Коритник

планина во Албанија и Косово

Коритник (албански: Maja e Koritnikut, српски: Коритник) — варовничка планина во североисточна Албанија и југозападно Косово[a], помеѓу градовите Кукуш и Призрен.[4] Целата јужна и југоисточна страна на масивот навлегува во областа Гора, населена со Македонци-муслимани (Горанци).[5] Висока е 2 393 м, мошне шумовита и целосно опкружена со ракавци на реката Бел Дрим. Одделена е од соседната планина Галица со Ванавската Клисура, долга 3,5 км, широка 30, а длабока околу 300 м.[6]

Коритник
Maja e Koritnikut / Коритник
Koritnik from Pashtrik.jpg
Поглед на Коритник со Паштрик во позадината
Највисока точка
Надм. вис.2 396 м [1]
Координати42°05′00″ N; 20°34′00″ E / 42.0833° N; 20.5666° E / 42.0833; 20.5666Координати: 42°05′00″ N; 20°34′00″ E / 42.0833° N; 20.5666° E / 42.0833; 20.5666
Географија
Коритник is located in Косово
Коритник
Коритник
Местоположба на Коритник
МестоКукушка област, Албанија
Општина Драгаш, Косово[a]
Матичен венецКораб[2]
Геологија
Старост на карпататријас[3]
Видваровник
Горанското село Љубовишта со Коритник во позадината.
Шуми на Коритник

Природа и екологијаУреди

Масивот спаѓа во балканскиот екорегион на широколисните и мешани шуми од умерените предели. Планинските падини претежно се прекриени со иглолисни шуми. На високите пасишта живеат дивокози.

Коритник е опфатен во Природниот парк „Кораб-Коритник“, кој пак е дел од таканаречениот Европски зелен појас. Планината е прогласена за важно растително подрачје од меѓународно значење.[7]

Истоимени природни местаУреди

Коритник се нарекува и карстно-варовничкото поле на кое лежи селото Лазарополе во областа Мала Река, западна Македонија.[8]

ПоврзаноУреди

БелешкиУреди

a.   ^ Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.

НаводиУреди

  1. „TREGUES SIPAS QARQEVE INDICATORS BY PREFECTURES“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-24. Посетено на 2011-01-12.
  2. „STRATEGJIA TERRITORIALE E NJËSISË VENDORE KUKËS“ (PDF). kukesi.gov.al. стр. 14.
  3. Kosovo: Sehenswürdigkeiten und Schönheiten (изд. Dr. Dragan Ćukić.). Uros Maksimovic. стр. 11–12.
  4. Quaternary Glaciations - Extent and Chronology: Part I: Europe. Elsevier. стр. 383. ISBN 9780080540146.
  5. „Гора“. Македонска нација. 28 декември 2011.
  6. „Kanioni i Vanave“. akzm.gov.al (албански).
  7. МСЗП, Светски фонд за природа, Plantlife. „Важни растителни подрачја во јужното и источното Средоземје“ (PDF). portals.iucn.org. стр. 75.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
  8. Коритник (9643575) — GeoNames

Надворешни врскиУреди

Предлошка:Планини во Албанија