Википедија:Наведување на извори

(Пренасочено од ВП:ЦИТ)
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:НАВ
Најважното од страницава: Наведувајте ги изворите за содржината која ја додавате во статиите за да може таа да биде проверлива. Ова напатствие за наведување на извори: а) Дискутира кога да се наведуваат извори; б) Покажува како да се форматираат поединечните наводи на извори и в) Овозможува методи на претставување на изворите во статиите на Википедија.

Википедија е енциклопедија која секој може да ја уредува. Бидејќи технички секој може да напише било што, потребно е информациите кои ќе се најдат во нејзините статии да бидат веродостојни: да не потекнуваат од сопствени истражувања, туку од сигурни и веродостојни извори. Затоа се наметнува потребата од проверливост на содржината — за да се провери колку е таа содржина вистинита, но и за да дојде до повеќе информации во врска со дадената тема. Било која статија која се стреми да биде добра или одлична мора да ги наведе своите извори.

Наведувањето на извори се врши со помош на наводи. Навод претставува краток текст кој уникатно посочува кон одреден извор на информации.

Пример:

  • Б. Видоевски: Правопис на македонскиот литературен јазик. Просветно дело, Скопје, 1998

Целосниот список на изворите од коишто се наведува е сместена на крајот од статијата (пред одделот „Надворешни врски“) во оддел со наслов ==Наводи== (или алтернативно: ==Извори==, ==Литература== или само ==Литература==).

Ова напатствие покажува:

  1. Кога има потреба да се наведат извори — Во изданија со енциклопедиски карактер, изворите треба да бидат наведени при додавање на материјал преземен од други извори на информации. Во спротивно, наведеното тврдење или содржина се смета за произволна и непотврдена, а со тоа се оспорува нејзиниот научен каректер
  2. Како се претставуваат изворите во статијата — Наводите обично се прикажани во статиите преку една од методите опишани подолу во одделот за презентација од ова напатствие. Во рамките на една статија треба да се користи ист начин на наведување - ако статијата веќе има неколку наводи, уредувачот треба да го користи методот кој веќе е во употреба или да бара консензус пред да го промени.
  3. Како да се форматираат наводите — Препораките за наведување кои се дадени во текстот што следи треба да се почитуваат. Овде прикажаниот начин на наведување на изворите на информации не е единствениот постоен. Затоа многу поважно е со наведувањето на изворите на информации за читателите на Википедија да овозможите проверливост нејзините содржини. Затоа додадете го Вашиот извор дури и кога не сте сигурни како правилно да го форматирате наводот, но обидете се да додадете доволно информации за да тој може да се идентификува, а останатите членови на Вики заедницата ќе го поправат форматирањето.

Краток преглед

уреди
Кратенки:
ВП:ГЛАВНОНАВ
ВП:НАВПРЕГЛЕД

Наведување со фусноти

уреди

Најчест (и најпожелен) начин на наведување на изворите на информации во Википедија е со користење на фусноти. Основните чекори кои треба да се преземат за да се направи тоа се следните:

  • Веднаш по текстот на кој сакате да му придружите извор се додава <ref>овде подробности за наведеното дело</ref>. Овој навод ќе се појави како горен индекс до зборот кој му претходи.
  • Доколку внесувате нова страница, или пак, додавате прва фуснота кон постојна страница, тогаш додадете го и следниот го и следниот код на крајот на страницата:
==Наводи==
<references />
ИЛИ ==Наводи==
{{наводи}}
  • Сите наводи кои ќе ги наведете на дадената страница ќе се јават при дното на таа страница и ќе бидат испишани заедно со другите фусноти. Со одбирање на бројот на горниот индекс (кој претставува даден навод) читателот ќе биде однесен до наводот за соодветниот извор на информации.

На пример, го внесуваме овој код:

Во масакрот загинале 42 жени.<ref>Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009, стр. 42.</ref>
== Наводи ==
{{наводи}}

А, тоа ќе изгледа вака:

Во масакрот загинале 42 жени.[1]

Наводи


  1. ^ Трпе Трпковски: Марсовскиот масакр. Најдобри издавачи, Скопје, 2009

Општо наведување

уреди
  • Ако работите на нова страница (статија), или пак, додавате наводи кон некоја постојна страница, на крајот на текстот додадете ги го и следниот код:
==Наводи==
* подробности за наведените извори

Наводите што ги ставате во статијата ќе се појават при дното на страницата и ќе бидат испишани во облик на потточки.

На пример, го внесуваме овој код:

Во масакрот загинале 42 жени.
== Наводи ==
*Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009

А, тоа ќе изгледа вака:

Во масакрот загинале 42 жени.

Наводи


  • Трпе Трпковски: Марсовскиот масакр. Најдобри издавачи, Скопје, 2009

Кога се наведуваат извори

уреди

Википедија по својата природа е дело од луѓе со многу различно знаење и вештитни. Читателот мора да биде сигурен дека материјалот кој е внатре е доверлив.

  • Статиите треба да содржат само материјал кој претходно е публикуван од страна на веродостојни извори.
  • Уредувачите кои додаваат или менуваат содржини во статиите со што значително се менува нивната смисла мораат да наведат веродостојни извори, во спротивно нивните уредувања може слободно да се избришат.

Изворите треба да се наведуваат во следниве случаи:

При додавање на материјал кој е предизвикан или кој најверојатно ќе биде предизвикан

уреди
Кратенки:
ВП:ПРЕДИЗВИКАНО

Сите наводи и секој материјал кој е предизвикан или кој најверојатно ќе биде предизвикан треба да биде поврзан со доверлив, издаден извор користејќи наведување во самиот текст.

Потребата од наводи е особено важна при пишување за мислењата кои постојат за одредена тема. Одбегнувајте неопределеност во зборовите од типот на „Некои луѓе велат дека...“, „За ова е познато дека...“ и слично. Наместо тоа, направете го Вашиот текст проверлив: најдете конкретно лице или група која го држи мислењето и дадете навод до угледна публикацијаво која тие го искажуваат тоа мислење. Запомнете дека Википедија не е место за изразување на Вашите лични мислења или за оригинално истражување. Мислењата, податоците, статистиките и изјавите засновани врз нечиј научен труд треба да бидат наведени и поврзани со нивните автори во текстот.

При цитирање на некое лице

уреди
Кратенки:
ВП:ЦИТЛИЦЕ

Кога во статијата директно пренесувате нечии туѓи зборови или пак ги парафразирате истите, потребно е да додате навод до доверлив издаден извор во кој се издадени тие изјави. Фуснотата треба да биде пренесена директно по наводот на текстот:

Пример: „Ова е навод на некое лице.“[1]

или по реченица или фраза која го навестува цитатот.

Пример: Бертранд Расел ја објаснил законитоста на следниов начин:[2]

При додавање материјал од биографија на живо лице

уреди
Кратенки:
ВП:НАВБИО

Биографиите на живи лица треба да се извори со посебна грижа, за правни и етички причини. Сите спорни материјали за живи лица мора да наведат сигурни извори. Ако најдете спорен материјал за жив човек без извори или со слаби извори, без разлика дали во статија или на страницата за разговор — отстранете го веднаш! Не оставајте го во статијата додека барате извор. Не преместувајте го на страницата за разговор. Ова се однесува на тоа дали материјалот е во биографија или во која било друга статија.

При проверка на содржината додадена од други

уреди

Можете да додавате извори и за материјал кој лично не сте го напишале. Додавањето наводи е одличен начин да ѝ помогнете на Википедија!

При подигање на слика

уреди
Кратенки:
ВП:НАВСЛИКА

Сликите мора да содржат подробности за изворот и белешка за лиценцата на страница за опис на сликата. Важно е да го наведете авторот на сликата ако се знае (особено ако е различен од изворот), што е важно како за авторските права, така и за информативни цели. Некои лиценци за авторски права бараат оригиналниот автор да добие заслуга за нивната работа.

  • Ако преземете слика од интернет, наведете URL-адреса:

Извор: Преземено од http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/europe/4280841.stm

  • Ако сликата потекнува од друг извор, можете да наведете:

Извор: Скенирано од Јавниот архив на Општина Таа-и-таа, објект бр. 5214

Секоја слика со неслободна лиценца за авторски права мора да биде придруженa со образложение за праведна употреба за секоја статија во која се користи.

Како се претставуваат изворите

уреди

Општo наведување извори

уреди

Ако некој извор покрива значителен дел од материјалот во една статија, понекогаш можеби е прифатливо да се додаде наводот на крајот. Служи како општ навод, неповрзана со некој поконкретрен дел од статијата. Ова е посоодветно за релативно неразвиени статии или за оние статии кои покриваат доста тесна тема.

Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата. За неа се потребни сончева светлина и хлорофил. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.
== Наводи ==
*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005.
*А. Иванова, З. Томовски: ''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001.

Вака ќе изгледа горниот код откако ќе ја зачувате страницата (забележете како се закосени насловите на книгите):

Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата. За неа се потребни сончева светлина и хлорофил. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.

Наводи


  • С. Стојчевски: Ботаника. Просветно дело, Скопје, 2005
  • А. Иванова, З. Томовски: Физиологија на растенијата. Топер, Скопје, 2001

Наведување извори паралелно со текстот од статијата

уреди
Кратенки:
ВП:ФУС
ВП:ФУСНОТИ

Полни фусноти

уреди

Многу статии на Википедија, особено поразвиените статии и оние кои ги задоволуваат критериумите за добра или избрана статија, ги наведуваат нивните извори во фусноти. Наведувањето на извори парелелно со текстот од статијата преку во овој метод се појавува како мали кликабилни бројки во самиот текст кои водат до набројан список од полни наводи на крајот од статијата.

За одреден навод да се појави во фуснота, треба да биде опкржена со „ref“ ознаки. Можете да ги додадете овие ознаки со внесување на <ref> на почетокот на наводот и со </ref> на крајот. Алтернативно можете да забележите дека во алатникот (на дното од страницата за уредување) има список на код кој автоматски може да внесе, вклучувајќи ги ознаките <ref></ref> - ако го одберете наведувањето на изворот и ако стиснете на оваа ознака, таа автоматски ќе го затвори Вашиот навод во ref ознаки. Изборно, можете да додадете име на наводот преку атрибутот name: <ref name="име">подробностите за наводувањето</ref>. По ова, можете истата фуснота да ја употребите повеќепати само преку додадавање на <ref name="име"/>.

Полниот навод ќе се јави во додатокот на статијата, во оддел со наслов „Наводи. Ако овој додаток не постои, создадете го преку создавање на одделот ==Наводи== и поставете или <references/> или {{наводи}} во тој оддел. Ова автоматски ќе го испише списокот на фусноти.

Примеров долу покажува како ова би изгледало во кутијата за уредување:

Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.<ref>С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005, стр.112</ref> За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.<ref>А. Иванова, З. Томовски:''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001, стр.62</ref> Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.<ref>С. Стојчевски: ''Ботаника'', . Просветно дело, Скопје, 2005, стр.57</ref>

==Наводи==
<references/>

Овде е прикажано како ќе изгледа текстот во статијата откако ќе ја зачувате страницата:

Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.[1] За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.[2] Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.[3]

Наводи


  1. ^ С. Стојчевски: Ботаника. Просветно дело, Скопје, 2005, стр.112
  2. ^ А. Иванова, З. Томовски: Физиологија на растенијата. Топер, Скопје, 2001, стр.62
  3. ^ С. Стојчевски: Ботаника. Просветно дело, Скопје, 2005, стр.57

Скратени фусноти

уреди

Многу статии користат скратена верзија за наводот во фуснотата, давајќи го само авторот, годината (или насловот) и бројот на страниците. Како и порано, списокот на фусноти автоматски се создава во оддел со наслов „Фусноти“ или „Белешки“. Потоа во друг оддел наречена „Наводи“ се додаваат полните наводи. Краткиот навод и полниот навод можат да бидат поврзани така што читателот може да кликне на кратката фуснота и да му се обележи полниот навод.

Скратените фусноти се користат заради неколку причини: тие му дозволуваат на уредувачот да наведе повеќе различни страници од истиот извор без да го копира целиот полн навод; се избегнува долгиот текст во кодот на статијата од полните наводи; ги доведуваат полните наводиво еден кохерентен блок од код (наместо да се раштркани низ целиот текст) што овозможува да бидат подредени по азбучен ред, а полесно е и поправањето на полните наводи одеднаш (на пример, додавање на ISBN број или друг детаљ); една фуснота може да содржи повеќе наводи, а со ова се избегнуваат долгите колони на фуснотни обележувачи.

Подолу е прикажано како изгледа прозорецот за уредување при додавањето на „скратени фусноти“ во една статија:

Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.<ref>Стојчевски 2005, стр.112.</ref>
За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.<ref>Иванова, Томовски 2001, стр.62.</ref>
Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.<ref>Стојчевски 2005, стр.57.</ref>
== Фусноти ==
{{наводи|2}}
== Наводи ==
*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005.
*А. Иванова, З. Томовски:''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001.

Вака ќе изгледа статијата откако ќе се зачуваат промените:

Фотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.[1] За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.[2] Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.[3]

Фусноти


  1. ^ Стојчевски 2005, стр.112.
  2. ^ Иванова, Томовски 2001, стр.62
  3. ^ Стојчевски 2005, стр.57.


Наводи


  • С. Стојчевски: Ботаника. Просветно дело, Скопје, 2005
  • А. Иванова, З. Томовски: Физиологија на растенијата. Топер, Скопје, 2001

Скратените фусноти кои користат наслови наместо датуми на издавање можат да изгледат вака во статијата:

Фусноти


  1. ^ Стојчевски, Ботаника, стр.112.
  2. ^ Иванова, Томовски, Физиологија на растенијата, стр.62
  3. ^ Стојчевски, Ботаника, стр.57.

Како да се форматираат наводите

уреди

Постојат повеќе начини како може да се форматираат наводите на изворите. Неколку примери за тоа на каков начин тоа може да се направи се дадени подолу.

Книги, учебници, практикуми

уреди

Книги, учебници и слични публикации може да се наведуваат на следниов начин:

  • автор(и),
  • назив на книгата,
  • издание (ако не е прво),
  • издавач, седиште на издавачот,
  • година на издавање.

Примери:

  • Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, Р. Угринова-Скаловска, Правопис на македонскиот литературен јазик, 14-то издание, Просветно дело, Скопје, 1999.
  • T. Kohonen, Self-Organizing Maps, 3rd Edition, Springer, Berlin, 2001.

Доколку станува збор за книга која е уредувана од еден или повеќе уредници, а содржината нејзина е пишувана од повеќе автори, во тој случај наведувањето се врши на следниот начин:

  • Уредник/ици, Назив на книгата, издание (ако не е прво), Wiley-VCH, Weinheim, 2003.

Пример:

  • Gasteiger J., Engel T. (eds.), Chemoinformatics, Wiley-VCH, Weinheim, 2003.

Доколку е познат ISBN (International Standard Book Number) бројот тогаш може да се додаде на крај на наводот:

  • Gasteiger J., Engel T. (eds.), Chemoinformatics, Wiley-VCH, Weinheim, 2003. ISBN 3-527-30681-1

Доколку се повикувате на текст кој се наоѓа на дадена страница од книгата која ја наведувате, тогаш на крајот од наводот се додава и бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате.

Пример:

  • M. Lampić, Mali rečnik tradicionalnih simbola, Libretto, Beograd, 1999, 45.

Бројот 45 во претходниот пример претставува бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате.

Напомена: Кога станува збор за наведувате на книги (учебници, прирачници, монографии и сл.) при наведувањето дозволено да се запишува и само името и презимето на првиот автор. Сепак, многу подобар и поеднозначен начин на наведување е доколку се наведат сите автори на делото.

Наведување на статии од списанија

уреди

Наведување на статија објавена во научно списание

уреди
  • имиња на авторите,
  • наслов на статијата,
  • назив на списанието (со коси букви),
  • том, број (доколку списанието користи броеви), година, и бројот на почетната страница.

Пример:

  • R.W. Jamieson, R.G.V. Hancock, Neutron Activation Analysis of Colonial Ceramics from Southern Highlands Ecuador, Archaeometry, 46 (2004) 596.

Напомена: Понекогаш насловот на статијата се изоставува.

Наводи на статии преземени од дневни и неделни весници

уреди
  • име на авторот,
  • наслов на статијата
  • назив на весникот со коси букви,
  • датум на издавање,
  • страници (од - до),
  • и коментар на датумот кога е прочитана статијата на интернет (доколку до статијата е пристапено само преку интернет).

Пример:

  • К. Зографска, Социјални мобилни мрежи, Клуб 360, ноември 2008, 12-13.

Наводи од веродостојни интернет извори на информации

уреди

Наведувањето на ваков тип на извори на информации вклучува наведување на:

  • имиња на авторите,
  • наслов на статијата,
  • назив на интернет страницата (поврзан со конкретната статија која се наведува),
  • датум на издавање,
  • страници од-до (доколку постојат),
  • датум кога информацијата последен пат е проверена на интернет.

Пример:

  • А. Петрова, Осветен Спомен-домот на Мајка Тереза, Дневник, 31 јануари 2009 (пристапено на 1 февруари 2009).