Разговор со корисник:Guitardemon666/Aрхива 3
Сликите
уредисе од мемориjалниот комплекс на Баба Ванѓа, изграден од самата неjа по неjна идеjа и со неjзини пари во Рупите. Сега се управува од фондациjа, создадена од Ванѓа. Минералните извори во денешниот нивен вид се дел од истиот комплекс, внатре во дворот му. Сето ова е во врска со христиjанската традициjа цркви да бидат градени до свети извори. Мислам дека нема потреба да зборам за светите места, кои се составени од извор - црква/манастир - мошти на светец, по коj модел е проектиран и комплексот на Ванѓа. Комплексот е вреден и интересантен токму во неговата целина. Boban Krumeski (разговор) 15:39, 22 ноември 2008 (UTC)
- Прифатено. Не е проблем да се напише и посебна статиjа за мемориjалниот центар. Мислам дека идеjата е многу подобра одколку спорови и па спорови. А историjата на центарот е вистинска сага... Биди поздравен, Boban Krumeski (разговор) 15:59, 22 ноември 2008 (UTC)
Превод
уредиЗдраво Guitardemon666, убаво што ме поправаш, фала ти и извини однапред. Во следните неколку денови планирам да ги довршам никулците за цркви во Турција, па ако сакаш сакам помош околу превод: Hagia Euphemia = Света Еуфемија? Church of St. Mary of the Mongols = Црква Света Марија...? Monastery of Stoudios = Манастир Студиос??? Nea Ekklesia = Неа Еклешија??? Palace Basilica??? Monastery of the Panaghia Hodegetria = Манастир Богородица Ходегетрија??? Ако си на кеиф, те молам да направиш подобро никулче за црква. Позз--Астрион (разговор) 23:12, 25 ноември 2008 (UTC)
Грција????? wtf???
уредиGuitardaemon666, ја не сум против егзибиционизам, може и гол да шета чоек на плоштад, ама не знам која ти е поентата да ја афирмираш грција на македонскава википедија. Одговорни се (покрај нашата незрелост и дезорганизираност) за нашата сиромаштија, изолираност и, last but not least, пократок животен век. Да не зборуваме за стотиците илјади наши луѓе кои ги лишиле од основни човечки права на имот, самоопределување и државјанство. Нема потреба. Поздрав, --Црноризец (разговор) 22:23, 26 ноември 2008 (UTC)
- Навистина еве Рашо ти кажи ми, дали ако пишувам за Грција заслужувам да ми речи некој да се фрлам во канализациона шахта? (иако го променил сега гледам во 'нема потреба'). Kако и да е, еве ако некому му смета од некоја разумна причина тоа што пишувам за Грција ќе ги избришиме сите статии нема проблем.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 22:40, 26 ноември 2008 (UTC)
- Димон се извинувам што ќе се замешам и ќе одговорам овде. Црноризец, Википедија е пред сѐ — енциклопедија, а не интернет форум за искажување на своите чувства. Исто така, македонскато јазично издание на Википедија не е национална енциклопедија на Македонците, таа е општа енциклопедија и нејзината цел е да го пружи сето слободно знаење што постои на сите читатели, без разлика дали темата некој ја сфаќа како осетлива или не. Ова се нарекува неутрална гледна точка и е темелот на овој проект. Имајте во предвид: 1) не ја користете Википедија за да докажете некој став и 2) сите теми заслужуваат подеднакво внимание. Затоа ќе го вратам назад фактот за префектурите во ДСЗ, ве молам не се противете. Оставете ги овие мисли надвор од проектот. --Brainmachinewtf? 22:44, 26 ноември 2008 (UTC)
- Како прво Википедија не е енциклопедија само за „македонцките работи“. Тука статијата за тунгузиско село и Скопје се на исто ниво. Секоја статија е со иста релевантност. НО ако мене ме прашуваш лично тоа за грција не ми прави мерак. Боље пишувај за егејските села, за тампшните македонци и егејската историја. Тоа е мое мислење. --Raso mk (разговор) 22:48, 26 ноември 2008 (UTC) Р.Ѕ. Дали твоите пријатели грци би седнале на википедија (грчка) и би ја напишале буквата М од Македонија. Секако дека не. Волкот го менува крзното ама наравот не. Запамти
- Добро, Brainmachine, нема проблем. Јас го ставив пошто некако листата беше (и сеуште е) неажурирана. Нема врска, сметав дека е добро да се знае и тоа. А инаку тотално нема смисла да не објавуваме ништо за Грција на главната страница, демек сега забрането е да се зборува за нив? Еве никому не смета што грчкиот јазик е во листата на јазици на главната страница. Да го остраниме и тоа ако сакате. Ако утре некој ми рече дека Бугарите нѐ не признаваат, Албанците ни прават војни, треба да не ги споменуваме на главната страница стаиите поврзани со нив? Нема никаква логика, но ајде.
- А Рашо, Грците ми викаат и Македонија, и Македонец. Значи тоа што го гледаат луѓето на вестите и им ги пореметува нервите и ги прави сиромашни итн. е само ксенофобија. А не сакам да навлегувам во дискусија за Егејците, меѓутоа тие повеќе ја сакаат Грција од Македонија (освен протераните), така што не се потребни во разговоров.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 22:52, 26 ноември 2008 (UTC)
- Па нормално би било да си го сакаат повеќе Хелл асс, бидејќи таму се родени итн. Како би ни било нас Албанциве да го сакаат повеќе Косово и Шипнија. Или знаеме како е?--Raso mk (разговор) 22:56, 26 ноември 2008 (UTC)
- Не е нормално, бидејќи Грците низ цел свет си ја сакаат Грција повеќе од каде отишле на печалба. Албанците веќе не ги споменувам. Па и сите. А егејците? За нив за нивните имоти се изолирани луѓето во Македонија, не пошто Грција гради фабрики и работи пола Македонија кај Грци. Да не беа тие ние ќе имавме 80% невработеност. Ама реков нема да солам памет за политика, ни за Егејците не ми згрешиле ништо. Ним им е за парите, не за Македонија како ќе се вика, повеќе од јасно. Сепак нема врска, заврши дисуксијата, јас го кажав моето, а и Википедија си има начела што е, а што не е. На кои им смета ако е спомената Грција било каде тука, нека отворат блог да пишуваат за тоа како Википедија е срам за Македонците бидејќи пишува за Грција. !? Друго што да кажам, јас имам само најдобра намера. Плус ова ито како ќе им се најде на глупавите наши новинари кога ќе известуваат за Грција (ако знаат да се снајдат на интернет)
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 23:01, 26 ноември 2008 (UTC)
- ова го пишува на нашиот Шаблон: Дали сте знаеле
"Внимание! Овој шаблон се трансклудира директно на Главната страница. Може да биде уредуван само од регистрирани корисници. Бидете сигурни дека за Вашите измени има консензус. Благодариме. " Епа, нема консензус. Ќе има консензус кога ќе видам на грчката википедија БАРЕМ ЕДЕН напис за Македонија или било што македонско.
А што се однесува до оној став дека "Да не беа тие (грците) ние ќе имавме 80% невработеност", ај да ја поставиме работата вака: Да не беше грчкото задушување на Македонија (економско 1991-1995 и политичко 1ххх-денес), дали ќе се потпиравме на ситни грчки инвестиции или ќе имавме здрава домашна економија и подобри-поголеми-поквалитетни странски инвестиции??? --Црноризец (разговор) 23:41, 26 ноември 2008 (UTC)
- И уште нешто, за Егејците: кога некој човек ќе го ставиш во ситуација да бира помеѓу тоа да го задржи семејството, имотот и евентуално и имотот на комшиите, или да биде протеран во Ташкент-Варшава-Битола-Мелбурн-..., сигурно дека ќе го избере првото. Тоа не е избор. А тие стотици илјади протерани се и до денес обесправени луѓе од таа иста грција со 52 префектури и 1519238710 прерии. Не заслужува таа држава, која во континуитет ни нанесува зло, да стои на главната страница. Тука не станува збор ни за луѓето, ни за твоите лични чувства кон грција. Тоа е тоа. Врз основа на упатството за консензус, повторно го избришав линкот од Главната страница. --Црноризец (разговор) 23:57, 26 ноември 2008 (UTC)
- „Да не беше грчкото задушување на Македонија (економско 1991-1995 и политичко 1ххх-денес), дали ќе се потпиравме на ситни грчки инвестиции или ќе имавме здрава домашна економија и подобри-поголеми-поквалитетни странски инвестиции???“ Многу јасно дека исто ќе беше. На странците не им е гајле дали Грција нè сака или не, важно им е дали сме способни да го направиме бизнисот да успее, а во оваа држава малку потешко, ние сме криви не грците. Инаку, отсега ако има спомнато и најмал детал на главната страница за Отоманската Империја (нè угнетуваа со векови), Србија (не ни ја признаваат црквата) или Бугарија (не ни го признаваат јазикот) ќе протестирам да се отстрани.
√ гитардэмон √ говори со мной √ 13:05, 27 ноември 2008 (UTC)
Иницијатива за квалитетни статии
уреди Здраво, Guitardemon666/Aрхива 3! Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:42, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 25.000
уреди Здраво, Guitardemon666/Aрхива 3! Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:42, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива за градови во Македонија
уреди Здраво, Guitardemon666/Aрхива 3! Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 20:28, 30 декември 2008 (UTC)
Баба Ванѓа and the copyright
уредиHello. I'm PetaRZ, user of this wiki and administrator of bg wikipedia. I don't pretend to have extensive knowledge on copyrights, but I obviously have a better grasp of these than you. The very concrete occasion to write you is your reversal of my copyvio removal from the article Баба Ванѓа. In a very good-faith-assuming fashion, I explained my action on the talk page. To my astonishment, you reverted my edit, so you re-introduced a copyright violation in Wikipedia! How comes that a wiki administrator like you, of a freely licensed website like Wikipedia promotes a violation of copyrights? (Remember the notice at the bottom of the site with the copyvio in question, IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004). Now, I'll give you a free lesson on adminship, but listen very carefully, I shall say this only once:
- Admins must be an example of people who assume good faith, spread wikilove and be very sensible to copyright violations. So I except from you to prevent other editors from reverting my copyvio removal and to explain them carefully what is copyright, copyright violation and how Wikipedia is a free site;
- In the future, when you undid edits from novice users (at least to your Wikipedia), you should explain on their talk pages why you undid their edits. Until this moment, the link to my talk page is still red, which is not a good sign for the communication of mk Wikipedians with novice editors of their Wikipedia;
- The page Баба Ванѓа is semi-protected from 17 мај 2008. Pages can be protected until a dispute is resolved, but after that they should be unlocked, because here, in principle, anyone can edit;
- This is not the first time I encounter copyright violations. I'm now reiterating an old demand to delete another flagrant copyright violation. Please, let my hope in the copyright and free-culture respect of mk wikipedia returns. Kind regards, PetaRZ (разговор) 22:59, 6 јануари 2009 (UTC)
- I replied you on my talk page. Please tell me if this reminder was necessary. PetaRZ (разговор) 22:44, 7 јануари 2009 (UTC)
Зошто?
уредиЗошто си ги избришал знамињата на шаблоните? Од инат? Секоја чест.-- MacedonianBoy Oui? 13:13, 19 јануари 2009 (UTC)
Одлично.
уредиДобро извин не мислев да бидам толку груб само ме изнервира што имаме такви статии и секогаш кога го ставам тој шаблон сите го тргаат и велат дека може да се поправи статијата ама не ја поправаат. Инаку инзоредна трансформација си и направил. Поздрав --Макс(разговор) 13:31, 19 јануари 2009 (UTC).
За табличлите
уредиЗдраво, Дали може да се обидеш да најдеш таблички кои во последните два карактери нема да имаат буква „О“, зашто оваа табличка која е ставена во статијата не само што има „О“, туку има и „I“, па така (на некој што не знае) може многу лесно да му заличи и на „01“. Поздрав, Wikimk (разговор) 19:15, 20 јануари 2009 (UTC)
ГазиЈантеп???
уредиЗдраво Гитар. Навистина не ми е јасно зошто ја премести страницата Газиантеп во Газијантеп? Правописно е Газиантеп, а и звучи поприродно, а и турското име е без Ј. Boyan (разговор) 20:22, 21 јануари 2009 (UTC)
Па според некои правила на македонска транскрипција се додава Ј во транскрибирањето од било кој јазик, било грчки, било латински. Пример е ХераклеЈа, Ахаеја и слично. По таа логика. Освен тоа, некој веќе ја имаше преместено статијата за соодветната покраина, па по тоа постапив и јас. Инаку на тие страни за турските покраини им треба уредување. Не се напишани некако уредно.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 20:26, 21 јануари 2009 (UTC)
- Да, но во атласот на Просветно Дело, градот е напишан Газиантеп. Мислам дека примерите што ти ги даде (Хераклеја и сл.) се од друг тип, така што не соодветствува нивната споредба со Газиантеп. Boyan (разговор) 20:33, 21 јануари 2009 (UTC)
- Хмм, не знам не сум стручен на ова поле, мислам да ја прашаме г-ѓа Виолетова ќе ни каже веројатно најдобро. А јас постапив механички само, не сум сигурен.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 20:35, 21 јануари 2009 (UTC)
- Гитардемон оди по правилото кое гласи: помеѓу буквите и и а во македонскиот јазик стои буквата ј. Но мислам за овој збор не го користиме тоа. Поздрав-- MacedonianBoy Oui? 20:46, 21 јануари 2009 (UTC)
И јас мислам дека е Газиантеп, го имам прочитано во наша литература, но сепак добро е ова за дискусија. А, јас што даправам со латинските имиња за папите. Точно е дека латинскиот не е тежок за транскрипција, нио во различни книги за иста личност, името е дадено со различна транскрипција. А, и веќе го затеков погрешно преведениот шаблон. Мислам дека оваа дискусија треба да ја додадеме во порталот Википолитика. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:49, 21 јануари 2009 (UTC)
Молба
уредиАј ако сакаш, види во статијата за Централна Македонија, ставив некои градови ама не сум сигурен како се македонските имиња за градовите. Тие што ги знам ги пишав а останатите разлистај ги, не се многу. Поздрав-- MacedonianBoy Oui? 00:09, 22 јануари 2009 (UTC)
- Е ај не зезај не ми се ултранационалисти, па јас живеам со албанци, ако бев ултра ќе живеев во Пробиштип :). Поздрав-- MacedonianBoy Oui? 00:19, 22 јануари 2009 (UTC)
- Види во принцип овие не се населени места во смисол град/село, туку се како населби/маала во Солун (скоро сите). Така што најверојатно нема македонско име за нив бидејќи не постоеле во тоа време. Е сега некои имаат значење на македонски, но нема смисла Сикиес да го преведеме како Смокви :) Веројатно треба да останат грчките имиња. На cè што има македонско име го пишувам македонското име, но тоа што нема македонско, грчкото се користи.
- Аха, оки.-- MacedonianBoy Oui? 00:25, 22 јануари 2009 (UTC)
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 00:23, 22 јануари 2009 (UTC)
- Инаку има Турци во Пробиштип :) :)
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 00:23, 22 јануари 2009 (UTC)
- Е добро де, мислев мнозинството се македонци, не ме држи за збор.-- MacedonianBoy Oui? 00:25, 22 јануари 2009 (UTC)
Ај види ја статијава дали држи вода, бидејќи ти си од Битола би требало да си повеќе запознат со тоа. Ако е ок, да ја средиме. Поздрав-- MacedonianBoy Oui? 18:39, 22 јануари 2009 (UTC)
- Држи вода, ама малку претерана е, секако :) Треба само да се додадат шаблоните тие што се за битолските населби и ова она. Моментално цел ден сум на компјутер читам белешки за испити, инаку немам навистина време, само вака кога се одмарам од читање. Ако не јас ќе ја средам ама не знам точно кога ќе можам. Ја набљудувам во секој случај па нема да ја заборавам.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 19:51, 22 јануари 2009 (UTC)
- Епа оки, не знаев јас за ова но нека си седи. Поздрав-- MacedonianBoy Oui? 19:53, 22 јануари 2009 (UTC)
Ре
уредиЗдраво Guitardemon666, не сум вдол бре, ми отиде цел саат по една статија, ама тоа е. Поз--Астрион (разговор) 18:52, 22 јануари 2009 (UTC)
Иницијатива 2009-година на астрономијата
уреди Здраво, Guitardemon666/Aрхива 3! Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 14:01, 23 јануари 2009 (UTC)
Шаблонот за ѕвездите
уредиНе се појавува веднаш промената? Сега ја отворив Бетелгез и си стојат англиските називи... И да те замолам нешто - во самиот шаблон имаше грешка: Епоха (астромија) - поправи го во астроНОмија, и Ѕведена класификација - во ЅвеЗдена ... Сработени се тие статии, и пренасочени на нова статија без грешка во името, а погрешниве избриши ги... Пишав тоа кај Брест уште пред 5 дена, ама го нема... Поздрав --Виолетова (разговор) 23:16, 23 јануари 2009 (UTC)
- Готово, суредено уште од сношти :) --√ гитардэмон √ говори со мной √ 12:32, 24 јануари 2009 (UTC)
- И тоа е го сменав, освен ако на два пати ја имало истата грешка па на едно место сум ја сменал. Мислам дека е готово сè.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 12:36, 24 јануари 2009 (UTC)
Почекај
уредиОд каде кандидатурата на МБ е неуспешна? Ај те молам врати се како што беше и остави да се изгласа до крај. Сепак гласањето е до 29 јан. Плус тоа сега за сега МБ го има потребниот консензус. И на крај гласот од Александар нека не седи во воздржани, бидејќи тој самиот напомена дека неговото не е глас туку коментар. Фала--Raso mk (разговор) 23:30, 24 јануари 2009 (UTC) Р.Ѕ. Ја устравте википедија.
- Незнам на што мислел, но ако било лутина или револт, тоа значи дека треба само да го ревертираш и да оставиш да си тече процедурата до крај. Како и да е изричито стојам на тоа да се гласа до 29.
- Немој да ме сфатиш грешно, и јас сакав да се изгласа, но тој напишал дека се повлекува од кандидатурата. Не може туку така денес се повлекува утре да се враќа. Значи со тоа сакал да каже дека сигурно се повлече. Затоа и вака.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 23:36, 24 јануари 2009 (UTC)
- А да почекаме официјално?--Raso mk (разговор) 23:39, 24 јануари 2009 (UTC)
- Знаев дека погрешно ќе ме сфатиш. Поофицијално од ова не може. Ја повлече кандидатурата, сам напиша. Пишува во правилникот дека кога кандидатурата е повлечена од тој што се кандидирал, автоматски е неуспешна и гласањето е завршено.
- А да почекаме официјално?--Raso mk (разговор) 23:39, 24 јануари 2009 (UTC)
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 23:41, 24 јануари 2009 (UTC)
- Е ај дај некаде да прочитам. Навистина ме заинтересира. : )--Raso mk (разговор) 23:43, 24 јануари 2009 (UTC)
- ВП:БзАС --√ гитардэмон √ говори со мной √ 23:46, 24 јануари 2009 (UTC)
- Е ај дај некаде да прочитам. Навистина ме заинтересира. : )--Raso mk (разговор) 23:43, 24 јануари 2009 (UTC)
- Ако мислиш на ова:
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:
Ја прифаќам номинацијата.Се повлекувам од номинацијата. - грешка си. Значи МБ не се повлекол според правилата и тоа значи дека гласањето може да продолжи. Ќе треба да почекаме да се откаже според правилата (правила во кои некој тука се крсти или сам ги создава)--Raso mk (разговор) 23:57, 24 јануари 2009 (UTC)
- Не гледам причина да си мислиш дека има некаков заговор, и дека се обидувам да му ја одземам кандидатурата или било што. Тоа што не се повлекол според правилата не значи дека не се повлекол, значи дека страницата не е форматирана како што би требало кога се повлекува некој, бидејќи не го прочитал видочот, иако би требало пред да се кандидира. Ако го прочитал, ќе знаел. И не, не се крстам во него, а тоа што сум го превел јас не значи дека јас сум го создал, копија е од англиската википедија. А ако сакаш толку технички и исцепкано, тој го немаше наведено тоа дека ја прифаќа кандидатурата, така што не му се важи, ако одиме по твојата логика. Едноставно, не може еден ден да се откажува (макар нека и со неразумно размислување од бес или лутина, иако не гледам причина за тоа), а другиот ден да сака да се продолжи со кандидатурата. Не е до мене да одлучувам, тој сам одлучил, јас само ја уредив страницата како што треба да изгледаат сите неуспешни кандидатури (тука спаѓаат и повлечените).
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 00:07, 25 јануари 2009 (UTC)
Ау! Се изненадив дури до кај отиде работата... уште ДНК и СИДА тест да му побаравте на дечкото... Извини кај тебе што пишувам, ама го видов муабетот со Raso mk... Поздрав --Виолетова (разговор) 00:04, 25 јануари 2009 (UTC)
- Јас не гледам причина да се откаже од Википедија, мене кога ми рекоа дека не сум подобен за администратор, едноставно ги прифатив нивните (на поискусните корисници и админи) критики (кои воглавно беа истите како кај MacedonianBoy) и се кандидирав повторно, и ете станав администратор и се надевам дека сум неутрален и сè она што треба да биде администраторот. Не гледам да му побарале нешто многу, а впрочем имаше и доволно гласови за да стане админ, но сепак тој реши да се откаже. Не е виновен никој друг што грешно и лошо ги прима коментарите. Извел заклучок дека не го сакаат на Википедија, што навистина ми е нејасно.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 00:07, 25 јануари 2009 (UTC)
- Ние сме меѓу трите википедии во светот (другите две се англиската и корејската) кои имаат водич за барања за администраторски статус. Во него убаво се објаснети некои работи, како на пример:
- Процесот на номинација не е наменет како форум за гласање за популарноста на номинираниот или неговата сила како уредник. Тоа е форум преку кој се добива консензус за тоа дали уредникот треба да добие администраторски права. Уредникот не треба да го разбере произлезот од БзАС како потврда или осуда на нивната работа како уредник, туку како проценка на неговата можност соодветно да ги користи администраторските права.
- За некои корисници, нивото на критичност и сериозност е премногу тешко. Некои уредници ја напуштиле Википедија како последица од некое непријатно БзАС. Ова не треба да се случува, бидејќи овој процес не ја суди вредноста на корисниците за Википедија. Постојат многу добри уредници кои не би биле добри администратори.
- БзАС може да биде тежок процес. Вашето минато досие ќе дојде под лупа и било какви сомнителни дела можат да доведат до напорна отворена дискусија. Ако не сте искусни во справување со конфликти, тоа може да биде навистина вознемирувачко. Од друга страна, можете да го искористите вашето искуство за да ја измерите вашата способност за справување со конфликти.
- Навистина немаше потреба MacedonianBoy да добие впечаток дека не го сакаме на овој проект — напротив! Тој ни е на трето место по број на уредувања! Зошто би сакале да го отстраниме?! Мислам дека доби погрешна импресија — едноставно БзАС процесот е тежок — тој вклучува ДНК и СИДА тестови. Се надевам дека ќе се врати што побргу :( --Brainmachinewtf? 00:47, 25 јануари 2009 (UTC)
- Ние сме меѓу трите википедии во светот (другите две се англиската и корејската) кои имаат водич за барања за администраторски статус. Во него убаво се објаснети некои работи, како на пример:
- Едноставно нели ГЕЗ и NOSARC. Секоја понатамошна дискусија е излишена и одвишна. Лека ноќ--Raso mk (разговор) 00:59, 25 јануари 2009 (UTC)
- Аха, токму така. --Brainmachinewtf? 01:12, 25 јануари 2009 (UTC)
- Brainmachine, процесот не изгледал многу тежок за твојата кандидатура, освен едно конструктивно прашање од EfkoMKD во врска со твоја изјава: "Јас само се обидувам да ви го спасам мајчиниот јазик на Википедија"... што мене воопшто не ми се допаѓа, заедно со новата кутија - Гласањето е злобно, и кратенката за разговор која содржи кратенка од пцовка - wtf?. Да објаснам: да изјавиш дека ни го спасуваш јазикот значи дека не го осеќаш како свој; да изјавиш дека гласањето е злобно - значи дека поддржуваш диктатура; а кратенката wtf е директна навреда за секој што ќе посака да ти се обрати... За последниве месец и пол успеа „да ја спасиш“ Википедија со своите забелешки од двајца добри уредувачи и еден потенцијален. Поздрав и лека ноќ --Виолетова (разговор) 00:04, 25 јануари 2009 (UTC)
- Виолетова, морам да се одбранам: реченицата „Јас само се обидувам да ви го спасам мајчиниот јазик на Википедија.“ ја извадивте од контекст. Најпрво — таа не е моја реченица, таа ја кажа корисникот iNkubusse во еден свој одговор на EfkoMKD (еве точно каде).Исто така, морам и да го одбранам iNkubusse — повторно, треба да се сфати контекстот во кој таа беше кажана: корисникот подигнуваше слики без внимание на авторските права, а во тој момент добивме закана од еден администратор од англискиот проект дека македонскиот проект на Википедија ќе биде укинат доколку не го разрешиме проблемот со преголемиот број прекршувања на авторските права. iNkubusse му одговори на EfkoMKD дека ќе има Википедија, но само не на нашиот мајчин јазик. Исто така и јас му го објаснив ова на корисникот во еден мој подолг одговор кадешто дури го објаснив и значењето на таа реченица на iNkubusse. Понатаму немаше никакви други недоразбирања со EfkoMKD. Доколку сте прочитале внимателно, во мојата кандитатура на одговорот на прашањето на EfkoMKD јас појаснив дека „Во конкретниот разговор кога ја употребив таа реченица, го цитирав iNkubusse. Тој исто така мислеше на јазикот на овој проект, а тоа е македонскиот.“, а сепак одговорив дека македонскиот ми е мајчин, за секој случај.
- Brainmachine, процесот не изгледал многу тежок за твојата кандидатура, освен едно конструктивно прашање од EfkoMKD во врска со твоја изјава: "Јас само се обидувам да ви го спасам мајчиниот јазик на Википедија"... што мене воопшто не ми се допаѓа, заедно со новата кутија - Гласањето е злобно, и кратенката за разговор која содржи кратенка од пцовка - wtf?. Да објаснам: да изјавиш дека ни го спасуваш јазикот значи дека не го осеќаш како свој; да изјавиш дека гласањето е злобно - значи дека поддржуваш диктатура; а кратенката wtf е директна навреда за секој што ќе посака да ти се обрати... За последниве месец и пол успеа „да ја спасиш“ Википедија со своите забелешки од двајца добри уредувачи и еден потенцијален. Поздрав и лека ноќ --Виолетова (разговор) 00:04, 25 јануари 2009 (UTC)
- Доколку го прочитавте внимателно есејот за гласањето, ќе забележите дека сте грешка: јас воопшто не поддржувам диктатура — јас во тој текст велам дека подобро е да се дискутира и да се дојде до заедничко решение, отколку да се гласа. Гласањето ја охрабрува заедницата да остане поделена преку одбегнувањето на дискусија и затоа сметам дека е лошо, а мислам дека и секој би се согласил во врска со тоа. Го употребив ова за да ги потсетам корисниците дека е подобро да дискутираме, а не да гласаме, конкретно во номинацијата на MacedonianBoy. Што се однесува до мојот потпис, „wtf?“ не претставува никаква пцовка, тоа се само 4 симбола кои секој може да ги интерпретира како сака. „wtf?“ не е збор со значење, ниту директна навреда за секој што ќе посака да ми се обрати. Туку проблемот е што успеав со помош на сите мои долги излагања и на сите мои објаснувања и дообјаснувања (како на пример ова мое објаснување) да ја стекнам омразата на сите можни корисници, вклучувајќи Ве и Вас, па затоа го користите и тоа безначајно „wtf?“ против мене. Јас не му реков на MacedonianBoy да ја напушти Википедија — тој се навреди заради тоа што јас зазедедов страна против неговата кандитатура, а исто и Вие (барем претпоставувам дека заради тоа ми се лутите) — една од двете опции за една кандитатура (спротивно од диктаторство). Но јас ве разбирам и не ви се лутам, а и се извинувам што ги вознемирувам сите на овој проект. Лека ноќ --Brainmachinewtf? 02:35, 25 јануари 2009 (UTC)
Поздрав колеги
уредиЈа сам админ са sr-wiki, желим да те поздравим, али и да ти кажем да коментар на измену коју си направио није коректан. Јасно је да је твоја измена у реду и да је нећемо враћати. Ипак, нема потребе за онаквим речима које ће, као што знаш остати у историји странице. Уместо тога, можемо лепо да сарађујемо. Поздрав и све најбоље.--Metodicar (разговор) 16:56, 29 јануари 2009 (UTC)
- Веќе ти одговорив на српската википедија, навистина лудак! :) Нема врска, нема да го добие компјутерот повторно :) :) Поздрав, и извини повторно! --√ гитардэмон √ говори со мной √ 17:05, 29 јануари 2009 (UTC)
Нема проблема колега, све је заборављено и ако ишта треба да се договорно одради око македонских клубова или нечег другог, ту смо. :) Поздрав.--Metodicar (разговор) 17:15, 29 јануари 2009 (UTC)
Иницијатива 500 (избрани) статии
уреди Здраво, Guitardemon666/Aрхива 3! Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:38, 1 февруари 2009 (UTC)
Сепак...
уредиМислам дека, како што сега стојат работите, сликата не мора да е присутна на страницата ама сепак нека остане.
Што се однеусва до референците. Тие се пишуваат на оригиналниот јазик (види ВП:ЦИТ).
Поздрав, Wikimk (разговор) 17:02, 2 февруари 2009 (UTC)
За Власите
уредиЗдраво. Како што разбирам, по грчки повеќето време „Влахи“ значи Власи (Ароманци), како што викате, но понекогаш значи вкупно Власи и Каракачани, и поретко може да значи општ сељак. Зборот има многу значења; во хрватските острови зборот „Влај“ (иста етимологија) значи „човек од копното (т.е. Xрватска на балканскиот полуостров)“ ама се употребува на навредлив начин. Смешно, нели :) Поздрав. Балканец What man, what? 13:20, 4 февруари 2009 (UTC)
Конвенции за именување.
уредиТе молам види го ова! [1] --Макс(разговор) 14:06, 9 февруари 2009 (UTC)
Летни олимписки игри - 1936
уредиЗдраво. Гледам дека си го ставил шаблонот за обрнување внимание на статијата Летни олимписки игри - 1936, со објаснување дека има мали нејаснотии. Во последно време имам забележано дека тоа го правиш и со други статии. Според мене тоа е одлична работа, но има еден мал проблем. Веќе кога имаш забележано дека има нејаснотии, зошто веднаш не ги поправиш наместо да го ставаш шаблонот за обрнување на внимание? Вака, доколку многу прегледани статии го содржат шаблонот се остава многу лош впечаток. Мислам дека кога веќе се зафаќаш да ја прегледуваш статијата, и кога си во состојба да заклучиш дека нешто не е во ред, подобро порави го. Немој да ме сфатиш погрешно, туку сфати го ова како добронамерен совет. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:00, 15 февруари 2009 (UTC)