Цефен
Цефен (германски: Zeven) — мал град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 22 километри северозападно од окружниот град Ротенбург на Виме и 40 километри североисточно од градот Бремен.
Цефен
Zeven | |
Кристиненхаус, најстара световна градба во градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Ротенбург |
Општ. заед. | Цефен |
Градоначалник | Норберт Волф (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 73,9 км2 |
Надм. височина | 24 м |
Население | 14.216 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 192 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ROW, BRV |
Пошт. бр. | 27404 |
Повик. бр. | 04281 |
Портал | www.zeven.de |
Местоположба на градот Цефен во рамките на округот Ротенбург | |
Координати | 53°18′0″N 9°17′0″E / 53.30000° СГШ; 9.28333° ИГД |
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината се наоѓа во средиштето на триаголникот од градовите Бремерхафен, Бремен и Хамбург. Низ Цефен поминува Меде-Ауе, кој се влева во Осте околу две километри северно од градот.
Градски единици
уредиКон Цефен припаѓаат местата Аспе, Баденштет, Бадемилен, Брауел, Бритендорф, Олдендорф и Виштет.
Историја
уредиВо 986 година, Цефен бил првпат споменат во документ на бенедиктанскиот манастир Цефен во Хеслинген. Во 1141 година, манастирот бил преместен во Цефен. Манастирот имал одлучувачка улога во историјата на градот. Цефен припаѓал на старото Војводство Саксонија и по неговото распуштање во 1180 година, Цефен станал дел од новосоздадената Архиепископија Бремен, кнежевска територија со царска посредност, владеена од архиепископот на Бремен. При протестантската реформација, мнозинството од монахињите останале католици, додека повеќето граѓани го прифатиле лутеранството.
Во Триесетгодишната војна, трупите на Католичкиот сојуз под водство на Јохан Тили ја освоиле Архиепископијата во 1627/1628. Ова преземање му овозможило на Фердинанд II, да го спроведе реституцискиот едикт донесен на 6 март 1629 година, во Архиепископиите Бремен и Ферден. Манастирот Цефен - уште католички - станал локално упориште на католицизмот во рамки на контрареформацијата. Монахињите, кои го прифатиле лутеранството, биле исфрлени од манастирот.
Во 1632 година, трупите на легитимниот владетел на Архиепископијата, администратотот Јохан Фридрих, помогнат од трупи од Шведска и градот Бремен, ја зазеле Архиепископијата. Манастирот бил распуштен. Со Вестфалскиот мир, Архиепископијата била претворена во Војводство Бремен во 1648 година, кое - заедно со Кнежевство Ферден - кое најпрвин било дадено како плен за неговото учество во Триесетгодишната војна да биде владеено како личен сојуз од Шведска. Овие два царски феуда на Швеѓаните биле нарекувани Бремен-Ферден. Кралицата Кристина ја подигнала својата резиденција во денешната Кристиненхаус во Цефен, најстара зачувана световна градба во градот.
По данската окупација (1712-1715), Војводството Бремен било продадено на Хановерската династија и така било владеено во личен сојуз со Изборното кнежевство Хановер и Кралството Велика Британија. При Англо-Француска и индијанска војна (1754–63) во Северна Америка, Британија се плашела од француска окупација на Хановер. Така, Џорџ II создал сојуз со неговиот братучед Фридрих II Велики, комбинирајќи го конфликтот во Северна Америка со австриско-пруската Седумгодишна војна (1756–63). Летото 1757 година, француските војници го поразиле синот на Џорџ II, принцот Вилијам, доведувајќи го до Бремен-Ферден, каде во поранешниот манастир Цефен го натерале да капитулира. Но, Џорџ II одбил да го признае тоа.
Со британскиот пораз во Наполеоновите војни, краткотрајното Кралство-Вестфалија го припоило Војводството Бремен во 1807 година, вклучувајќи го Цефен, пред Франција да го припои во 1810 година. Во 1813 година, Војводството било обновено во склоп на Изборното кнежевство Хановер, кое било издинато како Кралство Хановер во 1814 година (и уште владеено во личен сојуз со Обединетото Кралство).
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 31 избран членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители. [2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]
Партија | Удел | Места |
---|---|---|
CDU | 53,27 % | 16 |
SPD | 25,94 % | 8 |
Зелени | 11,78 % | 4 |
WFB | 6,38 % | 2 |
FDP | 2,60 % | 1 |
Градоначалник
уредиСоветот на градот го избрал членот Норберт Волф (CDU) за градоначалник за моменталниот изборен период.[4]
Збратимени градови
уредиЦефен е збратимен со следниве градови:
Знаменитости
уредиЛичности
уреди- Јулиус Уфелман (1837-1894) — лекар и медицински историчар
- Кристијан-Фридрих Фал (р. 1955) — хирург
- Ролф Манкен (р. 1957) — инженер, научник и професор
- Дорис Фичен (р. 1968) — фудбалерка
- Филип Баргфреде (р. 1989) — фудбалер
Галерија
уреди-
Градската црква „Св. Вит“
-
Воденица во Бадемилен
-
Судот во Цефен
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 14. März 2017.
- ↑ Stadt Zeven – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, abgerufen am 14. März 2017.
- ↑ Stadtrat Zeven Архивирано на 15 март 2017 г., abgerufen am 14. März 2017.
Надворешни врски
уреди„Цефен“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)