Бел Дрим (албански: Drini i Bardhë) — една од двете реки со чие спојување настанува реката Дрим во Албанија. Другата река е Црн Дрим. Тие две се спојуваат во североисточна Албанија кај градот Кукес.

Бел Дрим
White Drin
Drini i Bardhë
White Drini 05 01.jpg
ЗемјаКосово, Албанија
Слив
Главен изворЖљеб планина, север на Пеќ, Косово
Устие42°5′30″N 20°23′41″E / 42.09167° СГШ; 20.39472° ИГД / 42.09167; 20.39472Координати: 42°5′30″N 20°23′41″E / 42.09167° СГШ; 20.39472° ИГД / 42.09167; 20.39472
Сливна повр.4.964 км²
Физички особености
Должина175 км
Проток
  • Просечен:
    56 м³/с

Должината на Бел Дрим изнесува 175 км (156 во Србија и 19 во Албанија). Реката извира во подношјето на планината Жљеб во Метохија, северно од градот Пеќ. Реката тече низ регијата Метохија. Во почетниот дел на течението, реката е понорница која се појавува како силен извор и водопад со висина од 25 метри во близина на Радовац. Изворот на рeката во подножјето на Русолија се наоѓа на надморска височина од 580м, а котата на местото на спојување со Црн Дрим е на 240,8 метри.

Реката, на исток тече покрај Пеќката бања, а потоа потоа ги прима водите од притоката Источка река и течението оди кон југ. Останатиот дел од течението поминува низ доста плодна и госто населена централна Метохија, позната и како Подримље. Необично е тоа што на самата река не се наоѓаат големи градови. Најголемот место по течението на Бел Дрим е областа Клина.

Бел Дрим има многу значајни притоки: Пеќка Бистрица, Дечанска Бистрица и Ереник од десна стрна, а Источка река, Клима, Мируша, Римник, Топлуга и Призренска Бистрица од левата страна.

Сливот на Бел Дрим завзема површина од 4,360 км2 во Србија. Албанскиот дел од сливот има површина од 604км2. Во овој дел на реката не постајан населени места, а реката тука ја прима левата притока Плавска река која одаѓа од областа Гора. Течението на самата река не е пловен.

Вештачко хидроакумулационо езеро Фјерза го има поплавено брегот по целокупното течение на реката низ Албанија, како и дел од течението во Србија.

ЛитератураУреди