Хајде
Хајде (германски: Heide) — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Дитмаршен. Воедно, градот е административно седиште на општинската заедница Хајдер Умланд, иако не е член на истата.
Хајде | |
Изворите Св. Ѓорѓи на плоштадот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Дитмаршен |
Градоначалник | Улф Штехер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 31,8938 км2 |
Надм. височина | 11 м |
Население | 22.114 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 693 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HEI |
Пошт. бр. | 25746 |
Повик. бр. | 0481 |
Портал | heide.de |
Местоположба на градот Хајде во рамките на округот Дитмаршен | |
Координати | 54°11′46″N 9°5′36″E / 54.19611° СГШ; 9.09333° ИГД |
Германскиот збор „Хајде“ (Heide) означува рамнина. Во XV век четири околни села одлучиле да изградат црква во средина на рамнината. Ова подоцна станало име на градот. Точниот датум на основање не е познат, но до 1447 година, Хајде веќе бил главно село на Дитмаршен. Во ова време, Дитмаршен била независна селска република.
Хајде станал град во XIX век и денес е туристичко одредиште.
Спорт
уредиФудбалскиот клуб Хајдер ФК настапува во покраинската лига на Шлезвиг-Холштајн.[2]
Знаменитости
уреди- Црква Св. Ѓорѓи (1560)
- Водокула (1903)
- Историски музеј на Дитмаршен
- Брамсхаус, куќата во која живееле наследниците на композиторот Јоханес Брамс; денес е музеј
Сообраќај
уредиВо близина на градот се наоѓа регионалниот аеродром Хајде-Бизум, кој нуди летови до островот Хелголанд. Поголем меѓународен аеродром претставува аеродромот во Хамбург, кој се наоѓа на неколку часови возење од Хајде.
Познати жители
уреди- Клаус Грот (1819–1899) — долногермански писател
- Рудолф Диркс (1877–1968) — стрип цртач
- Фриц Тидеман (1918–2000) — јавач на коњи
Меѓународни односи
уредиГалерија
уреди-
Црква Св. Ѓорѓи (1560)
-
Водокулата (1903)
-
Споменик на Хајнрих фон Цитфен
Наводи
уреди- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ Verbandsliga Schleswig-Holstein table 2007-08 publisher: Fussball.de 6 јули 2008
Надворешни врски
уреди- Хајде на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 7 февруари 2015 г. (германски)
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |