Гора (област)
Гора — историско-географска област која се наоѓа помеѓу областите Љума и Полог. Од планините Коритник на север, на југ од мостот Торбешки. Во крајниот југозападен дел на Косово[б 1] има околу 18 села и 1 гратче распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина) и североисточниот дел на Албанија 10 села. Областа е планинска, со густи зимзелени шуми (гори) и низ него протекува реката Бел Дрим, а во делот под Косово се наоѓа изворот на реката Црн Камен (притока на Радика).
Гора | |
---|---|
историско-географска област | |
Населени места во Гора | |
Земји | Албанија Косово Македонија (население во Горни Полог) |
Површина | |
• Проценка | 500 км2 (200 ми2) |
Население | |
• проц. од (2011) | 40 000 |
• Густина | 80/км2 (200/ми2) |
Географија
уредиПланинска ообласт што се наоѓа помеѓу планините Шара, Кораб и Коритник, во горниот тек на реката Љума, лева притока на Бел Дрим. Површината на областа изнесува 433 км2. Од нив во Косово (Призренска Гора) се 385,6 км2. Најголем простор е покриен со пасишта — 303 км2, што овозможило да се развие сточарството, и тоа претежно овчарство. Делот на Гора во Албанија се нарекува Кукушка Гора според недалечниот град Кукуш (Кукс).
Население
уредиГоранците се посебен народ. Сепак, многумина од нив се самосознаваат како Македонци од исламска вероисповед. Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25 000 жители во најголемо мнозинство (околу 82 %, според тврдењата на Здружението на Македонците од Гора во Албанија) Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци (Горани) кои говорат македонски јазик. Други тврдат дека зборуваат српски јазик, а трети дека зборуваат бугарски.
Поради тешко пристапниот предел населението на Гора (особено во Косово) постојано се намалува, па така од некогашните 25.000 жители на косовскиот дел на Гора денес живеат околу 15 000 жители. Горанци од Гора често се селат во Македонија, а 10 000 од нив имаат и македонско државјанство.
Потеклото на населението е словенско. Во поголем дел е староседелско. Подоцна имало и мали доселувања на Власи.
Села во Гора
уредиПризренска Гора (Косово)
уредиНаселено место | Службено име | Општина | Население (2011)[1] | |
---|---|---|---|---|
Српски | Албанизирано | |||
Бачка | Бачка / Баћка | Baçkë / Baçka | Драгаш / Шара | 52 |
Брод | Брод | Brod | Драгаш / Шара | 1.554 |
Враниште | Враниште | Vranishtë | Драгаш / Шара | 352 |
Глобочица | Глобочица | Glloboçicë / Glloboqicë | Драгаш / Шара | 960 |
Горна Рапча | Горња Рапча | Rapçë (неоф. Rapçë e Epërme) | Драгаш / Шара | 853 (со Д. Рапча) |
Горни (Мал) Крстец | Горњи (Мали) Крстац | Kërstec (неоф. Kërsteç i Epërm) | Драгаш / Шара | 420 (со Г. Крстец) |
Диканце | Диканце | Dikancë | Драгаш / Шара | 124 |
Долна Рапча | Доња Рапча | Rapçë (неоф. Rapçë e Ulët) | Драгаш / Шара | 853 (со Г. Рапча) |
Долни (Голем) Крстец | Доњи (Велики) Крстац | Kërstec (неоф. Kërsteç i Ulët) | Драгаш / Шара | 420 (со Д. Крстец) |
Драгаш | Драгаш | Dragash / Sharr | Драгаш / Шара | 1.098 |
Зли Поток | Зли Поток | Zlipotok | Драгаш / Шара | 650 |
Крушево | Крушево | Krushevë | Драгаш / Шара | 857 |
Кукаљане | Кукуљане | Kukjan | Драгаш / Шара | 235 |
Лештане | Лештане | Leshtan | Драгаш / Шара | 783 |
Љубовишта | Љубовиште | Lubovishtë | Драгаш / Шара | 773 |
Млике | Млике | Mlikë | Драгаш / Шара | 92 |
Орчуша | Орчуша | Orqushë | Драгаш / Шара | 60 |
Радеша | Радеша | Radeshë | Драгаш / Шара | 1.224 |
Рестелица | Растелица | Restelicë | Драгаш / Шара | 4.698 |
- Напомена: Горна и Долна Рапча и Горни и Долни Крстец административно се сметаат за целини — села Рапча и Крстец. Затоа, населението е дадено заедно, бидејќи статистичката служба ги смета горното и долното село за маала. Оттука, други називи се „Големо“ и „Мало“.
Кукушка Гора (Албанија)
уредиНаселено место | Албанизирано | Општина | Население |
---|---|---|---|
Борје | Borje | Кукуш | |
Запод | Zapod | Кукуш | |
Кошаришта | Kosharisht | Кукуш | |
Ново Село | Novosej | Кукуш | |
Оргоста | Orgjost | Кукуш | |
Орешек | Oreshkë | Кукуш | |
Очикле | Orçikël | Кукуш | |
Пакишта | Pakisht | Кукуш | |
Црнолево | Cërnalevë | Кукуш | |
Шиштавец | Shishtavec | Кукуш |
Села во Македонија
уредиНаселено место | Албанизирано | Општина | Население (2002) [2] |
---|---|---|---|
Јеловјане | Jellovjani | Боговиње | 599 |
Урвич | Urviçi | Боговиње | 756 |
Тековни состојби
уредиМакедонците што живеат во делот на Гора што ѝ припаѓа на Албанија се организирани во свое македонско здружение кое е во најтесна соработка со здруженијата на Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо и преку заеднички активности се залагаат за поголеми малцински права на Македонците во Албанија. Во 2005 г. Здружението на Македонците од пределот Гора во Албанија достави барање до албанската влада за воведување на македонскиот јазик во училиштата во селата во Гора. На Косово исто така постои вакво здружение — Македонската горанска заедница на Косово.
Состојбата со Македонците од делот на Гора што припаѓа на Косово е многу тешка бидејќи тие се под секојдневен голем притисок на претставниците на Србите и Бошњаците (а во последно време се почесто и од Албанците) од Косово, да се изјаснат како Срби или Бошњаци. Врз Горанците сè поголеми притисоци вршат и Бугарите кои имаат за цел да прикажат дека во Косово живеат и Бугари со исламска веросиповед, а во соработка со косовските политичари. Ова наишло на остра осуда од Сојуз на Македонците со исламска религија.[3]
Актуелна е состојбата на изградбата на граничниот премин Стрезимир - Рестелица помеѓу Македонија и Косово, за кои Горанците сметаат дека ќе им се овозможи поголеми врски и контакти и полесен пристап до нивната матична земја.
Историја
уредиЕтимологијата на зборот „Гора“ е старословенска со значење „планина, планински“.
Првпат Гора се спомнува во 1348 г. во указ на царот Стефан Душан како жупа во Српското Царство, кога седум села ги подарил на манастирот „Свети Архангели’ кај Призрен[4]. Второто спомнување на Гора е од 1452/5 г. во турски дефтери како „нахија Гора“ во Османлиското Царство. По Балканските војни влегува во Србија, а по Првата светска војна, со создавањето на Кралството СХС во 1925 г. е поделена од страна на меѓународната комисија за разграничување. На тој начин 10 села со своите атари се припојуваат кон Албанија.
Исламот првпат се појавува во Гора во 1690 г. Првото село што целосно се исламизирало, било селото Крстец, а последно било селото Брод. Последната христијанка, Баба Божана, умрела во селото Брод во 1856 г.
Поврзано
уреди- Горанци
- Горански дијалект (нашински)
Белешки
уреди- ↑ Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
Наводи
уреди- ↑ Етнички состав на Косово согласно пописот од 2011 г.
- ↑ Попис во Македонија 2002 — Книга X
- ↑ „Обид за асимилација на Македонците на Косово: Според Беџет Пацоли, Горанците на Косово биле Бугари – реагираа од СМИР“. Инфомакс. 20 август 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-01.
- ↑ Хрисовуља Цара Стефана Душана, Гласник душа српске свовености, Београд, 1862, стр. 282
Надворешни врски
уреди„Гора (област)“ на Ризницата ? |
- „Гора“. Македонска нација. 28 декември 2011.
- „Нашинци од Гора во Албанија, говорат македонски а најголем празник е Ѓурѓовден“. 16 декември 2009.
- „Македонците од Гора со безусловни барања до косовските власти и ОН“. Идивиди. 13 март 2007.
- „Горанците се чисти Македонци: Остра осуда од Светскиот Македонски конгрес на изјавата на косовскиот МНР Беџет Пацоли“. Инфомакс. 20 април 2018.[мртва врска]