Општинска заедница
Општинска заедница (германски: Samtgemeinde) — административна единица во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се поистоветува со амт (Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург) и здружената општина или Verbandsgemeinde (Рајнска област-Пфалц и Саксонија-Анхалт). Претставува сојуз на општини, кој извршува административни должности за нејзините членки. Општинската заедница треба да има барем 7.000 жители (според покраинскиот закон на Долна Саксонија). Задачите на општинските заедници може да бидат: просторно планирање, управување со отпадните води, социјална заштита и управување со гробиштата и противпожарните бригади. Исто така може да водат грижа за основните училишта, изградбата на локалните патишта, опрема и одржување на библиотеките, спортските места и основање на друга јавни установи и да води други должности за нејзините членки, на пример, туризмот. Голем дел (околу 80 %) од општините во Долна Саксонија членуваат во некоја општинска заедница
Органи
уредиОпштинските заедници имаат три органи:
- Градоначалник на општинската заедница (Samtgemeindebürgermeister) избиран непосредно на секои осум години
- Совет на општинската заедница (Samtgemeinderat) избиран на секои пет години
- Одбор на општинската заедница (Samtgemeindeausschuss)
Одборот на општинската заедница се состои од градоначалникот на општинската заедница (претседател на одборот) и во зависност од големината на советот од четири до десет членови, а советот може да одлучи за зголемување на уште двајца. Овие места се распределуваат помеѓу партиите и групите во советот според метод на најголем остаток.
Историски
уредиОпштинските заедници постоеле и во Прусија, во периодот од 1850 до 1853 година.