Катанѕаро
Катанѕаро (италијански: Catanzaro) е град во Италија. Катанѕаро е административен центар на провинцијата Калабрија во јужниот дел на земјата и главен град на истоимениот округ Катанѕаро. Сепак, овој град не е најголемиот град и економското „срце“ на покраината, тоа е Реџо ди Калабрија.
Катанзаро | ||
---|---|---|
општина | ||
Панорама на Катанзаро, горе лево: панорамски поглед на улицата Кротоне и Јонското Море кај Катанзаро Лидо, горе десно: Статуата на Бернардино Грималди во паркот Маргериа (Вила Маргериа), долниот горен лев агол: Фонтаната Каваторе на плоштадот Матеоти (Пјаца Матеоти), долниот долен лево: авенија Филипос (Viale de Filippis), долу десно: Мостот Моранди Вијадукт навечер | ||
Земја | Италија | |
Регион | Калабрија | |
Покраина | Катанзаро (CZ) | |
Управа | ||
• Градоначалник | Никола Фиорита (PD) | |
Површина | ||
• Вкупна | 102,3 км2 (395 ми2) | |
Најг. вис. | 342 м | |
Најм. вис. | 0 м | |
Население (31 декември 2013) | ||
• Вкупно | 91.028 | |
• Густина | 89/км2 (230/ми2) | |
Демоним | Катанзарези | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 88100 | |
Повик. бр. | 0961 | |
Светец-заштитник | Свети Виталијан од Капуа и and Свети Агатиј (ко-патрон) | |
Слава | јули 16 | |
Мреж. место | Матична страница |
Катанѕаро е познат како „Град три В “:
- Свети Виталино, заштитник на градот;
- Сомот, градот бил важен трговски центар за свила уште од времето на Византија;
- Ветер, градот е познат по силните ветрови од блиското Јонско Море.
Природни одлики
уредиКатанѕаро се наоѓа во јужна Италија. Градот е 616 километри јужно од главниот град Рим и 160 километри североисточно од Реџо ди Калабрија.
Релјеф
уредиКатанѕаро се наоѓа во централниот дел на Калабрија, на местото каде што полуостровот е најтесен. Се развил на три стрмни ридови над крајбрежната рамнина на Јонското Море, сместено југоисточно од градот (10 км). Поради близината до морето, градот се наоѓа на надморско ниво од околу 340 м (центар на градот), а неговата положба на ридовите над рамнината му дава на Катанѕаро специфичност.
Клима
уредиКлимата во Катанѕаро е изменета средоземна поради надморската височина.
Вода
уредиКатанѕаро е поставен многу високо и затоа нема поголеми водотеци, но низ градот течат неколку мали потоци.
Историја
уредиИако областа во која се наоѓа градот има долга историја, Катанѕаро не е толку стар град. Населбата на местото на денешниот град се појавила некаде во 10 или 11 век. со доаѓањето на Норманите на овие простори. Населбата била тврдина и како таква го бранела блискиот византиски град Скилетон, кој, како приморски град, бил постојано напаѓан.
Во 1860 годинаградот се приклучил на новооснованата Италија.
Во 1970 година Катанѕаро станал провинциски центар по бунтот во тогашниот главен град Реџо ди Калабрија.
Популација
уредиСпоред резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 89.364 жители.[1]
1931 | 1936 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
40.533 | 45.400 | 59.969 | 74.037 | 86.284 | 100.832 | 96.614 | 95.251 | 89.364 |
Во 2008 година Катанѕаро имал околу 94.000 жители, 3 пати повеќе отколку на почетокот на 20 век.
Говорот на локалното население е близок до сицилијанскиот дијалект, а во него се чувствува значајното влијание на грчкиот јазик.
Економија
уредиКатанѕаро, како провинциски центар, има развиен терцијарен (трговија, услуги) и кватернарен сектор (администрација, образование, банки). Индустријата е претежно во форма на мали бизниси.
Галерија
уреди-
Градски театар Politeam
-
Планини во внатрешноста на градот
-
Јужниот дел на градот
Наводи
уреди- ↑ „Statistiche I.Stat“. ISTAT. 28 декември 2012.