Википедија

слободна семрежна енциклопедија што секој може да ја уредува
(Пренасочено од Wikipedia)

Википедија (англиски: Wikipedia) — семрежна енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија на преку различни јазици спонзорирани од страна на непрофитната Фондацијата Викимедија. Информациите поврзани со традиционални енциклопедиски теми стојат напоредно со теми од алманаси, газети и актуелни настани. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден.

Икона на Википедија Википедија
Лого на Википедија
URL https://www.wikipedia.org/wiki
Комерцијална?Не
Тип на место семрежен енциклопедиски проект
РегистрацијаОпционална
Достапни јазици:Мулти-лингвална (171 активно издание)
Сопственик Фондацијата Викимедија
Создавач Џими Велс и Лери Сангер
Лари Сангер, поранешен главен уредник на „Нупедија“, беше првиот што ја предложи Википедија и воспостави многу нејзини основни правила

Името е кованица од хавајскиот збор „вики“ (wiki), што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработен програм и зборот „енциклопедија“.

Некои изданија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Врски до содржина создадена под проект на Фондацијата
Викимедија