Википедија:Барања за оценувачки статус/Ruy Pugliesi
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за оценувачки (уредувачки) статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор) (6/4/5); Закажано да заврши во 09:34, 27 јуни 2011 (UTC)
Ruy Pugliesi (разговор • придонеси) – По барање на корисникот. By request of the user. Никола Стоіаноски 11:34, 20 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука: Yes. Ruy Pugliesi◥ 05:06, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како оценувач. Се препорачува да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О: I am currently a global rollbacker (verify), and I already hold reviewer/editor permissions on bswiki (editor), enwiki (reviewer), commons (patroller), sqwiki (reviewer) and hiwiki (reviewer). I think it would be quit useful to have editor right here, because this flag would allow me to mark others' edits as reviewed
(review)
(when they represent constructive edits, instead of vandalism/nonsense/gibberish/hoax) while I'm monitoring the RecentChanges page. I'm also experienced with sysop tools on 3 wikis (ptwiki, strategywiki and testwiki). Ruy Pugliesi◥ 05:06, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- О: I am currently a global rollbacker (verify), and I already hold reviewer/editor permissions on bswiki (editor), enwiki (reviewer), commons (patroller), sqwiki (reviewer) and hiwiki (reviewer). I think it would be quit useful to have editor right here, because this flag would allow me to mark others' edits as reviewed
- 2. Колку често ги отворате скорешните промени?
- О: Everyday, everytime I'm logged in cvn-sw, monitoring small wikis. Ruy Pugliesi◥ 05:06, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- 3. Дали сте запознаени со основните проблеми на Википедија поради кои оценувањето е неопходно?
- О: Yes. :D Ruy Pugliesi◥ 05:06, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- 4. Дали досега сте отстранувале туѓи уредувања и дали некој отстранил Ваши уредувања? Како сте постапиле со другите корисници, на кои сте им го направиле и кои Ви го направиле тоа?
- О: Once I'm experienced with global countervandalism work, I'm always used to warn vandals, as soon as possible. If they keep on vandalizing, I report them to administrators in order to take the suitable course of action. Ruy Pugliesi◥ 05:06, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Општи коментари
уреди- Врски за Ruy Pugliesi: Ruy Pugliesi (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и учтиви во Вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, Ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
- I would like to ask Ruy a question. So far I have not seen that you speak or write any Macedonian and I think that might be a problem. My question is, how would you know something is a vandalism or not if you do not understand Macedonian?--Никола Стоіаноски 10:12, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- I can't write in Macedonian. However, I can understand that language. Also, I've learned from my experience as global rollbacker how to quickly identify any sort of unconstructive edits, such as vandalism/nonsense/gibberish/hoax... That's the reason why I've got reviewer/editor permissions in a lot of wikis (the language doesn't represent a barrier :D). Ruy Pugliesi◥ 03:40, 22 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Дискусија
уредиЗа
уреди- --Kiril Simeonovski (разговор) 21:52, 21 јуни 2011 (CEST) Од придонесите на корисникот забележително е дека досега има завидни уредувања кон отстранување на различни видови на вандализам и други несоодветни уредувања, што може да го прави и секој обичен корисник. Но, обичниот корисник не може да ги одобрува таквите отстранети уредувања, па мислам дека фактот што сепак корисникот прави нешто во насока на сочувување на комплетноста на содржините доволно ме убеди да гласам „За“.[одговори]
- Не сум сигурен, ама мислам дека Кирил е во право.--FlavrSavr (разговор) 11:07, 24 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- --Б. Јанкулоски (разговор) 12:37, 24 јуни 2011 (CEST Доколку корисникот навистина се покажал како полезен, тогаш не гледам зошто да не ја врши таа работа. Не знам колку разбира македонски, а колку ќе треба да бара преводи, меѓутоа очигледно постои доволна количина на вандализам за да го оправда неговиот ангажман. Самото одобрување е неопходно за да може да се прикажува поправената страница, а како што знаеме, немаме кадар на претек.
- Гласам за најмногу поради фактот што ако корисникот се стекне со такви права тогаш нема потреба да одиме по него кога враќа вандализми. Да напоменам дека овој глас не е со слаба поддршка поради јазичната бариера и лесно може да се одземат правата ако корисникот не се покажу снаодлив со работата.--Никола Стоіаноски 15:56, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- --Р ашо 16:18, 25 јуни 2011 (CEST) Ајде да видиме што ќе испадне од ова[одговори]
- --Ilija.milcinoski (разговор) 09:49, 27 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Против
уреди- --Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 15:47, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- --Vasil1234 -РАЗГОВОР :) 22:26, 21 јуни 2011 (CEST) се согласувам во целост со Тивер, но јас мислам дека овој корисник сепак не треба да ги добие правата за оценување. Позз --77.28.8.49 (разговор) 22:24, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- --Wikimk (разговор) 20:22, 22 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Kekev (разговор) 19:00, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Воздржани
уреди- Како прво не сум сигурен колку корисникот го зборува или пишува македонскиот литературен јазик и граматика, но според она што го гледам, незнае ништо очигледно. Од овде незнам дали ќе знае што и како да оценува. Знам дека ни се потребни оценувачи, но од овој калибар со сигурност не. Можеби сум грешка, па затоа ќе гласам воздржано, за да не грешам душа.--Тиверополник (разговор) 14:43, 21 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Во потполност се согласувам со Тивериополник - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 17:36, 22 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- -- Во целост се согласувам со Тиверополник --Jovanovskinikola (разговор) 15:08, 24 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- -- Очигледно и јас размислувам како Тиверополник штом сум воздржан. Не знам колку би можел јас, на пример, да бидам оценувач на португалската википедија, кога не знам ни збор португалски. Веројатно би барал превод преку Google translator или нешто слично. Ама, тоа не е тоа! -- Ajta (разговор) 14:48, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- И јас се ставам воздржана, бидејќи не сфаќам што бара човекот - на прашањата одговара на англиски, па не можам да решам дали треба или не треба да добие некакви права за оценувач. - Виолетова (разговор) 16:16, 26 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Луѓе, овде имаме едно недоразбирање. Корисникот Ruy Pugliesi не сака да биде „оценувач“ (reviewer), туку сака да стане „уредувач“ (editor). Ова јасно се гледа во неговото оригинално барање. Ова гласање е за доделување на статус оценувач, значи не е тоа што корисникот го побара.
- За разликата меѓу уредувач и оценувач, ве молам видете ја оваа страница. Уредувачот има за задача да ја обележи страницата како проверена, што значи дека таа не содржи очигледен вандализам или други, исто така очигледни, несоодветни содржини, ама квалитетот и точноста на содржината не се проверени. Ruy Pugliesi може да ја извршува оваа задача и покрај јазичната бариера (разликување меѓу вандализам и несоодветни содржини наспроти корисни содржини). Всушност, тој има прилично големо искуство во оваа работа, бидејќи има функција на global rollbacker, што значи дека може да враќа некорисни уредување исто како сисопите, но на сите викија. Неговата услуга овде е од голема корист, а со можноста за проверување на страниците ќе ни ја олесни работата. За давањето на статус „уредувач“ нема потреба од ваква бирократија (гласање и сл.) и секој администратор може да ја додели ако оцени дека корисникот ја разбира функцијата на алатката, ги има сфатено основите на Википедија и е добронамерен. Јас сметам дека ова е таков случај, па затоа ќе си земам за слобода да му дадам уредувачки права.
- Инаку, доколку корисникот навистина бараше оценувачки права, ќе гласав против, бидејќи во овој случај јазичната бариера навистина претставува проблем. За потсетување, оценувачот, покрај прегледувањето за очигледни несоодветни содржини во статијата, треба и да оцени дека нејзините информации се темелно прегледани, а содржината е исправна, непристрасна и квалитетно напишана. Бидејќи за ова е треба поголемо искуство, потребен е консензусот на заедницата (ваков избор) пред да ја дадеме таа одговорност. Поздрав до сите. --Brainmachine (разговор) 22:29, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Ова е во ред. Но јас гласав, бидејќи бев повикан за тоа и забележав дека имаме ново барање за оценувачки статус. Не знам по кој повод, но не е убаво да се затвори кандидатурата на помалку од два дена до завршување на предвидениот рок. Од друга страна, можеби и Никола одлучил да го предложи за „оценувач“ (барањето е насловено „Editor“, а одговорот на Никола е под „Check user“; ова е навистина тешко да се испушти).--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Иако мислам дека по грешка е направена, нека стои кандидатурава уште два дена, ама очигледно е дека нема да доделиме оценувачки права. Како што е веќе јасно, за да бидеш оценувач, прво и основно е да знаеш да читаш и разбираш македонски. --Brainmachine (разговор) 23:09, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Не е проблем тоа, ќе му дадеме само уредувач (секако слична е функцијата) не мора да му дадеме оценувач. А тоа со check user беше моја грешка :) се извинувам. Плус мислев дека мора да оди на гласање доделувањето на правата уредувач (така правевме со сите кандидатури, прво се гласаше па се даваа правата уредувач и оценувач). Корисникот ме замоли ама сам не сакав да одлучам, што знам каде би водело тоа :) --Никола Стоіаноски 00:14, 26 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Иако мислам дека по грешка е направена, нека стои кандидатурава уште два дена, ама очигледно е дека нема да доделиме оценувачки права. Како што е веќе јасно, за да бидеш оценувач, прво и основно е да знаеш да читаш и разбираш македонски. --Brainmachine (разговор) 23:09, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Ова е во ред. Но јас гласав, бидејќи бев повикан за тоа и забележав дека имаме ново барање за оценувачки статус. Не знам по кој повод, но не е убаво да се затвори кандидатурата на помалку од два дена до завршување на предвидениот рок. Од друга страна, можеби и Никола одлучил да го предложи за „оценувач“ (барањето е насловено „Editor“, а одговорот на Никола е под „Check user“; ова е навистина тешко да се испушти).--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 25 јуни 2011 (CEST)[одговори]
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за оценувачки статус, но е доделен само корисничко право уредувач по барање на корисникот. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.