк.[7]

Екологијата е ограничена од суровата клима, но сепак подрачјето има разновиден жив свет. Меѓу позабележителните жители на островите е белата мечка, чија популација околу Баренцовото Море е генетски различна од оние на други места.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Закон бр. 65-5-OZ
  2. Закон бр. 258-внеок.-ОЗ
  3. Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
  4. „Microsoft Word - North Test Site _FINAL_.doc“ (PDF). Посетено на 2012-09-27.
  5. „Новая земля - история заселения“. Belushka.virtbox.ru. Посетено на 2012-09-27.
  6. „Новая земля в 1917—1941 гг“. Belushka.virtbox.ru. Посетено на 2012-09-27.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Нова Земја — Енциклопедија „Колумбија". Посетено на 2006-10-14. (англиски)
  8. Ядерные испытания СССР. Том 1. Глава 2 Архивирано на 14 април 2010 г., стр. 58.
  9. „Нова Земја, северна Русија“. НАСА. Архивирано од изворникот на 2006-10-11. Посетено на 2006-10-14. (англиски)
  10. 10,0 10,1 Novaya „Нова Земја — Енциклопедија „Британика". 1911. Посетено на 2006-10-14. (англиски)
  11. Воена картографија на Руската армија. Највисоката точка се наоѓа на 75°10′N 57°50′E / 75.167° СГШ; 57.833° ИГД / 75.167; 57.833
  12. C. Michael Hogan (2008) Polar Bear: Ursus maritimus, Globaltwitcher.com, ed. Nicklas Stromberg Архивирано на 24 декември 2008 г.

Надворешни врски

уреди