Фиселхеведе (германски: Visselhövede; долногермански: Visselhöövd) — мал град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на западниот раб од Линебуршкото Поле.

Фиселхеведе

Visselhövede

Плоштадот и Градското собрание
Плоштадот и Градското собрание
Плоштадот и Градското собрание
Грб на Фиселхеведе
Фиселхеведе во рамките на Германија
Фиселхеведе
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Ротенбург
Градоначалник Ралф Гебел (независен)
Основни податоци
Површина 158,85 км2
Надм. височина 70 м
Население 9.792 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 62 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ROW
Пошт. бр. 27374
Повик. бр. 04262
Портал www.visselhoevede.de
Местоположба на градот Фиселхеведе во рамките на округот Ротенбург
Карта
Карта
Координати 52°58′0″N 9°35′0″E / 52.96667° СГШ; 9.58333° ИГД / 52.96667; 9.58333

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Фиселхеведе се наоѓа на надморска височина од 70 метри. Највисока точка во градското подрачје е Хеленберг во местото Дрегенбостел со 93,4 метри. Во парк во самиот град извира реката Фисел. Исто така, во градското подрачје се наоѓаат и изворите на Лерде, десна притока на Алер, Варнау и на Родаѕ, притока на Виме.

Градот се наоѓа во триаголникот БременХамбургХановер.

Градски единици

уреди

Фиселхеведе покрај самото градско јадро се состои од 14 места како Блекведел, Буххолц, Дресел, Дрегенбостел, Хидинген, Јединген, Кетенбург, Лидинген, Ниндорф, Отинген, Розебрух, Швичен, Вензен и Виторф.

Околу половина од населението живее во самото градско јадро, а другата половина во другите помали места во самото градско подрачје.

Соседни градови

уреди

Соседни градови и општини се: општината Кирхлинтелн во округот Ферден, општинската заедница Ботел во округот Ротенбург и општината Нојенкирхен во округот Хајде, како и градовите Золтау и Валсроде.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет се состои од 24 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 9.001 и 10.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Партија / Листа Места
CDU 10 (− 1)0
SPD 7 (− 2)
Grüne 3 (− 1)
FDP 01 (± 0)
Ние во Фиселхеведе (WiV) 3 (+ 2)

Градоначалник

уреди

Градоначалник од 2014 година е Ралф Гебел (независен).

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten[мртва врска], abgerufen am 16. September 2016

Надворешни врски

уреди