EfkoMKD
Страницата за помош и ЧПП ќе ви помогнат по регистрацијата. Тие објаснуваат како да се користи Википедија, како да се уредуваат статии и како треба да изгледаат статиите. Погледнете и како да почнете нова статија. Не треба да имате некакви стручни знаења за да допринесете на Википедија. Работете слободно на Википедија и разговарајте со другите. Ова е вики - сè е едноставно. Повеќе информации се достапни на Порталот каде што можете да ги поставите Вашите прашања. Прашањето може да го поставите и на ИРЦ, каде што веднаш ќе добиете одговор. Можете да ги контактирате и администраторите доколку имате некое посебно прашање. |
|
Ве молам наведете податоци за изворот и авторот на сликата Heilderbergpress.jpg. Сликите за коишто ги нема тие информации мора да бидат избришани во рок од една недела по нивното подигнување. За да не се избрише оваа слика, ве молам кажете ми ги тие податоци на мене, па јас ќе го средам останатото. Благодарам. --iNkubusse A? 02:50, 8 јуни 2008 (UTC)
Проблеми со слики
уредиИмаме огромен проблем со сликите на македонската Википедија, ни се закануваат сериозни санкции, и не смееме да дозволиме неправилности. Имено,
- Слика:Tosearlekin.jpg веќе еднаш беше избришана заради недостаток на информации, а сега беше подигната со лажна лиценца. Те молам немој никогаш повеќе да го правиш тоа.
- Слика:Tetovobybobi.jpg - Во описот на сликата беше напишано само „Davor Spasoski“. Дали тоа значи дека тој е авторот на сликата? Те молам прецизирај го изворот/авторот на оваа слика; искрено се надевам дека нема да наведеш лажен автор (карактеристиките на сликата укажуваат на тоа дека не е сликана од аматер-фотограф и дека најверојатно е преземена од интернет). Не смееш со {{ГЛСД-корисник}} да означуваш слики што не се твои. Доколку биде најдена сликава некаде на интернет, тоа би било навистина лошо.
- Слика:Sharplaninec 22.jpg и Слика:Sharplaninec 33.jpg - не е посочен извор, а затоа не може да се одреди ни лиценцата (ништо не е ЈД без причина).
- Слика:Lesokmanastir.jpg беше дупликат на Слика:Lesokcki man.jpg.
Ако продолжиш да подигнуваш слики со лажни лиценци, би можел да бидеш баниран од подигнување слики, но мислам дека нема потреба да се случи тоа. Мојот совет е едноставно да продолжиш да придонесуваш со квалитетна содржина, без да подигнуваш слики, додека не научиш повеќе за нив. Навистина немаме потреба од повеќе слики. --iNkubusse A? 13:33, 28 јуни 2008 (UTC)
Потпис
уредиНа крајот од секоја порака, мора да оставиш потпис со тоа што ќе внесеш четири тилди (вака: ~~~~). А за сликите, нема од сега да те замарам, само ќе ги бришам. --iNkubusse A? 09:08, 1 јули 2008 (UTC)
За сликите
уредиЗдраво! Најпрвин, овде сме да Ви помогнеме, а не да Ви се спротиставуваме. Запомнете го тоа, еден од главните етички принципи на Википедија е оној на претпоставување на добри намери. Затоа не мислете дека iNkubusse е Ваш непријател. Едноставно сфатете дека тој има најдобри намери кон Вас, а се очекува и Вие да го имате истиот однос кон него. Не знам од каде да почнам, но ете вака:
„ | ...почнувам да губам волја за придонес на википедија... | “ |
Не се фрустрирајте околу сликите и не дозволувајте тие да Ве натерат евентуално да се откажете од Википедија. Можеби мислите спротивно, но Вашиот труд овде е ценет, како и трудот на секој вреден википедијанец. Ве молам да продолжете со придонесите.
„ | Ај те молам дај ми линк да видам попрецизно какви се условите за подигање фотографии. | “ |
Нема проблем, ете:
- Википедија:Подигнување на слики - најпрвите зборови се: „..За почеток, имајте во предвид, повеќето слики кои се наоѓаат на интернет се со авторски права и не се соодветни за Википедија. Ако не сте ја создале сликата или не сте во можност да го проверете статусот на авторското право, не ја подигајте сликата...“
- Википедија:Авторски права
- hr:Wikipedija:Slike/Opći uvjet (хрватски)
- meta:Resolution:Licensing policy (англиски)
- en:Wikipedia:Image use policy (англиски)
- en:Help:Image page (англиски)
- en:Wikipedia:Uploading images (англиски)
Она што треба да го запомните:
Или со други зборови:
Или на сликовит начин:
„ | Јас само се обидувам да ви го спасам мајчиниот јазик на Википедија. | “ |
Ете тоа е значењето на тие зборови. Внимавај, тој може да ги бриши сликите кои ги подигнуваш без да те известува, што е неправилно, но сепак, iNkubusse покажува добра волја и Ве учи како треба правилно да постапувате. Затоа е погрешно да му се обраќате во смисла дека тој Ви досадува; тој само се обидува да помогне.
Совет: Пред да поставите слика овде, обратете ми се на мојата страница за разговор и јас ќе Ве упатам дали сликата е за подигање, како да се правилно подигне и означи и дури како правилно да се употреби. Ќе прашате за првата слика, ќе прашате и за втората, а веќе од третата ќе немате потреба! Сами ќе си знаете! Толку е едноставно. Верувајте ми, и јас бев на Ваше место и јас се учев како. Ве молам, ве преколнувам, прашајте ме еднаш и двапати и пак верувајте ми, сликите нема да Ви бидат проблем.
Поздрав, и добро уредување. --Brainmachinewtf? 01:41, 2 јули 2008 (UTC)
- Ти благодарам за исцрпниот совет, навистина дури сега ми стана јасно колку е голема сериозноста на македонската википедија и се гледа дека не сте бадијала поставени како админи. :)
- Во контекст на разговорот би сакал да ми помогнеш околу поставувањето на една слика на пр. Heilderbergpress.jpg, во статијата офсет печатење.
- Имено сликата ја зедов од официјалната страна на Heilderberg, каде што е поставена во комерцијални цели и јас лично мислам дека не би им сметало доколку се појави и во една ваква општа статија за печатењето.Уште еднаш големо благодарам за помошта и... чекам одговор. EfkoMKD 08:10, 2 јули 2008 (UTC)
- Кога подигнуваш слика, првин се запрашуваш, дали може да постои слободна верзија на оваа слика? На пример слика на мачка. Секој може да земе фотоапарат, да пронајде мачка и да ја фотографира и потоа да ја објави сликата во јавен домен. Не може да земе слика на мачка што ја сликал некој друг и да ја подигне, притоа тврдејќи праведна употреба, бидејќи таа слика е под авторски права и е заменлива. Еве и со твојот случај: Дали можам да земам фотографија од комерцијалната веб страница на таа и таа фирма, за тој печатач? Хмм.. а дали можам јас или евентуално некој друг да го фотографира тој печатач во живо и да го објави како јавен домен? Може? Значи јас не можам да ја искористам таа слика. Имам две опции: прва опција, одам во Заедничката ризница, сестринскиот проект на Википедија кој содржи слободни слики за користење, нема потреба да ги подигнувам, тие се веќе подигнати и средени, само го користам името на сликата. Во search внесувам offset print(er)ing, што излезе излезе. Ако не можам да најдам слика што ми треба, го земам апаратот, одам во печатницата, го сликам печатaчот или што треба и истата таа слика ја подигнувам во Заедничката ризница (за и други да ја користат). И тогаш си велиш, ама немам фотоапарат или немам печатница. Епа, здравје, ќе нема ни слика, но на крај краеви поважен е текстот на статијата и целата енергија што си ја зачувал за вметнување на сликата ќе ја искористиш за да ја направиш статијата подобра . Значи на Википедија мора само слободни слики? Не е точно, можна е употреба на неслободни слики ако тие се незаменливи. На пример, скриншот од некој филм или логото на некоја организација. За тие слики мора да се направи и детален опис во кој се појаснува праведната употреба за статија. Ете, тоа е најважното кога утврдуваш дали може да се подигне сликата. Btw, јас не сум админ, обичен корисник сум како тебе. Инаку работиш некои погрешни работи кога одговараш на страниците за разговор во смисла на форматирањето, не мора да почнуваш нова секција за секој одговор, туку само го индентираш коментарот на десно, како што е овој разговор. Види го ова Википедија:Почетен курс (Страници за разговор) за повеќе инфо. Поздрав --Brainmachinewtf? 20:40, 2 јули 2008 (UTC)
Саут Парк
уредиNIGGA PLEASE! Зошто ја отстани Саут парк од Категорија:Американски анимирани телевизиски серии? Cartman: Screw this, I'm going home! :D --Brainmachinewtf? 14:28, 4 јули 2008 (UTC)
- ??? EfkoMKD 08:27, 5 јули 2008 (UTC)
- Леле, извини, извини, извини! Голема збрка направив! ОФ, мори мајко, ме фаќа некоја болест. Абе еден друг корисник беше отстранил една цела категорија и јас наместо на него, на тебе сум ти пишал. Хаха, ова не ми се беше случило. Патем речено, гледам дека си се зачленил во ВикиПроект Филм. Супер е тоа, набљудувај ја страницата за разговор на проектот, таму се координираме. Ајде поздрав, и уште еднаш, се извинувам. --Brainmachinewtf? 10:35, 5 јули 2008 (UTC)
- ??? EfkoMKD 08:27, 5 јули 2008 (UTC)
Избрана слика
уредиГо префрлив Вашиот предлог за слика за следната седмица, бидејќи рокот за избор на слика за оваа седмица веќе е истечен. Ве молам на страницата за избор на слики да не ги бришете предлозите од другите, за да има следливост на постапката за избор. Повеќе за начинот на избор на слики за главната страница има тука. Поздрав, --Crnorizec 21:30, 7 јули 2008 (UTC)
- Sorry.
Апсурд!?
уреди- Грешно го протолкува, не мислам во таа смисла туку мислев на тоа дека Хитлер за мене е голема личност во историјата, барем јас така го сметам, а доколку е е голема личност Хитлер тогаш и Нацистичка Германија била голема држава и придонела многу во светската историја. И секогаш гледај ги работите од подобрата страна, не мисли на најлошото и дека се смета во тој аспект, затоа гледај ги од сите “агли“ ако можам да ги наречам така и после донеси конечен заклучок --Stefan40-3e3e 10:26, 26 јули 2008 (UTC)
- Мислам дека ова ти е недоволно оправдување, зошто не го смениш мислењето и нека некоја друга личност ти биде голема во светската историја за тебе, личност што не вршела геноцид не градела логори не вршела медицински проби на луѓе итд итд итд... Ајде ти погледни ги работите од други “агли“ и сметај го на пример Александар Македонски за најголема личност, нели? EfkoMKD 07:57, 31 јули 2008 (UTC)
- Мислам дека ова ти е недоволно оправдување, зошто не го смениш мислењето и нека некоја друга личност ти биде голема во светската историја за тебе, личност што не вршела геноцид не градела логори не вршела медицински проби на луѓе итд итд итд... Ајде ти погледни ги работите од други “агли“ и сметај го на пример Александар Македонски за најголема личност, нели? EfkoMKD 07:57, 31 јули 2008 (UTC)
„ | ...сите луѓе се створени еднакви, обдарени од Создателот со одредени неотуѓиви права меѓу кои правото на живот,слобода и потрага по среќата. | “ |
Иницијатива 22,222
уреди Здраво, EfkoMKD! Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)
Иницијатива за квалитетни статии
уреди Здраво, EfkoMKD! Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:52, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 25.000
уреди Здраво, EfkoMKD! Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:52, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива за градови во Македонија
уреди Здраво, EfkoMKD! Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 20:36, 30 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 2009-година на астрономијата
уреди Здраво, EfkoMKD! Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 14:20, 23 јануари 2009 (UTC)
Иницијатива 500 (избрани) статии
уреди Здраво, EfkoMKD! Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:53, 1 февруари 2009 (UTC)
Сликите
уредиЗдраво Ефко, како е? Одлични слики и одлична статија, но имам мал предлог за сликите. Зошто не ги подигнеш директно на Комонс, нека видат сите какви манастири имаме. Ако ги подигнуваш на комонс стави ја оваа категорија [[Category:St.George Church, Kurbinovo]] Поздрав--MacedonianBoy 22:25, 18 март 2009 (UTC)
- Ајде тогаш мала помош, како се прави тоа? Имам уште доста слики за подигање па дај те молам кажи ми како со Комонс.
- п.с. Понекогаш сум мрзоволен за сам да се потрудам и најдам чаре. EfkoMKD (разговор) 00:30, 19 март 2009 (UTC)
- Ок е се снајдов, ама во меѓувреме овој АКАЛМАШИНА сисопот ми ја избришал галеријата па сега не ги подигам. EfkoMKD (разговор)
За наводниците и празните галерии
уредиЗдраво EfkoMKD :) Морам да ти одговорам дека не си во право во врска со распоредот на наводниците. Правилно е лев долен и десен горен („“), а не варијантата која ти ја сметаш за точна. Но ми верувај мене, едноставно земи го Правописот на македонскиот литературен јазик, изданието од 1998 на Просветно Дело и пронајди ја точката 385 (кај мене е на стр. 140). Во врска со галеријата, најубаво би било првин да ги подигнеш сликите, а потоа да создаваш галерии. Јас, а и било кој друг уредувач, не може да знае што е причината за празната галерија и ќе се обиде да го поправи недостатокот. Ако подигнуваш слободни слики, можеби подобро би било да ги подигнеш истите на Заедничката ризница на Викимедија. Уште нешто за крај: немој да велиш „мојата статија“. Статиите никој не ги поседува и секој може да ги уредува (ВП:СОПСТВЕНИШТВО). Brainmachinewtf? 15:53, 19 март 2009 (UTC)
Пополнување на статии за години
уредиЗдраво. Сакам да Ви се заблагодарам што решивте да ги пополните празните статии за години, кои што ги создадовме со цел да овозможиме систематска прегледност и олеснување на пребарувањето. Но, сакам да Ви укажам дека во македонскиот јазик правилно е месеците да се пишуваат со мали букви, а денот во месецот да се запишува пред името на месецот. Се надевам дека нема да ме сфатите погрешно, туку добронамерно. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:30, 14 јули 2009 (UTC)
Лидери по година
уредиЗдраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:35, 12 октомври 2010 (CEST)
10 години Википедија
уреди Здраво, EfkoMKD! Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница.
Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие. Поздрав и успешна работа! |