Рестелица

село во Гора, Косово

Рестелица (албански: Restelicë, српски: Рестелица) — село во општина Драгаш во областа Гора, југозападно Косово. Атарот на селото зафаќа површина од 84,83 км2. Ова е најголемо горанско село во шарпланинскиот дел на Гора. Сите топоними во селото ги зачувале првобитните словенски називи. Во Рестелица постоела српска православна црква посветена на Света Варвара, која, според преданието била манастир. Сочувани се и стари православни гробишта. Ова е најјужната населба во Косово, како и најголемо село по површина и жители.

Рестелица
Restelicë
село
Поглед на Рестелица
Поглед на Рестелица
Координати: 41°56′N 20°40′E / 41.933° СГШ; 20.667° ИГД / 41.933; 20.667Координати: 41°56′N 20°40′E / 41.933° СГШ; 20.667° ИГД / 41.933; 20.667
Држава Косово
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Демографија уреди

Селото има горанско етничко мнозинство.

Број на населението на пописите:

  • 1948: 1393
  • 1953: 1471
  • 1961: 1772
  • 1971: 2576
  • 1981: 3476
  • 1991: 4274
  • 2011: 4698

Попис 2011 уреди

Попис 2011
Македонци (Горанци)
  
2.739 58,30%
Бошњаци
  
1.564 33,29%
Албанци
  
172 3,66%
Турци
  
55 1,17%
останати
  
102 2,17%
неизјаснети
  
56 1,91%
непознато
  
10 0,21%
вкупно: 4698