Корисник:Brainmachine/Гласањето е злобно
Овој есеј содржи совети или мислења на еден или повеќе придонесувачи на Википедија за определена тема. Есеите може да претставуваат широко распространети норми или погледи на малцинства. Следете ги или не по Ваша сопствена дискреција. |
Анкетите и гласањата се злобни. Не гласајте на сѐ, а ако не можете да се воздржите, не гласајте на ништо.
Или, од друга страна, гласањето не е злобно само по себе, но кога се обидувате да дестилирате еден цел есеј од мисла во една единствена фраза, добивате премногу едноставната изјава; нешто како да се обидувате еден цел есеј од определен став да го дестилирате во едно единствено „да“ или „не“, во или .
Гласањето го обесхрабрува консензусот
уредиОпцијата да се реши една дилема преку анкета/гласање, наместо преку внимателно размислување, дисекција и евентуална синтеза на аргуменитете на двете страни, всушност го оштетува процесот на решавање на спорот. Википедија не е демократија. Ова е позитивност, а не слабост. Дијалектиката е едно од најважните работи кои го прават викито посебно; додека гласањето е најчесто најлесно наместо да си помогнеме еден со друг да дојдеме до заеднички соггласна позиција, скоро никогаш не е подобро.
Гласањето ја охрабрува заедницата да остане поделена преку одбегнувањето на дискусија; учесниците не вршат интеракција со другите гласачи — тие само избираат страни! Основањето на консензус бара изразување на тоа мислење во контекст различен од избор помеѓу определена дискретна опција и резонирање пошироко од само еден став изразен преку графички симбол / ; адресирање на точките кои останатите ги заборавиле сѐ додека не се дојде до заедничко согласно решение. Никој не може да се адресира кон приговори кои не се кажани, поенти кои не се направени.
Да, формирањето на консензус е потешко од гласањето. Исто така тешки се и сите работи кои навистина вреди да се сторат.