Ротенбург (округ)
Ротенбург (германски: Rotenburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Ротенбург на Виме.
Ротенбург Landkreis Rotenburg | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Ротенбург на Виме | |
Површина | ||
• Вкупна | 2.070 км2 (800 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 167.604 | |
• Густина | 81/км2 (210/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | ROW или BRV | |
Мреж. место | landkreis rotenburgwuemme.de |
Округот нема граница со отворено море и се граничи (од север надесно) со следниве окрузи: Штаде, Харбург, Хајде, Ферден, Остерхолц и Куксхафен.
Географија
уредиРеката Виме тече низ округот од исток на запад. Мочуришната област на обете страни на реката е наречена Депресија Виме (Wümmeniederung).
Историја
уредиВо средниот век, областа била дел од бискупиите на Бремен и Ферден. По протестантската реформација, бискупиите станале секуларни кнежевства, вообичано наречени Бремен-Ферден и на крај областа станала дел од Кралството Хановер.
Денешниот округ бил основан во 1977 година со спојување на поранешните окрузи Ротенбург и Бремерферде.
Грб
уредиГрбот прикажува:
- лав што носи крст; лавот бил хералдичко животно на Хановер, а крстот ја претставува Бискупијата Ферден
- двата прекрстени клуча доаѓаат од грбот на Надбискупијата Бремен
Градови и општини
уредиГрадови | Слободни општини | Општински заедници | ||
---|---|---|---|---|
|
|
| ||
1седиште на општинската заедница; 2град |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Ротенбург (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)