Штаде (округ)
Штаде (германски: Stade) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град и е дел од метрополитенската област Хамбург.
Штаде Landkreis Stade | ||
---|---|---|
округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Штаде | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.266 км2 (489 ми2) | |
Население (31 декември 2020)[1] | ||
• Вкупно | 205.357 | |
• Густина | 160/км2 (420/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | STD | |
Мреж. место | landkreis-stade.de |
Географија Уреди
Местоположба Уреди
Округот се наоѓа на јужниот брег на реката Елба, помеѓу градот Хамбург и устието на реката. Западната граница на округот е Осте, тесна притока на Елба. Областа помеѓу Осте и градот Штаде традиционално е позната како Кединген. Областа источно од Штаде е позната како Алтес Ланд (буквално „Стара Земја“). Има илјадници овошни дрвја.
Окрузи Уреди
Се граничи (од север надесно) со окрузите во Шлезвиг-Холштајн, Дитмаршен, Штајнбург и Пинеберг (сите на другиот брег на Елба, градот-држава Хамбург, како и со окрузите од Долна Саксонија, Харбург, Ротенбург и Куксхафен.
Историја Уреди
Округот Штаде бил основан во 1932 година со спојување на три претходни помали окрузи.
Грб Уреди
Грбот прикажува:
- замок, претставувајќи го Штаде како поранешно седиште на грофовите на Штаде
- клучот од грбот на Надбискупијата Бремен, на која областа припаѓала во минатото
- бел коњ, претставувајќи го Хановер и Долна Саксонија
Градови и општини Уреди
Градови | Слободни општини | Општински заедници | ||
---|---|---|---|---|
|
|
| ||
1седиште на општинската заедница |
Наводи Уреди
Надворешни врски Уреди
„Штаде (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)