Региони во Италија

(Пренасочено од Региони на Италија)

Регионите во Италија (итал. Regioni) се управни единици со извесна автономија по Уставот од 1948, кој вели дека тој има за цел: да ја признае, заштити и унапредува локалната автономија, да се погрижи владините служби да бидат што помалку централизирани и да ги прилагодат принципите и законите воспоставувајќи автономија и децентрализација.

Регионите во Италија со нивните официјални имиња

Меѓутоа, пет региони (Фурланија-Јулиска Краина, Сардинија, Сицилија, Трентино-Јужен Тирол и Аостинска Долина) имаат специјален статус на автономија со свое регионално законодавство за извесни локални работи; основано на културата, географската местоположба и на присуството на важни малцинства. Другите 15 обични региони биле делотворно воспоставени во раните 1970-ти години.

Секој регион има свој избран совет Giunta Regionale (извршен совет) на чело со директно избран претседател. Овој совет одговара пред генералниот совет и мора да си даде оставка (да се распушти) доколку изгуби на доверба кај генералниот совет.

Регионите главно служат за децентрализација на државната машинерија. Уставната реформа во 2001 значително ја зголемила способноста на регионите, особено во врска со законодавната власт и најголемиот дел од државните контроли биле укинати.

Во 2005 централно-десничарската влада на чело со Силвио Берлускони предложила крупна реформа во уставот во која се содржи големо зголемување на самоуправата во здравството и школството. Во јуни 2006, предлозите, кои се тесноповрзани со владините партнери на Берлускони, Северна лига (Lega Nord), и гледани како пат кон фенерална држава, биле отфрлени на референдум во сооднос од 61,7% на 38,3%.

Провинцијалните и општински влади работат по слични принципи: советите и изршните совети (giunte) провинциски претседатели или општински градоначалници.

Федерализмот во регионалната автономија е голема политичка тема во последно време, несомнено потпомогната од поновите партии како Северна лига.

Список на региони

уреди

Италија е поделена на 20 региони, од кои пет се автономни. Покраините во нив се наведени според указот „Сочувајте ја Италија“ (Salva Italia) донесен од владата на Марио Монти, според кој преорганизацијата ќе стапи на сила во 2014 г.[1].

Грб Име Изворно Админ. центар Површина Население[2] Густина
жит./км²
Покраини Општини Метроп. град Статус Претседател
  Абруцо Abruzzo Л’Аквила 10.763 1.344.955 125 2 305 - обичен Џовани Кјоди
  Апулија Puglia Бари 19.358 4.086.020 211 4 258 Бари обичен Ники Вендола
  Аостинска Долина Valle d'Aosta Аоста 3.263 128.820 39 0 74 - автономен Августо Роландин
  Базиликата Basilicata Потенца 9.995 585.386 58 1 131 - обичен Вито Де Филипо
Податотека:Veneto-Stemma.svg Венето Veneto Венеција 18,399 4.960.661 270 5 581 Венеција обичен Лука Ѕаја
Емилија-Ромања Emilia Romagna Болоња 22.446 4.465.863 199 5 348 Болоња обичен Васко Ерани
  Калабрија Calabria Катанѕаро 15.081 2.007.908 133 3 409 Реџо Калабрија обичен Џузепе Скопелити
  Кампанија Campania Неапол 13.590 5.833.891 429 4 551 Неапол обичен Стефано Калдоро
  Лацио Lazio Рим 17.236 5.789.993 336 3 378 Рим обичен Рената Полверини
  Лигурија Liguria Џенова 5.422 1.613.369 297 3 235 Џенова обичен Клаудио Бурландо
  Ломбардија Lombardia Милано 23.861 10.010.865 419 7 1544 Милано обичен Роберто Формињони
Марке Marche Анкона 9.366 1.568.835 167 3 239 - обичен Џан Марко Спака
  Молизе Molise Кампобасо 4.438 318.488 72 1 136 - обичен Микеле Јорио
  Пиемонт Piemonte Торино 25.402 4.467.914 176 5 1206 Торино обичен Роберто Кота
  Сардинија Sardegna Каљари 24.090 1.673.981 69 8 377 - автономен Уго Капелачи
  Сицилија Sicilia Палермо 25.711 5.043.480 196 9 390 - автономен Розарио Крочета
  Тоскана Toscana Фиренца 22.994 3.763.939 164 4 287 Фиренца обичен Енрико Роси
  Трентино-Јужен Тирол Trentino-Alto Adige/Südtirol Тренто 13.607 1.047.538 77 2 333 - автономен Лоренцо Делаи
  Умбрија Umbria Перуџа 8.456 909.965 108 1 92 - обичен Катјуша Марини
Фурланија-Јулиска Краина Friuli Venezia Giulia Трст 7.858 1.235.353 157 4 218 - автономен Ренцо Тодо

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.governo.it/Governo/ConsiglioMinistri/dettaglio.asp?d=69636 Архивирано на 24 септември 2015 г. Министерски совет] (италијански)
  2. ISTAT (италијански)