Остерхолц
Остерхолц (германски: Osterholz) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Остерхолц-Шармбек.
Остерхолц Landkreis Osterholz | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Остерхолц-Шармбек | |
Површина | ||
• Вкупна | 650,73 км2 (25,125 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 116.551 | |
• Густина | 1,8/км2 (4,6/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | OHZ | |
Мреж. место | landkreis-osterholz.de |
Округот се граничи (од запад надесно) со следниве окрузи: Везермарш, Куксхафен, Ротенбург и Ферден, како и градот Бремен.
Географија
уредиЈужниот дел на округот е дел од метрополитенската област на Бремен. На север се наоѓа Тојферсмор (букв. „ѓаволско мочуриште“), едно од најголемите зачувани мочуришта во Германија. Поголеми мочуришта постојат на обата брега на реката Хаме, која тече низ округот од север на југ и се влвиа во реката Виме. Виме ја создава јужната граница и е притока на Везер, кој ја создава западната граница на округот.
Историја
уредиПрвично архиепископите од Бремен владееле со денешната област на округот. Во 1648 година, Архиепископијата била претворена во Војводство Бремен, кое најпрвин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 од Хановерската династија. Во 1807 година, Кралството Вестфалија го припоило Војводството, пред Франција да го анектира во 1810 година. Во 1813 година, Војводството било вратено на Изборното кнежевство Хановер, кое било издигнато како Кралство Хановер во 1814 година - го припоило војводството во вистински сојуз и војводската територија станала дел од областа Штаде, основана во 1823 година. Во 1866 година, Кралството Хановер станало дел од Прусија, создавајќи ја покраината Хановер. Пруската администрација основала окрузи во 1885 година, а меѓу нив бил и Остерхолц.
Грб
уреди
Грбот прикажува:
|
Градови и општини
уредиГрадови | Слободни општини | Општински заедници |
---|---|---|
| ||
1седиште на општинската заедница |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Остерхолц“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)