Разговор со корисник:Wikimk/Архива 2
Решено?
уредиЗдраво. Можеш ли да ми кажеш, што решивме ([1]) со оваа дискусија? Поздрав, Brainmachine (разговор) 15:11, 11 јуни 2010 (CEST)
- Здраво. Во основа станува збор за следното. Утре кога Македонија ќе стане кралство нема да има да потреба да ги менуваме категориите како „Реки во Република Македонија“ во „Реки во Кралството Македонија“. Мене ваквиот пристап ми изгледа практичен. Поздрав, --Wikimk (разговор) 15:16, 11 јуни 2010 (CEST)
- Да, но не дискутиравме дали „Република Македонија“ треба да се именува како „Македонија“, туку како да се прави разлика во именувањето на статии од типот на Административна поделба на Македонија заедно со категориите за нив, од една страна поврзани со државата, а од друга страна поврзани со Македонија (регион) или пак, поврзани со македонскиот народ. Види Википедија:Селска чешма#Расправа 2. Инаку, одамна веќе сме согласни дека реките и сè друго ќе бидат само во Македонија. --Brainmachine (разговор) 23:31, 11 јуни 2010 (CEST)
- Здраво. Во основа станува збор за следното. Утре кога Македонија ќе стане кралство нема да има да потреба да ги менуваме категориите како „Реки во Република Македонија“ во „Реки во Кралството Македонија“. Мене ваквиот пристап ми изгледа практичен. Поздрав, --Wikimk (разговор) 15:16, 11 јуни 2010 (CEST)
Граѓанска војна
уредиЗдраво Wikimk. Само да ти каќам дека ги вратив твоите две пренасочувања од Отомански интеррегнум го граѓанска војна во Отоманското царство. Тоа го направив бидејќи за тоа име треба да постои посебна статија. Види на en.wiki. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:47, 2 јули 2010 (CEST)
- OK. Јас имам направено грешка. Инаку, убави се и поучни тие статии за Османлиското Царство. Поздрав, --Wikimk (разговор) 00:06, 3 јули 2010 (CEST)
Вики средба
уредиЗдраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:45, 28 јули 2010 (CEST)
Без лични навреди молам
уредиАко мислиш дека IP адреса од кој има злоупотреба е моја, може да подадеш барање за проверка на стјуардите, да проверат тоа. Да ми кажуваш трол и да ми припишуваш IP aдреса на други корисници без да биде проверено е лична навреда.
Очекувам или да ја провриш IP адресата или да ми се извиниш дека ме нарече трол и дека ми пропишуваш други заслуги. Ќе те замолам исто така да се придржуваш кон правилата на Википедија и да не користиш повеќе лични навреди.
Еднаш веќе бев обвинет несоодветно, што беше потврдено од стјуардите, но сепак немам извинувања од страна на соодветниот администратор. --Стан (разговор) 12:49, 22 август 2010 (CEST)
- Здраво Стан,
ова втор пат ми го нудиш. Јас не сакам од тебе да правам жртва. Сакам да се разбереме како луѓе брат.
Поздрав,
--Wikimk (разговор) 13:16, 22 август 2010 (CEST)
НЕОФИЦИЈАЛНИ СТАВОВИ ОД ОФИЦИЈАЛНИ БУГАРСКИ ЛИЧНОСТИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ОД КРАЈОТ НА 19 И ПОЧЕТОКОТ НА 20 ВЕК
уредиВанчо ЃОРЃИЕВ
Кратка содржина
Во овој прилог презентираме неколку изјави од официјални бу гарски личности и претставници на институции во врска со ма кедон скиот идентитет. Тие недвосмислено потврдуват дека прет ставни ците на официјалните бугарски институции биле свесни за посебниот ма кедонски идентитет иако официјално сите ја застапувале, под др- жу вале и доследно ја бранеле и спроведувале тезата за бугарскиот ка рактер на македонското население. Наведениве примери ги обезвред нуват приговорите на бугарската историографија дека македон ската нација е коминтерновска твроба, измислица на скопските или србокомунистички историчари, дека терминот Македонец се ко ристел како географска одредница, а не за означување етничка при падност, дека тоа е продукт на македонизмот - протежиран од Стојан Новаковиќ, па дури и на неомакедонистите. Меѓутоа, примерите што ги приведуваме се од релевантни и компетентни бугарски инсти туции или нивни претставници за кои таквите квалификации немаат место.
Клучни зборови: МАКЕДОНИЈА; МАКЕДОНЦИ; ИДЕНТИТЕТ
Македонскиот идентитет од крајот на ЏИЏ и почетокот на ЏЏ век е сло жено и комплексно прашање, како тогаш, така и денес. При секој обид за негово детерминирање треба да се има предвид тогашната констелација и конфузната реалност која била последица на османскиот милет систем,1 1 Миллет - †народ#, †националност# или †народност#. Во Османлиското Царство немуслиманските народи „народи од книга“ имале внатрешна религиозна самоуправа. Тие биле групирани според верските заедници кон кои припаѓале. Така, сето православно население се сметало за †Рум милет#, а негов духовен поглавар бил Цариградскиот патријарх. Под терминот „Рум милет“ првобитно се подразбирало сето православно население без разлика на неговата етничка припадност. Подоцна овој терминот стал синоним за †Грк# во етничка смисла на зборот без оглед на националнаната припадност. Оттука терминот †Рум милет# треба да се сфати само како верска конотација за припадност кон Цариградската патријаршија, а не во етничка смисла. Со формирањето на Бугарската егзархија во 1870 година, аналогно на милет системот се појавил терминот †Булгар милет#, што станало синоним за Бугарин, меѓутоа тоа повторно означува припадност кон одредена црква, а не национална припадност.
УДК: 323.1(=163.3):327(497.2)"18/19" 254 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
не постоењето на методологија за попис на населението како во европските земји,2 разгранетиот систем на црковно-просветните пропагандни на соседните балкански држави и нивната асимилаторска политика кон македонското население. Од друга страна, во исто време не постоела никаква македонска институција која би послужила како стожер за било какво институционално обединување на македонското население и неговите интереси. Поради сложената македонска констелација, изворната документација од тогашните официјални институции не дава објективен одговор на прашањето за македонскиот идентитет. Таа е субјективна, еднострана, пристрасна и тенденциозна до степен кој е пропорционален со интересите на заинтересираната страна - институција од која потекнува документацијата. Оттука истата тешко може да претставува релевантен показател при утврдувањето на македонскиот идентитет. За посочениот период постои документација и од условно „незаинтересирани страни“ која ако не друго, барем делумно ги открива спротивностите и тенденците на заинтересираните и конфронтирани страни. Сепак од овој период постојат и сведоштва на објективно незинтерсеирани фактори кои врз научна основа настојувале да го разрешат прашањето на македонскиот идентитет. Со оглед на комплексноста и сложеноста на темата во овој прилог не претендираме на сеопфатен одговор на ова комплексно и сложено прашање. Напротив! Нашата цел е скромна. Повикувајќи се на неколку примери од извори од компетентни бугарски институции или нивни претставници да посведочиме дека тие своевремено биле свесни за посебниот македонски идентитет иако во основа сите ја застапувале, поддржувале и доследно ја бранеле и спроведувале тезата за бугарскиот карактер на македонското население. Наполно сме свесни за лавината рекции, коментари, одговори и контра аргументите што може да ги предизикаме. Меѓутоа, фактите кои ги нудиме се неоспорни. Тие однапред ги обезвреднуват приговорите од типот дека македонската нација е коминтерновска твроба, измислица на скопските или србокомунистички историчари, дека терминот Македонец 2 Во Османлиското Царство се евидентирало само машкото население според неговата вероисповест. За тоа постоеле т.н. †нуфуз дефтери# (еден вид матични книги). Во нив сите муслимани: Турци, Цигани, исламизирани Македонци, Алабанци, Черкези, Арапи и др. се евидентирани како †Турци#. Сите припадници од православната вероисповест под јурисдикција на Цариградската патријаршија се евидентирани како †Рум милет#. Додека православните верници под јурисдикција на Бугарската егзархија биле евидентирани како †Булгар милет#. Евреите се заведени како †Јауди#, додека Еврите муслимани се запишувани како Турци.
ГОДИШЕН ЗБОРНИК 255
се користел како географска одредница, а не за означување етничка припадност, дека тоа е продукт на македонизмот - воспоставен од Стојан Новаковиќ, па дури и на неомакедонистите. Напротив примерите што ги приведуваме се од релевантни и компетентни бугарски институции или нивни претставници за кои таквите квалификации немаат место. Првиот пример што го приведуваме е од 1885 година од Атанас Шопов.3 Тојој во својство на секретар на Бугарската егзархија во предвечерјето на обединувањето на Кнежеството Бугарија со автономната провинција Источна Румелија писмено се обратил до познатите руски слависти: Иван Сергевич Аксаков и Владимир Ив. Ламински, како и до Емил де ла Левеле во Лиеж. Притоа, А. Шопов од име на Македонците апелира тие со својот авторитет да се заложат за спроведување на ветените реформи во Македонија согласно Берлинскиот договор. Во тој контекст, А. Шопов меѓу другото пишува: „Словенскиот елемент во Македонија страда, тој моли само едно: да му дадат можност да постои, да не ја загрозуваат неговата народност, да се моли и да учи на својот роден разбирлив јазик... Македонците на Вас сметаат, на Вас се надеваат; помогнете со Вашето перо, со Вашиот ум, со Вашиот збор, со Вашите совети. Македонците сакаат само едно - точно исполнување на Берлинскиот трактат, ветените реформи, ништо повеќе. Тие знаат дека поголема желба од тоа во ова време е опасна. Македонците се спремаат да испратат молби до европските држави, дури и депутации и да бараат точно исполнување на Берлинскиот трактат за сметка на Македонија“.4 Во вторта половина на 1891 година во Софија била формирана Младата македонска книжевна дружина (ММКД) која во јануари 1892 година го издала првиот број на списанието „Лоза“.5 ММКД во Предговорот на списанието укажува на опасноста од странските пропаганди во Македонија 3 Атанас Шопов (1853-1922). Бугарски книжевник, општественик и дипломат. Роден е во Панѓуриште. Завршил медицинско училиште во Цариград. Во Санкт Петербург завршил право. Специјализирал во Париз. Работел во Софискиот апелационен суд и како редактор на в. †Отечество#. Од 1884 до 1890 бил секретар на Бугарската егзархија во Цариград. Од 1890-1897 година е редктор на весникот †Новини#. Од 1897 до 1908 година бил бугарски трговски агент во Солун, а потоа генерален конзул. Објавил повеќе историски книги: †Виновна ли е РусиÔ за погрома на БÍлгариÔ#; †Как ни се наложи Балканската воŸна#; †Д-р Стојан Чомаков#; †Реформите и заÈитата на христиÔните вÍ ТурциÔ 1876-1904#; †Народноста и езикÍт на Македонците#; †МакедониÔ от етнографска, историческа и филологическа гледна точка# и други. 4 ИлиÔ ИвановÍ, Сурови материÔли, Сб. ИлинденÍ, СофиÔ, 1929, 80-81. 5 Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997, 25-35.
256 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
и повикува на организирано спротивставување од страна на Македонците.6 Во прилозите објавени во „Лоза“ на еден вешт начин се прави обид за прикажување на посебниот историски, културен и етнографски карактер на Македонија, при што се води сметка да се подзадоволи и вкусот на бугарското општество.7 Освен тоа Лозарите практикувале еден специфичен јазик и правопис, различен од бугарскиот, со тенденција истиот да послужи како основа за идниот литературен јазик на Македонија.8 Поради овие тенденции Младата македонска книжевна дружина и списанието „Лоза“ се нашле на отстрел пред бугарското општество и влада. Притоа предводничката улога ја имал провладиниот официоз весникот „Свобода“. По појавата на првиот број на „Лоза“, в. „Свобда“ пишува: „Усилбите на целата интелигенција, на целиот бугарски народ, засега се насочени кон глува, бесшумна борба, за бугарско национално единство; се арчат и пари и сили, и народна енергија во таа борба со Србите и Грците; не се штеди ништо за да победи идејата дека Бугаринот од Македонија, Тракија и Мизија, е син на една и иста мајка Бугарија... и при сето тоа на самото предвечеје на таа засега нерамноправна борба во отворена војна, во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија излегуват луѓе што се осмелуваат да ги расипат плодовите од толкугодишните усилби, да докажат дека Македонците се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи! Какви подобри докази можаат да бараат Србите дека Македонија не е Бугарска?“.9 Поаѓајќи от ттука „Свобода“ заканувачки се обраќа на Лозарите: „Да не го навредуваат бугарското народно чувство со подигравка на светиот бугарски идеал! Ако сакаат да му пакостат на светото бугарско дело, да не го праваат 6 Во таа смисла во Предговорот на списанието стои: †Само еден поглед е доста да се видат насушните потреби на нашата родина. Благодарение на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се собрале севозможни надворешни елементи, кои, воодушевени од своите сосипувачки планови и интереси за нашата иднина, слободно и со трескава енергија го засилуваат антагонизмот кој што и така постои во земјата#. Поради тоа Дружината порачува: †Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од незаситните посегања..., затоа ни се потребни сили, а нашите се разнебитени, раздробени, значи, треба да ги соединиме, да ги собереме во една моќна сила, сила народна, ако сакаме да ја запазиме иднината на нашата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој чувствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој. Младата македонска книжовна дружина, имено, таа цел ја има предвид... За постигање на таа цел Дружината ја издава својата Лоза#. (Предговор, Лоза, И/1, И - ИИИ.). 7 Види: В. Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов..., 30-31. 8 Исто, 31; 34-35. 9 †Лоза#, месечно списание, издава Младата македонска книжевна дружина, Свобода, ВИ/774, СофиÔ, 18. 02 1892, 3.
ГОДИШЕН ЗБОРНИК 257
тоа барем во бугарската престолнина. Ете им го Белград: Нека повелат таму и од таму нека фрлаат камења врз зградата што се грижел да ја изгради целиот бугарски народ - од Црно Море до Дрим“.10 По излегувањето на вториот број на „Лоза“, „Свобода“ одново се нафрлила врз Лозарите овој пат преку перото на Левов.11 Тој меѓу другото пишува: „Младата дружина под превезот на книжевноста не ја гони целта и пропагандата за некаков фонетски правопис, туку тенденции и цели, колку куриозни, жални, толку збунивачки, срамни и опасни... Дружината полека лека ќе го подготвува бугарското општествено мнение за одделување на Македонија од Бугарија и полека лека ќе воведува зборови од охридското поднаречје што ќе биде литературен јазик на идната Голема Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на Лоза во својство на Филип или Александар!?! Итро и умешно замислено и тоа знаете каде? Во Софија, во тоа срце, центарот на Бугарија и бугаризмот!!!“.12 Левов откако ги анализира првите два броја на списанието Лоза констатира дека тоа е сепаратистичко движење и затоа ја алармира бугарската јавност: „Како што гледате Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, дека последната е населена со одделно словенско племе наречено Македонци; дека таму се собрале севозможни надворешни елелменти т.е. Бугари, Грци, Срби... дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се запазат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служела на истата цел“.13 Во 1896 година по меѓународното признавање на Фердинанд14 за кнез на Бугарија, истиот превзел широка турнеја низ Европа која започнала 10 Исто. 11 Д. Т. ЛевовÍ. †Лоза#, Свобода, ВИ/786, СофиÔ, 13. 04 1892, 3. 12 Исто. 13 Исто. 14 Фердинанд И Саксобурготски (1861-1948). Германски принц. Кнез на Бугарија (1887-1908) и цар на Бугарија (1908-1918). Син на австрискиот генерал кнез Август и кнегињата Клементина (ќерка на францускиот крал Луј Филип). Во 1887 е избран за кнез на Бугарија, меѓутоа не бил признат од страна на Русија и другите големи сили. По промената на Трновската конституција во 1893 се создале услови кнезот да склучи брак со Марија Луиза Бурбон - Пармска. Во 1896 по преминот на престонаследникот Борис во православна вера, Фердинанд бил признат од Русија, а потоа и од останатите големи сили. Кон крајот на ЏИЏ и почетокот на ЏЏ век, ја зацврстил сопствената власт и наложил т.н. личен режим. Во 1908 година се прогласил за цар на Бугарија, која истовремено прогласила независност. Со својата политика е одговорен за Втората балканска (меѓусојузничка) војна, кога Бугарија ја доживела првата национална катастрофа. Под негово влијание Бугарија се присоединила кон тројниот сојуз за време на Првата светска војна, кога ја доживеала втората национална катастрофа. Поради тоа во 1918 година абдицирал во корист на престолонаследникот Борис. По напуштањето на Бугарија се вратил на својот имот во Кобург - Германија каде и умрел. 258 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ од Цариград.15 Фердинанд во Цариград остварил бројни средби со официјалните османски лица и повеќе претставници на дипломатскиот кор. На 6. ИВ 1896 г., се сретнал со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓорѓевиќ.16 Притоа Фердинанд ја истакнал потребата од српскобугарско зближување за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија. Во разговорот Фердинанд потенцирал дека додека Србите и Бугарите се расправале за „раженот“, „зајакот с¢ уште бил в шума“.17 Во контекст на тоа Фердинанд истакнал: „Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде (Цариград б.н) кај нашиот заеднички Тате кај Султанот за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток... Ако тоа се реши културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“.18 При пописот на населението во 1901 година, Бугарија имала 3 580 000 жители.19 Во споредба со 1890 година бројот на населението се зголемил за 600 000 жители. Во врска со тоа се појавиле и една „Информација“ според која таквиот прираст на населението во Бугарија било последица на македонската емиграција.20 За ова „Информација“, бугарскиот дипломатски претставник во Виена му го свртел вниманието на тамошниот англиски дипломатски претставник. Според Информацијата во Софија имало 20 000 Македонци, во Пловдив 8 000, а значителен бил бројот на Македонците и во останатите бугарски градови. Освен тоа статистиката покажала дека една третина од офицерите во бугарската армија се Македонци, од 8 600 15 Повеќе за тоа види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает (1893-1903), Скопје, 2003, 39. 16 Михајло ВојводиÊ, Сбија у меÑународним односима крајем ЏИЏ и почетком ЏЏ века, Београд, 1988, 81-82. 17 Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделени (ПО), мф. 446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. ИИИ 1896. 18 Исто. 19 ДАРМ, ф. Фореинг Офи ице, 78/5146, мф 332, бр. 66. 20 Исто. ГОДИШЕН ЗБОРНИК 259 учители 2300 биле Македонци, од 38 000 државни службеници 15 000 биле Македонци, од 8 митрополити 4 биле Македонци, а од 3412 попови, 1262 биле Македонци.21 Покрај тоа секоја година во Бугарија пристигале 200 - 300 студенти Македонци. Поради тоа во Информација се истакнува дека „родениот Бугарин на секој чекор се среќава со Македонец, кој се натпреварува со него за неговата работа и воопшто за егзистенција“.22 Оттука македонското прашање во Бугарија веќе не било само политичко, туку и економско. Поради тоа Бугарите апелирале на Македонците да им се дадат реформи „автономија, Кралство или Република, без разлика што, само тие да се вратат во својата земја“.23 Тоа било „заеднички плач на сите бугарски партии“.24 Францускиот публицист, книжевник и новинар Гастон Рутие, есента 1903 година, веднаш по Илинденското востание ја посетил Македонија. Своите впечатоци од Македонија ги објавил во 1904 година во книгата:“Ла љусетион масéдоине – он доит ау пеупле вéритé“.25 Освен Македонија, Гастон Рутие ја посетил и Бугарија, каде собирал информации за македонското прашање. Меѓу другите, таму се сретнал со Иван Шишманов - бугарски министер за образование, кој според него бил доста забележителен и образован.26 Притоа во разговорот со него во врска со македонското прашање И. Шишманов истакнал: „По дест години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојата ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси, особено економски, што треба да ги созадаат со својта неуморна работа, ако сакаат да бидаат независни од државите што се понапредни од нив и чие производство би го уништило нивното. Како земјоделци, не ќе им биде воопшто од интерес да се спојат со земјодеските земји кави што се Србија и Бугарија; како индустријалци, ќе 21 Исто. 22 Исто. 23 Исто. 24 Исто. 25 Македонија во делата на странските патописци, 1903, редактор: академик Александар Матковски, Скопје, ММВИИ, 133. 26 Иван Шишманов (1862-1928), бугарски општественик, политичар, фолклорист, историчар на литературата. Роден е во Свиштов. Студирал во Виена, Јена, Женова и Лајпциг. Бил ми нистер за образование во Бугарија, член на бугарската акадмија на науките и претседател на сојузот на бугарските пистаели. Починал во Осло како учесник на конгресот на Пен клубот. Најголем дел од неговите трудови се објавени во Сборникот за народну умо творенија, наука и книжевност, издадени од Министерсвото за просвета. 260 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ сакаат да ја штитаат својата индустрија која ќе биде против нашата; најпо сле, тие ќе сакаат да ги задржат за себе местата на функционери во нив ната администарација и на офицери во нивната војска. Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа го мисли спротивното, таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Ма кедонија, тоа се илузии“.27 На крај Гастон Рутие заклучува: „докторот Ши шманов ја зборуваше вистината“ и дека „Македонија на Македонците е најдобра варијанта за да се избегне поделбта на оваа област, толку поса кувана, а да не се предизвика сомневање кај големите слили“.28 Интересни сведоштва за посебноста на Македонците и за нивната улога во бугарскиот општественоекономски, политички и културен живот дава бугарскиот трговски агент во Солун Атанас Шопов во својот извешатај од 20. ИИ (ст. стил) 1904 г., до Министерството за надворешни работи и вероисповест на Бугарија.29 Всушност во февруари 1904 година, А. Шопов имал средба со солунскиот валија Хасан Фехми паша, при што валијата постојано се оплакувал од Македонците и го прашал Шопов: „Дали Македонците уште бујствуваат во Бугарија?“ На тоа А. Шопов одговорил: „Како да не бујствуваат паша ефенди кога денес поголем дел од македонското население е во Бугарија, поголемиот дел од жителите на Софија се Македонци; голем дел од офицерите во армијата се Македонци; голем дел од видните чиновници се Македонци; целата македонска интелигенција од Македонија е во Бугарија. Македонска е и толпата по улиците“.30 По оваа валијата констатирал дека Македонците играат важна улога во Бугарија. На што Шопов додал „многу важна паша ефенди, поважна од секогаш. Улогата на Македонците во судбината и животот на Бугарите во општо секогаш била важна“.31 За поткрепување на изнесеното, А. Шопов го потенцирал придонесот што го дале Македонците на културен план за Бугарите. Во тој контекст ги наведува: отец Паисиј како автор на првата бугарска историја; Кирил Пеј чиновиќ и неговото дело кое наводно е на бугарски јазик; Теодосиј Си наетски кој ја отворил првата бугарска печатница во Солун и го испечатил 27 Македонија во делата на странските патописци, 1903..., 169-170. 28 Исто., 170. 29 ДАРМ, Бугарски генерален конзулат (БГК) - Солун 1896-1915, мф. Бр. 4278, Но. 181, 20. ИИ 1904. 30 Исто. 31 Исто. ГОДИШЕН ЗБОРНИК 261 пр виот бугарски буквар; потоа Неофит кој го отворил првото бугарско учи лиште во Габрово поради што се сметал за патријарх на бугарското учи лиште. Посебен впечаток остава фактот дека за ниту еден од нив не се вели дека е Бугарин, туку се потенцира дека тие се Македонци по род. Ис товремено А. Шопов, потенцирал дека Македонците дале значаен придо н ес и за бугарското црковно прашање. На повторната констатација од страна на валијата дека Македонците при неле значајни заслуги за бугарскиот народ, следи образложение: „не само за бугарскиот, туку и за грчкиот... во време на грчкото вос та ние...“.32 На крај од разговорот Шопов истакнал: „Така што гледате паша ефен ди какава улога играле секогаш Македонците во животот на бугарскиот народ. Уште поважна играат сега. Ако работата е за оплакување, ние од Бу гарија имаме повеќе право од Вас (Турците б.н) да се оплакуваме од Ма кедонците, зошто тие ни ја превзедоа нашата сила, тие ни ги зедоа најдобрите места и служби, тие ни ги превзедоа финансиите и градовите, тие ни ја презедоа војската и нашите министерства, тие ни ја презедоа трговијата, тие презедоа речи си с¢ во Бугарија... Избавете н¢ од нив заради Бога.33 За координација на бугарската политика во однос на македонското прашање во 1904 година при Министерството за надворешни работи на Бугарија било формирано Второто политичко одделение со задача „исклучиво да се занимава со македонските работи“.34 Оваа институција врз основа на сознанијата добиени преку официјалните бугарски институции, по разузнавачки канали, и други извори, изготвувала извештаи, анализи и предлози за потребите на бугарската политика во однос на македонското прашање. За таа цел на 25. ИИИ 1906 година е подготвен опширен извештај на 34 страници машинопис. Во него е направена анализа на состојбите во Македонија и македонското револуционерно ослободително движење предводено од ВМОРО како и на успесите и недостатоците на бугарската политика. Во документот истовремено се препорачуват сретства и методи за перспективната бугарска политика во однос на Македонија и македонското ослободително движење. 32 Исто. 33 Исто. 34 Види: Ванчо Ѓорѓиев, Бугарски документ од 1906 година за состојбите во Македонија и ВМОРО и бугарската политика кон нив, Историја, ЏЏЏИИИ/1-2, Скопје 1997; В. Ѓор- ѓиев, Политиката на Бугарија кон Македонија и ВМОРО 1904-1906 година, Историја, ЏЏЏИВ/1-4, Скопје 1998/9, 28-29. 262 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ Според извештајот главна задача на бугарската политика во однос на македонското прашање треба да биде: „од една турска Македонија, ние треба да создадем една цела, неделива и бугарска Македонија“.35 Додека во однос на идејата за автономија на Македонија која била програмска определба на ВМОРО во извештајот се вели: „Автономијата, ако таа се оствари, нам не н£ е потребна како одвлечен принцип на слободата. Таа треба да биде или бугарска автономија или никаква“.36 Во извештајот се констатира дека „триумфот за бугарскта идеја“, во Македонија, „ќе биде голем“, доколку „се подржува интернационалноста во Организацијата“.37 Меѓутоа во контекст на тоа се вели: „Интернационалноста на Организацијата не ќе рече прекинување на сите врски и одрекување од нашата (бугарска б.н) народност, како што проповедаат некои диви социјалисти од типот на Сандански и Черњопеев“.38 Последново е експлицитна потврда од официјално бугарско ниво дека Сандански и неговите приврзаници не само што не се чувствувале за Бугари, туку и така проповедале. По адреса на истата групација се изречени следниве констатации: „Луѓето, кои навистина ја оцрнуваат автономната идеја и предизвикуваат сомневање во нивните чувства кон народното (бугарско б.н) единство, за жал постојат во Организацијата“.39 Во продолжение за нив се вели: „Тие, кои мислаат, дека може лесно да се отцепат живеат со илузии за некакво помирување меѓу народите. Тие гледаат пречки во одделните аспирации на секој народ за територијално проширување... Тие се одрекуваат од политичката целина со Бугарија и претпочитат да образуваат од Македонија одделна политичка единица, која ќе послужела, барем како јатка на идната Балканска федерација“.40 Понатаму за истата група се вели: „Луѓето од таа група се вдахновуваат од мислата дека живеат за Македонија и само за Македонија. Ете зошто тие се хранаат со илузии да не му допуштат на бугарскиот кнез да стави кралска круна на својата глава за сметка на Македонија, а исто да ја бранат целоста и независноста на земјата од пљачката на кнезот“.41 35 В. Ѓорѓиев, Бугарски документ од 1906 година... 103. 36 Исто, 89. 37 Исто, 86. 38 Исто. 39 Исто, 96. 40 Исто, 96-97. 41 Исто, 97-98. ГОДИШЕН ЗБОРНИК 263 Во споменатиов извештај Македонците, вообичаено се третираат како Бугари. Меѓутоа, притоа се потенцира дека „за разбудување на бугарските национални чувства... заслуги имаат црквите и училиштата“.42 Последново е самопризнание дека присуството на „бугарска национална свест“ во Македонија всушност не е последица на некакво внатрешно чувство и самоопределување, туку наметната свест преку официјалните бугарски институции во услови на отсуство на било каква македонска институција. Интересно во извештајот кога станува збор за Македонците под српско влијние за нив се користат термините: Македонци,43 србомани,44 посрбени Македонци,45 и србизирани Македонци.46 Кон крај од документот се предлагат мерки за нивно оттргнување од српското влијание, на начин што за таа цел треба да се искористат услугите на неколку „вистински Македонци“.47 (Рецензент: проф. д-р Далибор Јовановски) 42 Исто, 85. На друго место во документот во врска со тоа се вели: †Училиштата го создадоа бугарскиот народ... На неговото блаженство (Егзархот б.н) му припаѓа честа,... за разбудување на светса кај македонските бугари.# Исто, 89.). 43 Исто, 83, 85, 106. 44 Исто, 85,106. 45 Исто, 85. 46 Исто, 106. 47 Исто.
еве ја референцата може да ти се најде ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ бр. 62 (2009) поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 12:49, 1 октомври 2010 (CEST)
ок. поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 17:01, 1 октомври 2010 (CEST)
Лидери по година
уредиЗдраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:17, 12 октомври 2010 (CEST)
Fundraising 2010_Translation & Localization
уредиGreetings Wikimk, my name is Sam and I am working for the Wikimedia Foundation during the 2010 Fundraiser as the liaison between the Macedonian community and the Foundation. This year's fundraiser is intended to be a collaborative and global effort; we recognize that banner messages that perform well in the United States don't necessarily translate well, or appeal to international audiences. I'm contacting you as I am currently looking for translators who are willing to contribute to this project, helping to translate and localize messages and suggesting messages that would appeal to Macedonian readers on the Fundraising Meta Page. Please let me know if you'd be interested in helping with this project, and add your feedback to the proposed messages as well! I look forward to working with you during this year's fundraiser. Schapman
10 години Википедија
уреди Здраво, Wikimk/Архива 2! Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница.
Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие. Поздрав и успешна работа! |
Западно римско царство
уредиЗдраво. Се надевам дека не сум премногу строг кон забелешките околу статијата, но кандидатурата веќе заврши. Сепак, започнав разговор на страницата за разговор на статијата, каде се надевам дека ќе се спогодиме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:46, 6 март 2011 (CET)
Нелегална имиграција
уредиЗдраво
Во врска со статијата Нелегална имиграција (http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0) што сте ја префрлиле направив целосна измена на текстот па ве молам да ја одобрите новата верзија што побрзо и да не правите промени во текстот бидејќи ми е за испит,на овој начин полагам.
Благодарам многу поздрав 03:00, 29 мај 2011 (CEST)
Покана за Вики средба
уреди Здраво, Wikimk/Архива 2! Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница. Поздрав и успешна работа! |
Оценувач
уредиЗдраво, како е? Ќе можеш да видиш, коментираш и евентуално гласаш за кандидатурата за оценувач на еден (веројатно) португалски корисник? Позз--Никола Стоіаноски 10:19, 21 јуни 2011 (CEST)
Разминуване во фактологијата
уредиЗдраво, има некакво разминуване во фактологијата во однос на Михајло Апостолски. Според изворите, тој бил во италијански плен и ослободен од таму преку барање на неговиот татко до министерот за војната на Царството Бугарија.
Според твојот извор, тој бил во бугарски затвор во Македонија, од каде што е ослободен рез барање на неговиот татко до министерот за војната на Царството Бугарија.
Може ли точно да цитираш што пишува во книгата во однос на логорот/затворот и неговото ослободување, за да може да си исчистат спротивставените тврдења. "Растислав Терзиовски, Михајло Апостолски. Поглед врз југословенско-бугарските односно вото Втората светска војна" Наша книга ", Скопје, 1982." --Стан (разговор) 18:30, 6 јули 2011 (CEST)
- Не се сеќавам да сме разговарале за ова прашање, може ли да го цитираш изворот за да го решиме проблемот. --Стан (разговор) 19:19, 6 јули 2011 (CEST)
- Ако не обезбеди точен цитат, за тврдењето, кое пред малку покрепи со извор, не ми останува ништо друго освен да го избришам. Се доставени извори со точни документи за случајот, кои велат токму спротивното на она што поддржуваш ти. Или фалшификуваш изворот или навистина професор Растислав Терзиовски напишал така. Каква е ситуацијата, ќе се разјасни откако се обезбеди точен цитат од напишаното од Терзиовски. Јас лично верувам дека нема да паднеш толку ниско, да фалсификуваш извори. --Стан (разговор) 19:55, 6 јули 2011 (CEST)
- Изгледа не си запознаен целосно со принципите на Википедија (Verifiability), за тоа ќе ти цитирам само 2 реченици.
- Ако не обезбеди точен цитат, за тврдењето, кое пред малку покрепи со извор, не ми останува ништо друго освен да го избришам. Се доставени извори со точни документи за случајот, кои велат токму спротивното на она што поддржуваш ти. Или фалшификуваш изворот или навистина професор Растислав Терзиовски напишал така. Каква е ситуацијата, ќе се разјасни откако се обезбеди точен цитат од напишаното од Терзиовски. Јас лично верувам дека нема да паднеш толку ниско, да фалсификуваш извори. --Стан (разговор) 19:55, 6 јули 2011 (CEST)
- When there is dispute about whether a piece of text is fully supported by a given source, direct quotes and other relevant details from the source should be provided to other editors as a courtesy. Do not violate the source's copyright when doing so.
- исто така:
- Sources must support the material clearly and directly
- Ако не обезбеди точен цитат, за тврдењето, кое пред малку покрепи со извор, не ми останува ништо друго освен да го избришам. --Стан (разговор) 20:11, 6 јули 2011 (CEST)
....Помнам, како во тоа време на вообичаените саботни повечеринки, т.е. седенки на моите родители со роднините, се муабетеше за воените подготовки на Германија и Италија. Се очекуваше богот Марс да затропа на Југословенската порта, та конечно да се случи долгоочекуваниот крај на српската окупација, следователно национално ослободување со пристигање на б’лгарската војска. Од денешен аспект ваквото очекување представува ерес (демек се живеело во голема заблуда, бидејќи б’лгарската војска дошла како фашистичко – царистичко окупаторска, што ке коле, беси, пали, гаси и други слични гадости). Многу наивни си бевме: со радост и скриени желби ги слушавме радио преносите од припојувањето на Јужна Добруџа кон Б’лгарија, непрекинатото “Ура” од ослободеното население, парадните маршеви и особено популарната песна “О добруџански крај, ти за мен си един рај"...Училишниот двор во нашата улица бргу се исполни со воени заробеници кои масовно се предаваа на Германците. Помнам кога еден од нив, штом го забележа истакнатото на една куќа б’лгарско знаме силно воскликна “Се вее нашето!”, а германскиот стражар му подвикна “Аншлус!” (нешто во таа смисла). На сите куќи карши училишниот двор се вееја б’лгарски и германски знамиња...Подоцна, по три години, воената среќа им се насмевна на Сојузничките сили, а ние ние Македонците итри по природа, наследена од Александар Велики, седнавме на победничкиот крај од воената клацкалка. По советска команда, б’лгарската отечественофронтовска армија ги плати борџовите на слабите си политичари, та се судри со Германците кои беа во отстапување. Притоа Б’лгарите дадоа коџа жртви (особено кај Страцин) и им овозможија на партизанските бригади да го ослободат Скопје. И овој пат народот со песни радост и поинакви знамиња го прославуваше ослободувањето. Потоа почнаа црните денови на болшевизацијата и србизацијата. Jingiby (разговор) 21:44, 8 јули 2011 (CEST)
- Здраво. Гледам дека си се поприкажал. Си ми посветил внимание. Тоа го почитувам. Туку, една друга работа не ми се допаѓа.
На англиската Википедија на два пати те замолив да ја водиме дискусијата на едно место (овде [2] и овде [3]), а ти тоа гледам не го сакаш. Ова е трето место каде дискутираме. :-(
Покрај тоа одбиваш да ми одговориш на прашањето кое до сега ти го поставив два пати. Ке се обидам уште еднаш овој пат на македонски јазик:
Зошто изводи од втората светска војна, од Бугарија која беше сојузник на силите на оската (и која ги испрати македонските евреи во Треблинка), се посигурни од комунистички извори од истиот период?
Не очекувам дека ќе одговориш и овој пат, ама ај да си прашам зашто ми го шириш муабетов, а старите муабети не ги завршуваме. Во секој случај ти посакувам пријатна забава на Википедија на македонски јазик.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 19:33, 9 јули 2011 (CEST)
Благодарам! Jingiby (разговор) 19:41, 9 јули 2011 (CEST)
Големина на наслов
уредиЗдраво Wikimk. Забележав дека при уредувањето на статијата „Депортација на Евреите од Македонија“ употребувате еднозначен наслов, што не е добро, бидејќи всушност насловот на статијата во горниот дел од екранот претставува таков и секоја следна помала единица треба да биде под двозначен или повеќезначен наслов. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:20, 10 јули 2011 (CEST)
- Здраво Wikimk. Супер статија, остави ја илустрацијата на мене. Поздрав--Р ашо 10:01, 10 јули 2011 (CEST)
- Не ме зафркавај! Посреќен ќе бев да не ги прочитав овие содржини. Се ежам. :-( Поздрав, --Wikimk (разговор) 10:03, 10 јули 2011 (CEST)
- Дали си бил во Музејот? Е тоа е доживување. Влези во просторијата каде што се наоѓа вагонот или во салата каде цело време се пуштаат документарци. Навистина е морбидно. --Р ашо 10:10, 10 јули 2011 (CEST)
Wiki, те ти уште еден извор: The Bulgarian Jews and the Final Solution, 1940-1944, Frederick B. Chary, University of Pittsburgh Press, 1972, ISBN 0822984431. За жал Глава 4 Deportation from the New Territories и Глава 5 The Failure of the Deportations from Bulgaria се недостапни. Поздрав! Jingiby (разговор) 10:16, 10 јули 2011 (CEST)
- Во статијата пишува дека не се испорачани бугарските Евреи. Ама не си ја прочитал цела. Немај гајле. Ќе додадам и други референци.--Wikimk (разговор) 10:24, 10 јули 2011 (CEST)
- И? Подобро ли е вака илустративно? ;) Сега уште Џинги Бинги да дојде и да почне да ги правда сликите.--Р ашо 12:21, 10 јули 2011 (CEST)
- Многу е подобро. Но, ако можеш да ги исправиш во Фотошоп оние сликите со урните би било добро. Малку се накосени. Во статијата треба да додадеме и поглајве од типот „Република Македонија во спомен на холокаустот на Евреите од Македонија“. Поздрав,--Wikimk (разговор) 12:24, 10 јули 2011 (CEST)
- И? Подобро ли е вака илустративно? ;) Сега уште Џинги Бинги да дојде и да почне да ги правда сликите.--Р ашо 12:21, 10 јули 2011 (CEST)
- Сликите што се фотографирани (мислам на тие старите) несмеам да ги исправам или стеснувам, бидејќи ќе изгледа како орогиналната, а на таа немамо право бидејќи подлежи на авторски права. Вака е мое дело. (бај јас така мислам) и btw немам фотошоп. Потребна е статија за музејот во Скопје.--Р ашо 12:28, 10 јули 2011 (CEST)
Статијата изгледа одлично и мислам дека би било добро да се предложи за „избрана“. Доколку има уште работа, може и да се почека. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:30, 11 јули 2011 (CEST)
- Може, ама не сега. Имам уште работи за додавање. Поздрав, --Wikimk (разговор) 14:46, 11 јули 2011 (CEST)
- Малку го проширив воведот со дел од најважната содржина, така што сега мислам дека статијата е целосна барем гледана од моментната состојба. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:21, 15 јули 2011 (CEST)
- Здраво. Воведот убаво е проширен. Мислам дека треба уште малку да се среди. Истото го мислам и за статијата во целост. Ај уште малку да се стрпиме за ставање на гласање. Има работи кои треба да се препточитаат, а богами и литература има многу на оваа тема. Се надевам дека нема да биде проблем да нешто подоцна да се предложи за изборна. Поздрав, Wikimk (разговор) 22:12, 15 јули 2011 (CEST)
- Малку го проширив воведот со дел од најважната содржина, така што сега мислам дека статијата е целосна барем гледана од моментната состојба. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:21, 15 јули 2011 (CEST)
ДСЗ факт
уредиДепортација на ЕВреите од Македонија
уредиОдлична работа! Секоја чест за пронајденета и употребена литература за создавање на оваа статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:52, 21 август 2011 (CEST)
Worldsheet
уредиТе молам ѕирни дали си го чул изразов, се употребува во теорија на струни. Јас го ставив како „површина на светот“, ама како работам натаму, не ми личи на соодветно тоа што го употребив. :) -Виолетова (разговор) 12:42, 25 септември 2011 (CEST) п.с. Било кој од вас (да не пишувам кај сите) ако знае како да го решиме овој израз, нека пише. Пишав кај Wikimk, затоа што тој ни е научникот на Википедија. Поздрав :) -Виолетова (разговор) 12:56, 25 септември 2011 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:37, 2 октомври 2011 (CEST)
Солидарност со пријателите од Италија
уредиЗдраво. Иако сме мали, мислам дека и нашата поддршка ќе им значи многу. Затоа доколку си поддржувач на штрајкот на корисниците на Википедија на италијански, во тек е собирање на потписи од корисниците на нашата Вики-заедница. Повеќе може да прочиташ овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:16, 5 октомври 2011 (CEST)
Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик
уредиЗдраво. На селската чешма предложив неколку технички подобрувања, кои мислам дека ќе го подобрат квалитетот на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е многу важно, па затоа Ве повикувам на дискусија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:32, 10 декември 2011 (CET)
Гласање за јубилејна статија
уредиЗдраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:19, 11 декември 2011 (CET)
Клима во Атина
уредиАтина има полу-пустинската клима (Köppen климатска класификација: BSh - Дозволениот максимум е 500мм). Просечни годишни врнежи изнесуваат 414 мм. http://worldweather.wmo.int/063/c00177.htm
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:03, 31 јануари 2012 (CET)
Покана за Вики средба
уредиНа 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:03, 1 март 2012 (CET)
Јубилејна статија (55.000)
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:26, 20 март 2012 (CET)
(ова е известување за сите администратори и поактивни корисници)
Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.
Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}}
кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можеш да го ставиш на твојата корисничка страница или некаде во корисничкиот простор за редовно да имаш пристап до овие задачи (види ја документацијата на шаблонот за параметрите).
Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:14, 1 април 2012 (CEST)
56.000 статии
уредиЗдраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:08, 5 јуни 2012 (CEST)
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:09, 10 јули 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 20 јули 2012 (CEST)
Ваше мислење
уредиЗдраво Wikimk. Сакам да ве замолам да се изјасните по повод дискусијата и предлог-решенијата „арбитража“ или „одземање администраторски права“ (или кое било друго решение за надминување на спорот) на корисникот Brest. Дискусијата е водена тука.--Никола Стоіаноски 18:05, 15 мај 2013 (CEST)
Конкурс за фотографија
уредиЗдраво Wikimk, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:44, 2 август 2013 (CEST)