Википедија:Барања за администраторски статус/Brainmachine
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Завршено (разговор) (21/0/0); Завршило во 14:20, 2 август 2008 (UTC)
Brainmachine (разговор • придонеси) – Првиот контакт со повеќето нови корисници обично не е многу пријатен, но случајот со Brainmachine беше поинаков. Уште од почеток покажа силна волја за да научи како стојат работите во овој свет и да ни помогне во нашава света задача. :P
Brainmachine е многу, можеби и премногу активен на македонската Википедија, вмешан е во сите полиња на Википедија и, како што забележувам, ништо не пропушта! Има добро уредувачко минато зад него во главниот именски простор, активно учествува во разни ВикиПроекти, значително помагајќи му на проектот, и средува сѐ што ќе најде, баш онака како што треба да биде. Секоја чест на сите што го прават тоа, но овие работи не се многу битни за администраторскиот статус (колку што се битни за самата енциклопедија). Ќе се обидам да ги изложам квалитетите и досегашната работа на Brainmachine што укажуваат на тоа дека ни е потребен како администратор (има мерак за метли).
Да почнам од основното: неговите уредувања се секогаш во најдобар ред, запазувајќи ги сите стандарди на Википедија. Да не набројувам, почнувајќи од правопис и граматика, до категории и интервикија и врвна педантност.
Колку што знам, никогаш до сега не влегол во уредувачка војна, нецивилна расправија за контроверзна тема или било каква жестока расправија. Мислам дека неговиот пристап е еден од најдобрите на македонската Википедија, дури и како некој да го плаќа за добриот однос! Една од главните дејности му е помагање на нови, но и на веќе искусни корисници, во сите полиња на Википедија, па и надвор од неа. Сигурен сум дека секој од вас досега имал неколку такви искуства со него, без разлика во која група на корисници спаѓате.
Има придонеси во најразновидни полиња, што е евидентно ако го познавате како уредувач. Било каде да настане проблем, ете ти го Шин, со најдобри намери и секогаш има што да понуди, без разлика дали се работи за технички проблем со шаблон, за дискусија за страница на проектот, за слика, за бришење, за помош на корисници, за ВикиПроекти, па дури и за хумор и одржување на волјата на сите!
Многу важно во врска со администраторството е што има забележителни придонеси во именскиот простор Википедија. Значително ги подобри страниците на проектот, а делот за нови корисници самиот го разви (погледнете самите!) и ги пополни сите страници за помош. Ги поканувам сите да погледнат во придонесите во именскиот простор Википедија и нека оценат колкав е неговиот придонес кон страниците на проектот. Колку што ја пратам неговата работа, особено е загрижен за снаоѓањето на новите корисници, но многу ми помага и во организирањето на начелата и напатствијата (сега треба да почнеме и со нивно пополнување).
Едноставно, премногу сериозно си ја сфаќа работата, па така, добро го сфаќа и нашиот проблем со сликите. Досега немам приметено неправилно уредување на слика од неговата страна, а и сите негови подигнувања се во ред. Со внимание ги означува сликите со соодветниот шаблон, а тука не мислам само на лиценците, туку и шаблоните за одржување на слики. Што е уште подобро, речиси секогаш правилно ги известува подигнувачите за проблемите што се јавуваат и најважно, секогаш им помага во исправање на работата.
Друга многу битна работа за администраторството: мошне добро ги познава „правилата“ на Википедија. Темелно ги има проучено и оние на англиската Википедија, но и на некои од другите Википедии, а користејќи го досегашното искуство, се обидува да помогне во поставувањето на стандардите кај нас! Доказ за неговото познавање на начелата и насоките, покрај неговото поведение, е и фактот дека самиот превел или помогнал во преведување на многу од нив. Секоја постапка ја прави во согласност со the policies и за секоја постапка има разумно објаснување (што, според мене, е клучно за еден администратор). Неговите дејства се речиси исти како оние на администратор, а некои корисници дури и го имаат помешано со администратор.
Единствено каде што досега нема придонесено (срам да му е) е именскиот простор МедијаВики (иако би сакал да помогне во преведување на софтверот), бришење на непотребни страници (коишто го чекаат), бришење на слики (на коишто одамна им има фрлено мерак) и Специјалните страници. (Само да напоменам, тие четири работи бараат администраторски статус.) :) Исто така, администраторскиот статус му е многу потребен за да може да им излезе во пресрет на сите на кои им е потребен, на најразлични начини. Жално е кога гледате како максимално се обидува да помогне некому и, и покрај тоа што умее и може, ги нема соодветните привилегии. Морам да наведам и еден конкретен пример. Заедно се обидуваме да го олесниме подигнувањето на сликите и притоа да спречиме грешни подигнувања. На англиската Википедија, на Ризницата, но и на многу други проекти, страницата за подигнување е поделена на неколку делови, со што ‘’многу’’ се олеснува подигнувањето, а и речиси невозможно е да подигнете слика без да наведете лиценца (и другите задолжителни делови). Brainmachine многу добро го има осмислено тоа на македонската Википедија, не смешно е за секоја Специјална страница да ми кажува „направи ова, направи она“. Поентата ми е дека му требаат администраторските привилегии за да може да ги изврши тие дела.
Јас, како администратор, тврдам дека Brainmachine до сега ми бил од огромна помош, но ми е многу потребен и со администраторските алатки, па затоа, драги „колеги“, ве молам изнесете ги вашите размислувања во врска со тоа дали треба да ги добие администраторските алатки.
P.S. Извинете за долгиов текст, но за дечкото има навистина многу што да се кажува. --iNkubusse A? 03:17, 26 јули 2008 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:
Би ми претставувало задоволство, ја прифаќам номинацијата. Благодарам 'busse, за сѐ. Brainmachinewtf? 03:23, 26 јули 2008 (UTC)
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- О: Досега сфатив дека повеќе ми годи техничката работа во споредба со пишувањето на статии. Мислам дека можам да помогнам во скоро сите области, но сепак некои би ги ставил како први. Приоритетност како администратор би ми бил проблемот со сликите. Постојат голем број на неправилно подигнати слики и ќе ни треба доста време да ги расчистиме. Најприоритетно е да ги известиме сите моментални и идни википедијанци кои слики можат да се искористат на овој проект и како правилно да се користат. Затоа планирам да се зафатам со подетални инструкции кои ќе им овозможат на корисниците лесно да ги подигаат сликите, но тоа да го прават на правилен начин. За ова ми е потребен пристап до некои специјални страници и промени на МедијаВики. Следен чекор би бил средувањето на големиот број на веќе постоечките непотребни и неправилно подигнати слики. Досега ги означував сликите со цел другите администратори да ги средуваат, но обемноста на работата не дозволува брз напредок на овој начин. Мислам дека решавањето на проблемот со сликите ќе биде првиот чекор кон зацврстувањето на македонската Википедија како сигурен почитувач на авторските права. Паралелно со авторските права, уште да го средиме проблемот со веродостојноста на статиите и мислам дека ќе бидеме ок. Покрај сликите, можам да пружам помош на сите корисници кои ќе побараат помош, за било каква администраторска должност. Често ги набљудувам скорешните промени и би можел поефикасно да го штитам викито од било какви некорисни уредувања, намерни или ненамерни.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О: Моето искуство на овој проект не е премногу долго, но беше доволно да се навлечам на проектот. Присутен сум од март и сум веќе неизлечлив викихоличар (на тестот за викихолизам имам 9311 поени, не знам дали е ова добро или лошо). Лично се гордеам со основањето на филмскиот википроект, бидејќи мислам дека има голем потенцијал за подобрувањето на таа област, а впрочем ми беше и уживање бидејќи сум голем филмоман :) Голем придонес давам кон развивањето на вики-заедницата преку создавање на попријатна атмосфера во која секој може да се снајде ако има желба да даде придонес. Се ориентирам кон новите корисници бидејќи секој од нив е потенцијален вики-манијак (кој може да даде сериозни придонеси на проектот) и мислам дека е жал ако пропуштиме некој од нив заради ненавремено пружена помош и насочување. Затоа направив подобрувања за полесна навигација на страниците за помош, го создадов овој курс за елементарна помош на секого, а во изработка го имам и овој курс за понапредните. Општо имам придонеси кон сите можни технички задачи, на кратко: што ми падне в око, тоа средувам, а знам понекогаш и да напишам некоја статија.
- 3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- О: Буквално најпрвото мое уредување беше малку контрадикторно, избришав една секција од една статија и ми се изнаредија сите активни администратори и ме испокараа. :) Тоа можеби имаше некој психолошки ефект (не беше пријатно искуството), бидејќи од тогаш повеќе почнав да ја ценам Википедија и се трудев да одбегнувам било какви расправии. Не сум имал проблеми со други корисници, можеби по некое недоразбирање или ненамерна грешка за кои сум се извинувал и сме продолжувале понатаму. За вториот дел од прашањето, верувам дека сите расправии можат да се разрешат доколку се оди по правилата (кои се доста добро дефинирани низ целиот викисвет). Со неутралност, смиреност, учтивост, добра истрага во суштината на проблемот и следење на законите//начелата//policies (сѐ уште тоа не знаеме како да го преведеме) на Википедија, лесно е справувањето со секакви стресни ситуации, уредувачки војни, недоразбирања и конфликти на интереси. Исто така мислам дека сите овие горенаведени проблеми можат лесно да се одбегнат ако секој е добро најаден, наспан и релаксиран пред да се зафаќа со работа овде. Како што вели Џимбо (алудирајќи на Ото фон Бизмарк), „Викепедија е како колбас, вкусна е, но не сакате да дознаете како се прави .“ (1) Секоја чест за него.
Општи коментари
уреди- Врски за Brainmachine: Brainmachine (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЗа
уреди- Во времето што имам работено со овој корисник, гледам дека ќе биде многу добар администратор тука. Се согласувам со сѐ што рече iNkubusse. Балканец What man, what? 04:00, 26 јули 2008 (UTC)
- - номинирач. Мислам дека доволно долго беше моето излагање, ако не и предолго (уште едно извинување за тоа). --iNkubusse A? 04:52, 26 јули 2008 (UTC)
- Корисникот е без сомнение заслужен за да биде администратор, докажано со своите ставови, способности и активности. --Б. Јанкулоскиразговор 05:29, 26 јули 2008 (UTC)
- Не би сакал да испаднам смешен, но јас и пред оваа номинација сметав дека дечково е сисоп, дури сега заклучив дека не е ;) Во разговор со мене ми остави силен впечаток со неговата исцрпна помош во делот поставување на слики во статии што мене лично многу ме нервира. Но би му забележал на една работа, односно би го запрашал кој е неговиот мајчин јазик кога во разговорот со мене вели: "Јас само се обидувам да ви го спасам мајчиниот јазик на Википедија". Е да уште ова, би го запрашал номинаторт. Дали до сега некој член добил администраторски статус за толку краток период активност на википедија (за четири месеци), и тоа мислам глобално не само на нашата вики? Нели и ова кажува нешто;) Но сепак ваквите членови, со толку големи придонеси прават да овој проект се земе посериозно, продолжи така Зоране ја имаш нашата поддршка. EfkoMKD 07:54, 26 јули 2008 (UTC)
- Во минатото на Википедија, имало случаи на добивање администраторски статус многу брзо, но тоа е само во почетоците. Откако се наредиле работите, критериумите пораснале, но нашиот Brainmachine ги достигна за ова кратко време! --iNkubusse A? 13:33, 26 јули 2008 (UTC)
- „...би го запрашал кој е неговиот мајчин јазик..?“ Доколку прашуваш за мојот мајчин јазик, тоа е македонскиот. Тоа го имам истакнато на мојата корисничка страница во воведниот текст и подолу со вавилон-корисничка кутија. Во конкретниот разговор кога ја употребив таа реченица, го цитирав iNkubusse. Тој исто така мислеше на јазикот на овој проект, а тоа е македонскиот. Brainmachinewtf? 14:17, 26 јули 2008 (UTC)
- Во минатото на Википедија, имало случаи на добивање администраторски статус многу брзо, но тоа е само во почетоците. Откако се наредиле работите, критериумите пораснале, но нашиот Brainmachine ги достигна за ова кратко време! --iNkubusse A? 13:33, 26 јули 2008 (UTC)
- За! Затоа што е еден од најспособните и најангажираните уредувачи на Википедија. Без досега конфликтни ситуации и уредувачки војни. Р.Ѕ. Можеби ќе влезеш во гинисовата книга на рекорди како корисник кој за најкратко време станал администратор :-D Рашо|Let's Talk08:24, 26 јули 2008 (UTC)
- За! Секогаш се грижи за Википедија и неуморно пишува нови статии, ги уредува статиите и се грижи за нелиценцираните слики, на мене ми има помогнато многу и никогаш не ме одбил на прашањата кои што сум ги поставил, туку убаво ќе ми одговори, а некогаш и ми помага во статиите кои што пишувам. Ова го кажувам од лично искуство. Тој се однесува со мене како што погоре наведив, додека со другите не знам како но убеден сум дека постапува исто --Stefan40-3e3eWTF here!! 09:43, 26 јули 2008 (UTC)
- Не ни треба да има гласање тој заслужува и повеќе. Супер што бројот на администратори се зголемува и супер што овој корисник има преголемо знаење!!!!!! Напред Брејнмашин само така да продолжиш. Иако не сум долго на википедија само еден мал поглед на едно нешто што тој изработил веднаш сфаќаш дека тој заслужува да биде администратор!!!--Макс(разговор) 15:05, 26 јули 2008 (UTC)
- Со среќа нека ти биде работата LBakraceski 15:34, 26 јули 2008 (UTC)
- --Виктор Јованоски 21:33, 26 јули 2008 (UTC) Што да се каже за Brainmachine, а истото да не биде повторување на номинацијата на INkubusse? По сѐ ми изгледа дека нема многу: не дека има малку да се зборува за нашиов иден администратор, туку затоа што INkubusse се распишал погоре (и тука замислете си дека има заграда и две точки, зашто и да сакате не ви ги пишувам - си имам доста проблеми со антивирусот, интернетот се движи побавно од сериозно повреден полжав, а сега и INkubusse не оставил многу простор за да се пофали Brainmachine (да не спомнувам дека и јас имав намера да го номинирам)... и пак заграда и две точки - во понатамошниот дел од текстот, кон ова чувство ќе се осврнуваме со невидливиот знак - (празно место за оние што не можат да го видат)). Но доста е шегување . Значи, Brainmachine научи толку многу за Википедија за толку краток период што доста често правеше да се чувствувам како не-многу-паметен селанец од Среден Век со склоност да си ја почешува главата секој пат кога ќе види некој негов понов придонес ; згора на сето тоа, барем секој втор од нив е нешто што на повеќето им е здодевно да го работат - преведување на напатствија, лоцирање на нелиценцирани слики, упатување на нови уредувачи во мистериозните и непристапни предели на Вики-универзумот (А, INkubusse, кога ти вака? Мислам, знам дека и ти го кажа ова, ама не на ваков начин - вака зборуваат само луѓе што веќе десетина пати имаат притиснато Прегледај и изгубиле надеж дека вечерва ќе ја зачуваат страницава... ) и така натаму, и така натаму (да, и и така натаму беше итн. се до петтото прегледај ). Потоа - а ова е, без сомнение, најважно (не друго, јас сум првиот што го потенцира ) - токму Brainmachine е иницијатор на Википедија:ВикиПроект Одржување - нешто што сите администратори знаевме дека мора под итно да се спроведе (уште одамна), но не се ни обидовме да го отпочнеме. И да не забораваме, омилен режисер му е Квентин Тарантино, а омилен филм Евтини приказни. И ако претходната реченица не е совршено резиме на апликацијата на секој млад човек што сака да стане режисер - јас не знам што е (А што тоа сакате да кажете, господа? Ова е апликација за администратор на Википедија, а не за режисер? Па вие не знаете ништо - зарем не ги гледате движечките слики? Не, мамо, не сакам да одам во лудница! )! А да Википедија:ВикиПроект Филм - и тоа било негово! Заклучок - на Википедија ѝ треба Brainmachine. Јас сум изрично против тоа да стане режисер.
- --Игор 19:47, 27 јули 2008 (UTC) Да продолжиш со вредната работа. :)
- --MacedonianBoy 19:48, 27 јули 2008 (UTC)
- --Милош 12:03, 28 јули 2008 (UTC) Забелешка: овде треба да стои само гласањето, дискусијата треба да биде во посебен дел.
- --Justmakingonearticle 16:32, 28 јули 2008 (UTC)
- ----Астрион 19:33, 28 јули 2008 (UTC) Што повеќе, тоа подобро за македонската википедија. Brainmachine, ти посакувам пријатна работа како админ
- --Кирил Симеоновски 23:04, 28 јули 2008 (UTC) Многу ме радуваат твојата желба за соработка и придонесите на македонски јазик. Целосно те подржувам.
- --виолетова 10:40, 29 јули 2008 (UTC)
- --Arwena 13:08, 29 јули 2008 (UTC)
- --Buli 21:31, 30 јули 2008 (UTC)
- --Gorjan 06:59, 1 август 2008 (UTC) Очигледно посветен...
- Boyan 00:09, 4 август 2008 (UTC) Не го познавам многу овој корисник, но ми изгледа на доста вредно момче.
- --brest 07:11, 4 август 2008 (UTC) да, да, вредно момче е.
Против
уредиВоздржани
уреди- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.