Википедија:Водич за барања за администраторски статус

Кратенки:
ВП:ВБАС
БП:ВБЗАС

Ова е водич за процесот за барање на администраторски статус (БзАС) на Википедија, механизмот по кој уредниците се разгледуваат за добивање на администраторски статус. За да се стане администратор, мора да постои јасен консензус дека сте посветени на Википедија и дека ги знаете и се држите до нејзините правила и напатствија.

За неподготвен корисник, дури и за вреден придонесувач, процесот може да биде фрустрирачки и обесхрабрувачки. Корисникот што размислува за прифаќање на номинација не треба да го разбере овој водич како пречка за номинацијата. Затоа, ниеден Википедијанец не треба да го користи овој водич за разубедување на кандидат што сака да ја прифати номинацијата. Ова е само водич за процесот Википедија:Барања за администраторски статус, а не правилник.

За пократко објаснување, видете миниводич за барања за администраторски статус.

Преглед

уреди

БзАС е начин на Википедија-заедницата за развивање на консензус за тоа дали еден уредник треба да добие администраторски права, како способностите за бришење на страници, заштитување на страници, уредување на заштитени страници и блокирање на корисници.

Само еден поглед на „барања за администраторски статус“ брзо ќе ви открие дека не постојат официјални побарувања за постанување на администратор на Википедија. Секој може да аплицира, без разлика на неговото искуство со Википедија. Сепак, тоа не значи дека не постојат стандарди.

Вистината е дека администраторството е околу доверба во заедницата, не проценти и бројки, и секој корисник има негов начин за проценување на подготвеноста на кандидатот за таа улога.

Најчести полиња каде што корисниците имаат очекувања се оние што покажуваат:

  1. широко и долготрајно вики-искуство
  2. соодветен пристап и однос како член на заедницата (квалитети на сооднос и можност за работа со другите); и
  3. разбирање на духот на Википедија и нејзините најважни норми и правила и разбирање на нормите што администраторите мора да ги следат.

Општи совети за номинираните

уреди

Процесот на номинација не е наменет како форум за гласање за популарноста на номинираниот или неговата сила како уредник. Тоа е форум преку кој се добива консензус за тоа дали уредникот треба да добие администраторски права. Уредникот не треба да го разбере произлезот од БзАС како потврда или осуда на нивната работа како уредник, туку како проценка на неговата можност соодветно да ги користи администраторските права.

БзАС е многу отворен гласачки процес каде што вашето досие ќе биде разгледувано од искусни корисници коишто веќе се одлучиле какви типови на луѓе тие мислат дека треба да бидат администратори. БзАС е отворено за секого, вклучувајќи и корисници со кои може да сте имале несогласувања во минатото, како и нови и неискусни корисници со кои може сѐ уште да имате несогласувања.

За некои корисници, нивото на критичност и сериозност е премногу тешко. Некои уредници ја напуштиле Википедија како последица од некое непријатно БзАС. Ова не треба да се случува, бидејќи овој процес не ја суди вредноста на корисниците за Википедија. Постојат многу добри уредници кои не би биле добри администратори.

Што да се има на ум пред прифаќање на номинација

уреди

Работи што потенцијалните номинирани треба да ги имаат на ум пред да прифатат номинација:

  • Постојат многу администраторски работи што можете да ги правите пред да станете администратор! Можеби сте тука бидејќи сте направиле неколку стотици уредувања и вашиот вики-ентузијазам сега бара нови предизвици, нови начини да помогнете на Википедија. Но постојат многу начини на коишто можете да правите администраторски работи, без да бидете администратор. На пример:
Постојат уште многу администраторски задачи што веќе можете да ги правите. Кога веќе ќе имате големо искуство во тие слободно достапни администраторски задачи, само тогаш ќе имате добри изгледи да успеете со апликацијата.
  • БзАС може да биде тежок процес. Вашето минато досие ќе дојде под лупа и какви било сомнителни дела можат да доведат до напорна отворена дискусија. Ако не сте искусни во справување со конфликти, тоа може да биде навистина вознемирувачко. Од друга страна, можете да го искористите вашето искуство за да ја измерите вашата способност за справување со конфликти.
  • Номинираните со помал број на уредувања имаат помали шанси за успех. Администраторските номинации за уредници со мал број на уредувања може да бидат одбиени само заради тоа. Ако имате малку уредувања, треба да бидете подготвени да одговорите на овој приговор или, уште подобро, да објасните зошто вие и покрај тоа би биле добар администратор. Уредници со ограничено време на активно искуство со Википедија можат да очекуваат слични забелешки. Ако сте несигурни дали имате доволно уредувања или искуство, можете да прашате друг Википедијанец или повеќемина на кои им верувате, пред да пристапите кон БзАС. Видете го овој график што го споредува бројот на уредувања со стапката на успешни БзАС од јуни 2005 до март 2006. Стандардите на БзАС растат со текот на времето. На пример, стапката на успех за кандидати со меѓу 1000 и 2000 уредувања е многу помала денес, во споредба со 30+% прикажани на графикот.
  • Придонесувачите кон БзАС имаат различни стандарди за тоа што тие сметаат дека е доволно за кандидатот да стане администратор. Гласачите на БзАС исто така може да имаат и стандарди што се чинат перверзни или нерационални. Обично не е добро за кандидатите да се сомневаат во валидноста или добрата волја на тие стандарди. Но и покрај тоа што секој гласач може да користи какви сака критериуми, можете да го прашате зошто мислат дека одреден критериум е важен.
  • Некои луѓе што се спротивставуваат на БзАС не го објаснуваат своето противење. Ова не ги прави нивните гласови беззначајни. И покрај тоа што е лошо да не се дава објаснување за противењето, бидејќи не му дава на номинираниот никаква помош, гласачите на БзАС не мораат да дадат објаснување за противењето. Некои гласачи може да не сакаат да ги објаснат своите причини бидејќи не сакаат да се објаснуваат дополнително. Ако некој корисник ја одбие вашата номинација без објаснување, не треба да се чувствувате навредени, најверојатно не е лично. По истата логика, вие би требало да бидете искрени ако гласате на нечија номинација. Не треба да се плашите да се спротивставите од страв да не ги повредите чувствата на номинираниот. Подобро е воопшто да не гласате, отколку да гласате неискрено.
  • Прашајте се, „Дали сум подготвен да бидам администратор?“ Администраторите најчесто се повклучени во контроверзни расправии отколку обичните уредници. Ако мислите дека не сте доволно способни да одговорите во такви ситуации, можеби администраторството не е за вас. Администраторството не е доказ за значење или прифатеност во Википедија-заедницата. Некои од највредните и најактивните уредници рекле дека не сакаат да бидат администратори, и многу администратори откриле дека повеќе сакаат да придонесуваат само со уредување на статии.
  • Одбивањето е дозволено. Одбивање на номинација нема да се искористи против вас и може да покаже сериозна разумност. Сепак можете да прифатите подоцнежна номинација.
  • Администраторскиот статус не е трофеј. Уредниците што гледаат на своето администраторство како на потврда за нивните придонеси како уредник или како награда за добро уредување или за друга добра служба, најчесто ќе бидат разочарани. Администраторскиот статус не ве става на повисоко место во Википедија. Бидејќи повеќето корисници сметаат дека администраторите треба да следат многу посложен кодекс на однесување од просечниот корисник, може да се случи токму спротивното. Секој добронамерен корисник, од најновиот уредник до најискусниот бирократ, го има истиот статус на Википедија. Нема да се здобиете со почит со самото тоа што сте администратор. Администраторството во суштина е чистачки должности на Википедија (оттаму метлата се користи како симбол за администраторство).

Следете инструкции

уреди

Номинацискиот процес има јасни инструкции за составување, прифаќање и праќање на номинација. Многу придонесувачи на БзАС гледаат со сомнеж на номинираните кои не ги следат инструкциите правилно. Од администраторите се очекува да ги читаат и да ги следат правилата. Неможноста тоа да го прави номинираниот е лош знак. Ако нешто е нејасно, прашајте ја личноста што ве номинирала, оставете порака на разговорната страница за ВП:БзАС или прашајте некој корисник кој номинирал некој друг. Избегнувајте грешки, наместо да ги правите и потоа да ги поправате.

Што бараат придонесувачите кон БзАС

уреди

Придонесувачите кон БзАС сакаат да видат позадина на вклученост и доказ дека можете да ги применувате правилата на Википедија смирено, зрело и непристрастно. Она што најчесто се бара е следното:

  • Цврста историја на уредување со многу материјални придонеси кон статиите на Википедија.
  • Разновидно искуство. БзАС каде што уредникот главно придонесувал на еден начин (на пример, мали уредувања на статии, мало или никакво учество во СзБ или мало или никакво учество во разговори за правилата на Википедија или некои процеси) обично се поконтроверзни од оние каде што придонесите на уредникот се поразновидни.
  • Кориснички сооднос. Докази за тоа дека зборувате со другите корисници, на разговорни страници за статии или корисници. Овој однос треба да биде учтив и од помош.
  • Доверливост. Општа доверливост како доказ за тоа дека ќе ги користите администраторските права внимателно за да избегнете непоправлива штета, особено во стресните ситуации што се јавуваат почесто кај администраторите.
  • Помагање со задачите. Доказ за тоа дека веќе сте впуштени во администраторската работа и дебати, како патрола на скорешни промени и статии за бришење.
  • Висок квалитет на статии. Добар начин да се демонстрира ова е придонесот кон статиите што станале избрани или каков било придонес за подобрување на статии.
  • Држење до консензуси. Доказ за работа според правилата е покажување разбирање за консензуси и придржување до нив.
  • Опис на измените. Конструктивна и честа употреба на описи за измените што ги правите е квалитет што повеќето придонесувачи кон БзАС го очекуваат. Некои очекуваат давањето на описи да биде блиску и до 100% од измените. Видете: Помош:Опис на измени.
  • Чист дневник на блокирање како доказ за добро уредничко поведение.

Овие квалитети не се задолжителни и секогаш постојат исклучоци, но ако ги разгледате вашите придонеси и заклучите дека некои од овие фалат, можеби е подобро да го проширите своето искуство пред БзАС.

Постојат уште неколку други работи што гласачите ги очекуваат, како на пример дали имате поставено адреса за е-пошта. Ова е многу важно за контакт со администраторите, бидејќи им е потребно на корисниците што биле блокирани.

  • Целосни одговори на прашањата од БзАС. Кратки и неинформативни одговори на стандардните прашања можат да бидат одбивни за некои придонесувачи кон БзАС. Искористете некое време за подготвување на вашите одговори - нема временско ограничување за прифаќање на номинација.

Што бараат придонесувачите кон БзАС и се надеваат да не најдат

уреди

Без разлика на вашето искуство, некои ваши дела може да причинат проблеми. Еве неколку работи, наредени по ниво на сериозност, почнувајќи од најсериозното, коишто, ако се наоѓаат во вашата историја на уредување, ќе покренат сериозен сомнеж и дискусија:

  • Вандализам: Повеќекратен вандал кој не престанува, никогаш нема да стане администратор. Една од главните задачи на администраторите е борба против вандализам (а вистински лош администратор може да причини сериозна штета). Дури и релативно мали штетни уредувања, како измена од шега, можат да причинат проблеми.
  • Културно однесување: Ако номинираниот оставал навредливи пораки на други корисници или одговарал на непријатни или провокативни пораки со навредливи пораки, со што го кршел духот на Културно однесување.
  • Тврдоглавост: Ако номинираниот некогаш одбил да биде вклучен во добронамерни напори да се постигне консензус на разговорни страници и се впуштил во уредувачки војни.
  • Контроверзна активност на СзБ: Гласање според критериуми што не се корисни за Википедија или често почнувајќи процес на СзБ на вредни статии.
  • Уредувачки војни: Ако кандидатот е склон кон повторување на едно уредување откако ќе стане очигледно дека постои несогласување за него. За повеќето придонесувачи кон БзАС, не е важно кој е во право, туку важно е како кандидатот се справува за време на дебата.
  • Рекламирање“ на вашето БзАС: Некои уредувачи не би сакале да видат „рекламирање“ на вашето БзАС од ваша страна на разговорните страници на други луѓе или на други места. БзАС не е политичка кампања. Намерата е да се постигне консензус. Целта е непристрасна проценка на кандидатот, а не за неговата популарност. Рекламирањето секогаш ги нервира другите.
  • Блокирања: Ако вашиот дневник на блокирања е активен и покажува дека сте биле блокирање во последните неколку месеци.
  • Сложени потписи: Некои имаат ниско мислење за уредници што имаат „кич“ и дречливи потписи, особено ако содржат специјални знаци и слики.
  • Долги дупки во уредувањето: Освен ако немате добра причина и ја означите на вашата страница, подобро е да имате континуитет во уредувањето.
  • Користење на повеќе кориснички имиња за да избегнете детална анализа или за да ја збуните заедницата за вашите минати уредувања.

Сепак, некои БзАС биле успешни и покрај нешто од горенаведеното. Важните фактори се:

  • Време. Ако номинираниот покажал високи стандарди во поведението последните неколку месеци, придонесувачите кон БзАС веројатно нема да го земат предвид непосакуваното однесување од минатото.
  • Отвореност. Ако номинираниот ги спомене неговите минати грешки и се извини или објасни дека такви грешки ќе избегнува во иднината, има поголема веројатност кандидатурата да успее.
  • Пристап кон негативни гласови. Одговор на смирен, рационален и (ако е потребно) извинувачки начин би бил во полза на кандидатот. Кандидат што покажува лутина или фрустрации или навредува кога се соочува со противење, има поголеми шанси да наиде на уште повеќе противење.

Други контроверзии

уреди

Ако сте биле вмешани во дискусии за многу контроверзни статии, вашето администраторство може да биде мета на жестоки приговори врз основа на вашата вмешаност во тие страници. Ова може да ја намали вашата шанса за станување администратор. Во некои случаи, гласачите може да се обидат да оддржат „баланс на моќ“ вез контроверзни теми со тоа што ќе се противат на потенцијални администратори вмешани во дискусијата на спротивната страна.

Можеби е добра идеја да ја наведете таа контроверзност при одговарање на прашањето „Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали сметате дека другите корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднината?“. Можете да истакнете како сте се справиле со контроверзијата, наведете примери од вашите уредувања и вашите одговори на нецивилизирани коментари од други. Сепак, ако сте биле вмешани во уредувачки војни (освен во случаи на очигледен вандализам) или сте биле нецивилизирани на тие страници, тоа може сериозно да му наштети на вашето БзАС.

Една можност е да почнете темелно разгледување на вашата историја и да ги контактирате сите уредници кои имале некакви конфликти со вас. Ако ги расчистите сите можни приговори против вас пред вашето БзАС, подобро ќе можете да одговорите на приговорите за време на БзАС.

Општи совети за номинирачи

уреди

Номинирачите треба да бидат внимателни во нивната одлука да номинираат некого за администраторски статус. Како што е погоре назначено, процесот за БзАС може да доведе до непријатни резултати. Номинирачот треба да размисли за можните негативни влијанија врз номинираниот и да биде сигурен дека прави соодветна номинација.

Една номинација се состои од воведна номинациска изјава, а потоа на номинираниот му се поставуваат три прашања. Кога правите номинација за некого, вклучувајќи се и себеси, во изјавата треба да посочите зошто мислите дека номинираниот треба да биде администратор. Можете да дадете некои информации за значајната работа на номинираниот, полиња во коишто номинираниот веќе помогнал со задачи за администратори, колку долго се на проектот и нивната способност да се справуваат со стресни ситуации. Изјави од само еден ред не му помагаат многу на номинираниот и можат лошо да влијаат на БзАС.

Кога номинирате некого, добро би било да го прашате дали сака да биде номиниран пред да направите номинација според инструкциите на Википедија:Барања за администраторски статус/номинации. Ако личноста ја прифаќа номинацијата, на неговата разговорна страница треба да ја поставите предлошката {{subst:RfA-nom|YOUR USERNAME}}. Тој ќе даде некои основни информации за тоа што номинираниот треба да прави.

Откако БзАС е создадено, добро е заеднички да работите со номинираниот за внимателно да ја направите номинацијата пред да почне процесот на ВП:БЗАС. Можете на номинираниот да му дадете некој совет за одговарање на прашањата, да поправите некои грешки на БзАС и воопшто да го подготвите БзАС за успешен произлез. Најчести грешки се лошо форматирање на крајниот датум за гласање, неприфаќање на номинацијата на БзАС по грешка, како и гласање на номинираниот за себеси. Лошо подготвени БзАС не се ценети од придонесувачите кон БзАС, бидејќи за некои, ова претставува недостаток на внимание и недостаток на почит спрема процесот на БзАС.

Додека гласањето е во тек, бидете спремни да одговорите на прашања поставени од номинираниот, а ако процесот тргне на лошо, посоветувајте го номинираниот да размисли за повлекување (видете завршување подолу).

Процесот на номинација

уреди

Процесот на номинација за БзАС постепено се развива. Пред неколку години, номинациите претставуваа само импровизирани коментари. Подоцна, процесот стана поформализиран, како страницата ВП:БзАС. Со текот на времето се прават напори за подобрување на процесот. Сегашниот процес е прилично јасен и прецизен.

Пред номинирање

уреди

Било вие или друг уредник може да ве номинира за администратор. Секој може да биде администратор и секој може да номинира кандидат. Сепак, имајте на ум дека номинираните кои не биле на Википедија доволно долго немаат добри предиспозиции за администратори и најчесто не се доволно познати меѓу гласачите. Добро би било прво да му се пристапи на номинираниот за да се открие дали би ја прифатил номинацијата.

За да се номинирате себеси или некој друг да ве номинира, треба да се следат инструкциите наведени во Википедија:Барања за администраторски статус/номинации. Ако сте номинирани, тогаш исто така следете ги тие инструкции. Откако, следејќи ги инструкциите, барањето е пратено на ВП.БзАС, номинацијата е отворена за дискусии. Не треба да се коментира на потстраниците на БзАС пред да бидат пратени на БзАС, нити пак треба да се гласа на истите.

Номинираните треба полека да се вклучуваат во процесот. Не постои краен рок и нема потреба од брзање. Подобро е да се внимава, отколку да се брза и да се прават грешки.

За време на номинацијата

уреди

БзАС останува отворено неколку дена, почнувајќи со моментот кога номинацијата е пратена на ВП:БЗА. Придонесувачите кон БзА даваат коментари кога што тие сакаат. Понекогаш, тие поставуваат и дополнителни прашања, покрај трите стандардни. Номинираните треба да го следат процесот за да можат да одговараат на вакви прашања или други коментари за нивното БзАС. Отсуство на номинираниот за време на седумте дена на процесот може да им наштетат на неговите шанси за успех. Сепак, важно е да се има на ум дека БзАС не е форум за дебата. БзАС е тесно поврзана со прифатливоста на номинираниот како администратор. Така, лошо поведение од кандидатот би требало да има негативни последици.

Завршување

уреди

Некое време по завршувањето на седумте дена предвидени за БзАС, некој бирократ ќе го разгледа БзАС и ќе го затвори. Бирократот ќе го затвори БзАС веднаш штом е возможно, што може да биде неколку часа или ден-два по формалниот рок. Не го отстранувајте вашето БзАС од ВП:БЗАС, освен ако не сакате да се повлечете од номинацијата.

Ако сакате да се повлечете од номинацијата откако веќе била отворена, можете да го направите тоа со тоа што едноставно ќе го пречкртате вашето прифаќање и ќе додадете дека се повелкувате. Тоа можете да го направите со тоа што ќе ставите <s> пред прифаќањето на номинацијата, а на крајот од прифаќањето ќе ставите </s>. Тоа би требало да изгледа вака:

Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука: Ја прифаќам номинацијата. Се повлекувам од номинацијата.

Ако сакате, можете самите да го отстраните БзАС од ВП:БЗАС, но подобро е да не го правите тоа. Ако веќе го отстранувате, би требало да ја ставите предлошката {{subst:rfaf}} на врвот на БзАС и {{subst:rfab}} на дното, да ја отстраните целата линија со врската „гласајте тука“ и да ја замените со '''Завршено''', да го замените крајниот датум со датумот кога сте се повлекле и да ја обновите листата со вкупните гласови. Покрај тоа, би требало да ја вклучите вашата номинација во Википедија:Неуспешни кандидатури за администраторски статус. Датумот што треба да го ставите на таа страница е датумот кога сте се повлекле.

Немојте да ставате пораки од типот „благодарам за гласањето“ на разговорните страници на гласачите. Подобро е тоа да го направите на вашата разговорна страница и/или на разговорната страница на вашето БзАС.

Ако не се согласувате со консензусот

уреди

Бирократите се тие чија работа е да одлучат кога е постигнат консензус кога затвораат барање за администраторски статус. Бидејќи БзАС не оди по принципот на мнозински гласови, не постои точно определен процент за „успех“ или „неуспех“, а бирократот може да отфрли коментари што се дадени со лоша намера или се од несигурна валидност. Сепак, само за ориентација, веројатно е да имате успех ако добиете барем 75% поддршка. Номинациите коишто добиваат помалку од 70% поддршка најчесто не успеваат, освен во посебни околности.

Ако сметате дека некоја номинација е неправедно прогласена за неуспешна, можете да започнете петиција кај бирократот што ја донел одлуката. Бирократите имаат опција да ги продолжат БзАС кога мислат дека тоа е неопходно. Друга можност е да почекате некое време и или повторно да се номинирате себеси или некој друг да ве номинира по втор пат. Постојат администратори кои не успеале во првата номинација, но следната номинација лесно им успеала. Во некои случаи, некои номинирани се обиделе и повеќе од двапати. Првата номинација не е единствена шанса да се стане администратор.

Номинации за бирократски статус

уреди

Номинациите за бирократски статус (БзБС) исто така се разгледуваат на ВП:БЗАС. Бирократите се одговорни за три задачи: одлучување на консензуси на БзАС и БзБС и давање права на успешни номинации, одговарање на барања за менување на кориснички имиња и давање права на ботови. Процесот за БзБС е сличен со процесот за БзАС во речиси сите погледи, со некои отстапки:

  • Номинациите за бирократски статус обично се прават само по барање на номинираниот.
  • Критериумите за консензус за добивање на бирократски статус се повисоки од оние за администраторски.
  • Номинираните за бирократски статус се подложени на значително поголем преглед и анализа на вашата позадина отколку оние за администраторски статус.
  • Од номинираните за бирократски статус се очекува да бидат целосно свесни за моменталните дебати за БзАС и за сите водичи за БзАС.

Како последицата од повисокото ниво на консензус што се бара, многу повеќе барања за бирократски статус се одбиваат, за разлика од оние за администраторски статус.

Што често бараат придонесувачите кон БзБС

уреди
  • Силно учество во барања за администраторски статус, со здраво и рационално разгледување на мислењата.
  • Позадина со продуктивна администраторска работа, особено во врска со одлучување на консензуси.
  • Културно однесување.
  • Добра позадина како администратор.
  • Потреба од бирократи.
  • Целосно разбирање на тоа што е консензус за унапредување и да се знае кога треба да се направи унапредување и кога не треба, при посебни околности.
  • Добра позадина на давање јасни аргументи за нивните постапки.

Повторно кандидирање

уреди

Поранешните администратори може да бараат враќање на нивните привилегии преку БзАС, освен ако тоа не им се забранило.

Администраторите кои се откажале доброволно од нивниот статус под неконтроверзни околности, смеат да побараат да се прескокне БзАС. Откако ќе се утврди дека корисникот бил во добра состојба за време на откажувањето од администраторскиот статус и дека моментално е, бирократот може веднаш да му ги врати правата. Ако постои сомневање дека враќањето на статусот не би било поддржано со консензус од страна на заедницата, корисникот ќе треба да помине низ БзАС. Принципот за донесување на такви одлуки, објаснет на Википедија:Бирократи, е дека бирократите може да дадат администраторски статус само кога тоа би ги задоволило очекувањата на заедницата.

Поврзано

уреди